Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
26.04.2012, 12:05
Машина за правење тули згмечи ресенчанец



Ресенчанецот Едис Бекировски (26) е најновата жртва при несреќен случај на работно место

Ресен - Ресенчанецот Едис Бекировски (26) е најновата жртва при несреќен случај на работно место. Младиот ресенчанец бил згмечен од машина за правење тули, нарекувана оџак, во фабрика за производство на градежни материјали. Несреќата се случила вчера околу 19 часот кога Бекировски бил втора смена на работа во фабриката „Нова Слога 2007“, лоцирана на патот од Ресен кон село Болно.

Работејќи како раководител на втора смена, младиот ресенчанец настрадал откако се вклучил алармот од соседната машина на која работел, а на која само кусо време пред тоа работел на нејзина поправка. Така отишол крај машината со намера да го поправа сензорот, но во еден момент се вклучил друг сензор, кој ја активирал машината и таа со долниот дел го притиснала работникот во пределот на главата и горниот дел од телото.

„Откако го забележале тоа, неколкумина колеги му пришле на помош, успеале да го извлечат од под тешката машина и со тешки повреди да го пренесат во Здравствениот дом во Ресен. Но откако лекарите констатирале дека состојбата е крајно критична, решиле да го транспортираат до Клиничката болница во Битола, но на пат за Битола им подлегнал на повредите“, вели Ѓоко Стрезовски, портпарол на СВР Битола.

Полицијата заедно со истражен судија излезе на местото на несреќата, а увид изврши и трудовата инспекција. Бекировски бил во редовен работен однос. По барање на истражен судија, обезбедени се снимки од безбедносните камери лоцирани во работните простории, како и целокупната техничка документација со цела да се провери исправноста на машинскиот парк. (А.Б.)



Статијата е прочитана 1307 пати.

Испрати коментар



Метлата на ВМРО-ДПМНЕ заигра и во Штип
Новиот бран влезе во „Бихаќска“
Бомбаш самоубиец уби деветмина во Дамаск
Летонија ќе го поддржи членството на Македонија во НАТО во Чикаго
Кинезите пак ќе чујат за „Чебрен“ и „Галиште“ и „Вардарска Долина“
Судењето за педофилија далеку од очите на јавноста
Ограбувачот на бабата во затвор, од 100.000 евра нема трага
Потпишан договор за поширока соработка меѓу Македонија и НАТО
Македонија и Летонија потпишаа Спогодба за меѓународен превоз во патниот сообраќај
Двајца кумановци чувале 60 мигранти во двор
Просечната бруто плата во февруари 30.257 денари
Албански државјанин ограбувал цркви во Тетово
Жена се самоубила со пиштол во гостиварско Топлица
Средби на министерот Попоски во Конгресот на САД
Град Скопје апелира да се зачува комуналниот ред за 1. мај
Њујорк тајмс - Грција презафатена со кризата за да се посвети на Македонија
Груевски - Полска силен поддржувач на Македонија за НАТО и ЕУ
��ретседателот Иванов во посета на Летонија и Литванија
Чинговски од ЕЛЕМ се сели во амбасада
„Новиот бран“ ги повикува сите кои се за подобро општество
Македонски хакер уловен во мрежата на ФБИ
Телеком со намалени цени на услугите од 1 мај
Рудари повредени по одрон на карпа
Затвореник почина во Шутка
Владата ќе ја укине забраната за откуп на старо железо
Џафери-Хоџај - Македонија е најдобар партнер на Косово во регионот
Храбри гостиварци спасија давеник во Вардар
Цела Норвешка запеја против Брејвик
Сорос - Економската криза може да ја урне Европската унија
Оптички кабли преку Арктичкиот Океан ова лето
Уапсен кумановец баран со потерница за „убиство во обид“
Попоски - САД да се заложат Македонија да добие покана за НАТО
Шулц - Распадот на ЕУ станува реално сценарио
Бесими ќе се сретне со министерот за одбрана на Германија Томас де Мезиер
Свечена академија по повод 20 години монетарно осамостојување
Конектикат стана 17-та американска држава без смртна казна
Индија изведе во орбитата нов сателит за набуљудување
Јавно уништување на одземени производи и пиратерија
Вицепремиерката Арифи во тридневна посета на САД



T!, 26.04.2012 14:04:22
Свеста ни е на такво ниво што претпоставувам дека и денес социјалните мрежи ќе се преплавени со расправии за и околу фудбалски натпревари таму некаде во светот, а за вакви трагедии нема да има ништо. Ќе поминат незабележано. Заштитата на работното место, соодветната регулатива, санкциите, мерките за избегнување на вакви трагедии и сл. се прашања кои ќе останат на маргините. Евентуални протести и барање на одговорност за многуте животи кои згаснаа извршувајќи работни обврски останува пуста желба на поединците на кои иста тежина им има секој невино изгубен живот. Не беше само Нешковски жртва на системот. Ги има многу повеќе. А системот сам од себе тромо се корегира. Вакви заспани какви што сме нема да го придвижиме. Останува да губиме енергија за европскиот фудбал и евровизискиот клип на Калиопи, а околу нас се умира.
jimmy1, 26.04.2012 19:11:57
Vakvo nesto da se sluci vo Avstralija fabrikata ke bide zatvorena na neodredeno vreme se dodeka inspektorite ne ustanovat deka e bezbedno da se raboti. Vo Avstralija inspektorite kontroliraat nenajaveno za bezbednosta na rabotnicite, a ne kako ovi kaj nas jurat nasekade kako pajtondzii samo za pusti pari i vardat na bilo koj nacin da gi kaznat i da im se osvetat na site onie sto nemaat isto mislenje so ovaa vlada. Samo motka za ke gi opameti nasite inspektori, drugo care nema.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 15°C

Ведро

Петок
Ведро
Макс: 26°C, Мин: 8°C

Сабота
Ведро
Макс: 26°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |