24.04.2012, 12:23 Галил Гилбоа нов шампион во БИБЛ лигата
Израелците синоќа во Ган Нер, на домашен терен во финалето го победија бугарскиот тим Левски со 89:84 по продолжение
Израелскиот тим Галил Гилбоа е новиот шампион во БИБЛ лигата откако синоќа во Ган Нер, на домашен терен во финалето го победи бугарскиот тим Левски со 89:84 по продолжение. Во регуларниот дел резултатот беше 75:75.
Тандемот Џозеф Џонс и Ромеро Тревис со по 22 поена беа прдводници на екипата да триумфот во ова натпреварување. Во редовите на Левски најмногу поени постигна Маркус Хол – 20.
Признанието МВП на завршниот турнир му припадна на играчот на Галил Гилбоа, Џонс.
Македонија и оваа сезона имаше два претставника, Фени Индустри не успеа да ја одбрани титулата бидејќи беше поразен во полуфиналето од Левски, додека Торус Спортски Центар Борис Трајковски настапуваше во групната фаза.
|