26.04.2012, 12:54 Оптички кабли преку Арктичкиот Океан ова лето
Париз - Преку Арктичкиот Океан ова лето ќе бидат спроведени три кабли со оптички влакна. Тоа ќе биде првпат оптички влакна да поминат преку Арктичкиот Океан. На тој начин патувањето на информациите од Лондон до Токио ќе биде намалено за 30 отсто. Тоа, меѓу другото, би требало да овозможи зголемување на брзината на берзанските трансакции каде се смета секоја милисекунда. Секој од трите проекти ќе чини меѓу 600 милиони и 1,5 милијарда долари.
|