26.04.2012, 10:27 Работнички - Ренова во финалето на Купот на Македонија
Вчера попладне во Тетово, Ренова одигра 0:0 со Вардар, резултат доволен за прволигашот од Џепчиште да се најде во финалет
Во последниот натпревар од фудбалскиот Куп на Македонија за оваа сезона на 2. мај во Штип ќе играат екипите на Ренова и на Работнички. Ова е епилогот по одигрувањето на вчерашните реванши од полуфиналната фаза.
Вчера попладне во Тетово, Ренова одигра 0:0 со Вардар, резултат доволен за прволигашот од Џепчиште да го елиминира скопски Вардар и да се пласира во своето прво финале од Националниот куп. Резултатот на првиот дуел одигран во Скопје беше 1:1, па голот постигнат на гостински терен беше пресуден Ренова да се пласира во финалето.
На вториот реванш натпревар од полуфиналето на Купот, Работнички во Турново го победи Хоризонт со 3:1. На првиот дуел во Скопје беше 1:1. Работнички со вкупни 4:2 е севкупен победник на овој двомеч и се избори да се бори за третиот куп трофеј по победите во 2008 и 2009 година.
|