26.04.2012, 15:05 Мурињо: Ќе останам во Реал ако челниците ме сакаат уште
„Останувам! Ако постои волја за договор и ако процениме дека клубот има уште простор за раст, секако дека ќе останам“, кажа Мурињо по разочарувачкиот пораз од Баерн.
Слично како што беше и со тренерот на Барселона, Пеп Гвардиола, ден порано, така и Жозе Мурињо по испаѓањето од Лигата на шампионите го отвори прашањето за останувањето во клубот. Португалецот вети дека ќе остане доколку челниците на Реал уште го сакаат тоа.
„Останувам! Ако постои волја за договор и ако процениме дека клубот има уште простор за раст, секако дека ќе останам“, кажа Мурињо по разочарувачкиот пораз од Баерн.
Тој во понеделникот им порача на фудбалерите на Челзи дека се гледаат во финалето. И откако неговите бивши играчи одлично ја извршија својата работа, на ред дојде неговиот Реал. Но, тој потфрли.
„Ако го освоиме шпанското првенство, а многу сме блиску до тоа, на крајот сезоната за мене ќе биде успешна“, потенцира Мурињо, кој имаше пофални зборови за своите фудбалери.
„Ме боли затоа што тие направија се' за да успеат. Сега треба да отидат во своите домови и да ги загрлат своите сопруги и деца“, кажа Мурињо за крај и додаде помалку саркстично: „Во финалето од Лигата на шампионите ќе игра петтиот тим од Премиерлигата и вториот од Бундеслигата. Тие се наоѓаат на 25 односно на осум бода зад водечките тимови“, додаде Мурињо.
Хејнкес: Фантастична вечер, бевме сензационални
Баерн на 19 мај ќе биде првиот тим по 1984 година и Рома кој финалето на Лигата на шампионите ќе го игра на својот стадион.
Тренерот на Баерн, Јуп Хејнкес, не можеше да ја сокрие среќата поради влегувањето на својот тим во финалето. Но, исто така не можеше да го сокрие ниту разочарувањето што ќе нема тројца многу битни играчи - Бадштубер, Алаба и Гуштаво.
„Не е добро што загубивме тројца битни фудбалери за финалето. Бадштубер имаше одлична сезона, Алаба е навистина добар по левата страна, додека во последните неколку недели Гуштаво го покажува својот квалитет. Среќни сме што како тим сме во финалето, но истовремено и разочарани“, кажа Хејнкес по победата на Реал.
“Ова беше невозможна вечер. Имавме проблеми во првите 15 минути, но потоа господаревме со теренот и бевме подобри. Бевме сензационални“, заклучи тренерот кој со Реал Мадрид беше европски шампион 1998 година.
Бившиот играч на „кралскиот клуб“ со голот на некој начин му се одмазди на Реал што го „избрка“ од тимот.
„Фантастичен меч. Горд сум на моите соиграчи. Кога ќе влезете во мечот со 0:2, потребна е голема ментална сила за да се поправите. По првите 15 минути сметам дека бевме подобри и заслужено сме во финалето“, кажа Холанѓанецот.
Стрелецот на победничкиот погодок во пенал серијата Бастијан Швајнштајгер призна за психичкото и физичкото празнење, но и за необјаснивата среќа со остварениот резултат.
„Мртви сме, но пресреќни што на свој терен ќе се обидеме да ја освоиме титулата. При последниот пенал само размислував „чисто“ да ја удрам топката“, открива германскиот репрезентативец.
|