Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
23.04.2012, 16:55

Ексцентричниот Авнер ќе го отвори „Пaнфиз“

На отворањето, денеска, кое е закажано за 20 часот во МНТ, публиката ќе има можност да го види ексцентричниот Авнер, кој беше гостин и на прес-конференцијата и на која покажа мал дел од своите магични настапи

Од 24 до 28 април во Македонскиот народен театар и во Универзалната сала ќе се одржи 5. издание на Интернационалниот фестивал на пантомима и физички театар „Панфиз“, на кое ќе се претстават гости од САД, од Германија, од Романија и од Аргентина.

На отворањето, денеска, кое е закажано за 20 часот во МНТ, публиката ќе има можност да го види ексцентричниот Авнер, кој беше гостин и на прес-конференцијата и на која покажа мал дел од своите магични настапи. Авнер Ајзенберг ќе настапи со „Исклучоци од гравитација“, што е своевидно one man шоу, односно, како што рече уметничкиот директор, Трајче Георгиев, 70-минутен спектакл низ неговата карактеристична физичка комедија.

На ��ва јубилејно издание, веќе доста познато под неговата кратенка „Панфиз“, во само пет дена организаторите успеваат да донесат повеќе карактеристични артисти од различни страни на светот. Така, покрај Авнер, веќе втората вечер ќе гостува и славното дуо од Германија, Бодекер и Неандер, со претставата „Дежа-ву?“, исто така во МНТ. Ова дуо е познато и по својата соработка со славниот Марсел Марсо, на кого му биле и последните асистенти. Според Георгиев, тоа е класична пантомима, односно врв на школата на Марсо. Третиот ден доаѓа групата Мимотеатар од Аргентина, составена од три момчиња, кои исто така ја негуваат класичната пантомима, а ќе настапат во Универзалната сала со претставата „Мимови во акција“.

В петок, како куриозитет на годинешниот фестивал, ќе биде промовирано видеото направено за време на семинарот за „Трговија со луѓе“, кое е дел од проектот за социјалната интеграција на пантомимата. Овој проект на УНЕСКО и на „Страница театар“ носи наслов „Социјлната ангажираност на пантомимата како театарска уметност“. На затворањето на ПАНФИЗ, кое ќе се одржи во Универзалната сала, ќе гостува Студиото М од Романија со претставата „Собирачот“. Интересно е дека ова студио доаѓа од градот „Св. Ѓорѓи“ во Романија, а претставата е спој на повеќе жанрови, танцов театар, пантомима, кореодрама. На затворањето ќе биде доделена и единствената награда за најдобра претстава, за која ќе одлучува тричлено жири предводено од Ѕвезда Ангеловска, чии членови се Дарко Велиќ и Дарко Спасов. Оваа награда ја спонзорира Росен Пацов од Бугарија.

На прес-конференцијата, заедно со Авнер, гостуваше и еден од членовите на групата од Аргентина, Федерико Бариле. Авнер Ајзенберг ќе одржи и работилница, и тоа во среда во 10 часот во малата сала на Универзална сала. Оваа година како соработник на „Панфиз“се јавува и независната театарска куќа 007, а фестивалот е поддржан од Министерство за култура со 350.000 денари. (С.У.)


Статијата е прочитана 305 пати.

Испрати коментар



„Окупирај го Драмски“ завршува со Кумановски театар
Изложба инспирирана од небото на Маријана Шијаковска
Шест дена во фокусот на книгата
Одбележан Светскиот ден на книгата
Македонски автори на СФФ
Струга си го бара седиштето на СВП

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 17°C

Ведро

Четврток
Сончево
Макс: 24°C, Мин: 9°C

Петок
Сончево
Макс: 27°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |