26.04.2012, 12:01 Шулц: Распадот на ЕУ станува реално сценарио
Европската унија е во сериозна криза. На можноста од распад на политичката заедница вчера предупреди и претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц
- Прв пат во историјата на Европската унија, распадот на ЕУ станува реално сценарио, ги предупреди вчера Шулц членовите на Еворпската комисија, пишува ЕУобсервер.
Претседателот на ЕП го загрижува фактот дека лидерите на државите „се повеќе одлуки си присвојуваат за себе“ и со тоа покажуваат непочитување кон заедничкото одлучување во Унијата.
Се чини дека ситуацијата е навистина сериозна кога и европските политичари, кои заедничкиот политички проект го гледаат како иднина на континетот, почнаа да зборуваат за негов можен распад, што сигурно ќе им „даде крила“ на националистичките сили кои заговаараат „помалку Европа“, а повеќе национална политика.
|