29.04.2012, 19:04 Ибрахимовиќ му порача на Берлускони: Или јас или Гвардиола!
Златан Ибрахимовиќ му порача на газдата на Милан, Силвио Берлускони, дека ако го доведе Пеп Гвардиола, кој заминува од Барселона, тогаш тој ќе го напушти Милано.
„Или тој или јас“, наводно кажал Ибра. Судирот меѓу шведскиот напаѓач и Гвардиола изби додека Ибра беше член на Барселона. Најдобриот стрелец на Милан сезонава не сака да чуе пак да соработува со Пеп.
Од друга страна според информациите на „Ла Газета дело Спорт“, Берлускони планира да разговара со Гвардиола, кого исклучително го цени.
Гаврдиола како фудбалер има играно во Италија меѓу 2001 и 2003 година. Го носеше дресот на Бреша и на Рома. Додека играше во Серија А беше обвинет за користење допинг и беше казнет четири месеци поради наводното користење нандролон. Дури 2007 година успеа да ја докаже својата невиност во тој случај. |