23.04.2012, 11:56 „Или-или“ со нови наслови и попусти на Саемот на кн��гата
Издавачката куќа „Или-или“ на Саемот на книга ќе им ги понуди на читателите своите изданија со попуст од 30 до 70 отсто и ќе промовира неколку нови наслови, дел од едициите „Проаза“ и „Есеи Или-или"
Новите наслови во популарната прозна едиција „Проаза“ се: „Куќа за средби“ на францускиот писател Ален-Роб Грије, „Крајот на еден семеен роман" на наградуваниот унгарски литерат Петер Надаш, „Берлински тополи“ на контроверзната Норвежанка Ане Б. Рагде, како и комичниот „Бања" на белгискиот автор Жан-Филип Тусен. Новиот наслов во есеистичката едиција е „Болестите на модерното време" на наградуваниот канадски автор Чарлс Тејлор.
- Главен акцент на претстојниот Саем на книга за „Или-или“ ќе биде засебниот штанд на кој ќе се продава романот „Единаесет жени" на Снежана Младеновска-Анѓелков, добитник на наградата „Роман на годината" на Утрински весник за 2011 година, информира „Или-или“. Читателите ќе имаат можност за средба со авторката на штандот на издавачот, в петок од 16 до 20 часот.
|