24.04.2012, 16:32 Со автобиографија ги вратил долговите
Актерот Жарко Лаушевиќ со автобиографската книга „Година помина, ден никако“ заработил 200 000 евра
Жарко Лаушевиќ, кој поради двојно убиство беше осуден на 13 години затвор, минатата година ја издаде автобиографската книга „Година помина, ден никако“, со која заработи 200 000 евра и успеа да ги врати направените долгови. Книгата доживеа неколку реизданија, а актерот моментално работи на продолжение на автобиографијата, каде што планира да го опише својот живот во Америка. Инаку, тој од 1999 со сопругата и ќеркичката живее во САД. |