Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
23.04.2012, 15:27
Доделени наградите на „Мајкрософт“ филмскиот фест��вал



Директорот на „Мајкрософт Македонија“, Илијанчо Гаговски рече дека се работи за кратки едукативни филмови за тоа како се корисити информатичката технологија во образовниот систем

Компанијата за информатички технологии „Мајкрософт Македонија“ денеска додели шест награди за најдобрите наставници, автори на најдобрите образовни филмови од 450 што учествуваа. Трудовите пријавени на првиот Мајкрософт филмски фестивал биле изработени од над 400 наставници во изминатите три месеци. Најдобрите видеа се наградени во шест категории.

Во категоријата „Најдобра приказна“ победи филмот на Лариса Жулина-Митовска (Примена и користење на Microsoft), во категоријата „Најиновативен пристап во усвојување нови знаења“ победник е Сатки Исмаили (Математика), во категоријата „Најиновативен приказ на наставен час со примена на ИКТ“ победи видеото на Славица Карбева (Матична плоча), во категоријата „Најдобра проектна активност“ за најдобро е избрано видеото на Николина Ѓорчевска (Како да заработам пари?), во категоријата „Најдобра техничка изведба“ награден е наставникот Зорица Петреска (English Club) и во категоријата „Како Мајкрософт ’Партнери во учењето’ го смени мојот живот?“ за најдобар е избран филмот на Добри Јовевски (Професионален развој).

Директорот на Мајкрософт Илијанчо Гаговски рече дека се работи за кратки едукативни филмови за тоа како се корисити информатичката технологија во образовниот систем.

- Бројот од 450 е импресивен и укажува дека наставниците го прифаќаат како нивна активност, а не како нешто што им е наметнато, и денес ги наградуваме најуспешните. Тоа ќе ги стимулира другите наставници во иднина на сличен начин да функционираат, истакна Гаговски.

На доделувањето на наградите присуствуваше и министерот за образование и наука Панче Кралев, кој истакна дека образованието и технологијата стануваат нераздвоен спој.

- Соработката со Мајкрософт во изминатиот период ни помогна да ја подигнеме свеста кај голем број наставници, но и желбата да се пристапи креативно и со голема инспирација кон создавање едукативен видеоматеријал кој ќе им користи на сите во наставата во Македонија, сега и во иднина, истакна министерот Кралев.

Настанот е заокружување и на циклус-обуките кои беа спроведени преку глобалната програма на Мајкрософт „Партнери во учењето“ во изминатите неколку месеци.













Статијата е прочитана 328 пати.

Испрати коментар



„Драми“ од Дејан Дуковски промовирана во МНТ
Каде исчезна првата дама на Русија?
„Орбитал“ и „Паблик Енеми“ на „Скопје гори“
Со автобиографија ги вратил долговите
Збогум за свршеникот, па во прегратка на Шон Пен
Линдзи Лохан ќе ја глуми Елизабет Тејлор
Шест дена во фокусот на книгата
Ексцентричниот Авнер ќе го отвори „Пaнфиз“
Светска премиера на „90 минути“ на Иво Трајков во Берлин
Младата Ева Богоевска на фестивалот „Сан Ремо Јуниор“
„Или-или“ со нови наслови и попусти на Саемот на книгата
Предавања на Виталиј Комар во ��узејот на современа уметност
Заврши снимањето на серијата „Др. Хаус“
„Животот на Молиер“ - претстава за паметење
Жарко Лаушевиќ заработил 200.000 евра од својата книга

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 21°C

Делумно облачно

Среда
Ведро
Макс: 23°C, Мин: 7°C

Четврток
Сончево
Макс: 24°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |