Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
29.04.2012, 11:11
Иванов: Летонија и Литванија ��е пријателски земји од кои можеме многу да научиме



Претседателот на Република Македонија по дводневната официјална посета на оваа балтичка држава

Летонија е пријателска земја која се труди да помогне во македонските европски и евроатлантски интеграции, бидејќи има чувство и разбирање за потребите на нашиот регион, оцени претседателот Ѓорге Иванов по неговата дводневна официјална посета на оваа балтичка држава.

- Летонија и Литванија се земји од кои можеме многу да научиме од аспект на нивното искуство во евро и евроатлантските интеграции, но и од тоа како се снаоѓаат во овој период во услови на глобална економска криза. Онаа очекувана поддршка од нив веќе ни е укажана и имаме можност да престојуваме во пријателски земји кои сакаат да помогнат, бидејки тие ги чуствуваат потребите во нивниот регион, но и можноста да помогнат на нашиот регион. Станува збор за регионална соработка, размена на искуство на регионален план, но и поддршка и помош во сите наши заложби да бидеме дел од европското семејство, изјави Иванов на крајот од посетата на Латвија.

Тој додаде дека Македонија по подолг период отсуство, го обновува политичкиот дијалог на највиско ниво кој го отпочна претседателот Борис Трајковски пред 12 години.

Поддршката за македонското членство во НАТО вчера експлицитно ја потврди летонскиот претседател Берзинс, потенцирајки дека меѓудругото, Летонија го става на располагање и сето искуство во доменот на евроинтегрцаиите.

Од Кабинетот на претседателот Иванов истакнуваат дека по подолг период стагнација во билатералните односи меѓу Летонија и Македонија, посетата на македонскиот претседател отвора можност за почеток на интензивна владина соработка и збогатување на трговската размена меѓу двете држави.

Иванов оствари средба и со претседателот на Собранието на Република Летонија, Солвита Аболтина, на која беа потврдени заложбите на двете страни за натамошно проширување на меѓупарламентарната соработка.

Летонија и Македонија заеднички се заложија и за проширување на соработката во сферите на образованието, културата и здравството. По вчерашното потпишување на договорот за меѓународен патен сообраќај, денеска македонската страна иницираше потпишување на меѓудржавен договор и во сферата на културата. За ова подетално делегациите разговараа на работниот ручек кој го приреди летонскиот министер за култура, Жанета Јаунземе-Гренде.

Од Летонија, македонскиот претседател Иванов заминува во работна посета на Литванија, со што ќе ја заокружи неговата балтичка турнеја, чија главна цел е засилено лобирање во пресрет на претстојниот НАТО самит во Чикаго.


Статијата е прочитана 293 пати.

Испрати коментар



Во БиХ осудена првата жена за извршени воени злосторства
Балтичките земји бараат паралелни преговори за членство на Македонија во ЕУ
Екстрадиран грчкиот државјанин Макис Псомијадис
СДСМ ќе поднесе интерпелација за министерот Ставрески
Собранието избра тројца судии на Уставен суд
Попоски за МСНБЦ - Македонија заслужува членство во НАТО
Арнаудовска - Македонија има капацитети да ги користи ИПА фондовите
Либиски екс министер пронајден мртов во Виена
Новиот Предлог закон за лустрација пред пратениците
Руската црква сака да посредува меѓу МПЦ и СПЦ
Министерот Попоски во официјална посета на Израел
Илбер Хиса нов амбасадор на Косово во Македонија
Арифи на Конференција „100 години во служба на нацијата“
Метлата на ВМРО-ДПМНЕ заигра и во Штип
Новиот бран влезе во „Бихаќска“
Бомбаш самоубиец уби деветмина во Дамаск
Летонија ќе го поддржи членството на Македонија во НАТО во Чикаго
Кинезите пак ќе чујат за „Чебрен“ и „Галиште“ и „Вардарска Долина“
Судењето за педофилија далеку од очите на јавноста
Ограбувачот на бабата во затвор, од 100.000 евра нема трага
Потпишан договор за поширока соработка меѓу Македонија и НАТО
Македонија и Летонија потпишаа Спогодба за меѓународен превоз во патниот сообраќај
Двајца кумановци чувале 60 мигранти во двор
Просечната бруто плата во февруари 30.257 денари
Албански државјанин ограбувал цркви во Тетово
Жена се самоубила со пиштол во гостива��ско Топлица
Средби на министерот Попоски во Конгресот на САД
Град Скопје апелира да се зачува комуналниот ред за 1. мај
Њујорк тајмс - Грција презафатена со кризата за да се посвети на Македонија
Груевски - Полска силен поддржувач на Македонија за НАТО и ЕУ
Претседателот Иванов во посета на Летонија и Литванија
Чинговски од ЕЛЕМ се сели во амбасада
„Новиот бран“ ги повикува сите кои се за подобро општество
Македонски хакер уловен во мрежата на ФБИ
Телеком со намалени цени на услугите од 1 мај
Рудари повредени по одрон на карпа
Затвореник почина во Шутка
Владата ќе ја укине забраната за откуп на старо железо
Џафери-Хоџај - Македонија е најдобар партнер на Косово во регионот
Храбри гостиварци спасија давеник во Вардар
Цела Норвешка запеја против Брејвик
Сорос - Економската криза може да ја урне Европската унија
Оптички кабли преку Арктичкиот Океан ова лето
Уапсен кумановец баран со потерница за „убиство во обид“
Попоски - САД да се заложат Македонија да добие покана за НАТО
Машина за правење тули згмечи ресенчанец
Шулц - Распадот на ЕУ станува реално сценарио
Бесими ќе се сретне со министерот за одбрана на Германија Томас де Мезиер
Свечена академија по повод 20 години монетарно осамостојување
Конектикат стана 17-та американска држава без смртна казна
Индија изведе во орбитата нов сателит за набуљудување
Јавно уништување на одземени производи и пиратерија
Вицепремиерката Арифи во тридневна посета на САД



skopjanec, 29.04.2012 17:23:53
Poradi nasa glupost vo vodenje na politika, dojde vreme nie da ucime od niv. Da ne zaboravime do 1990 godina za niv bevme Evropa.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 22°C

Ведро

Вторник
Сончево
Макс: 29°C, Мин: 11°C

Среда
Ведро
Макс: 29°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |