26.04.2012, 09:59 Свечена академија по повод 20 години монетарно осамостојување
Народната банка на Република Македонија денеска со свечена академија ќе ја одбележи 20-годишнината од монетарната самостојност.
На академијата ќе се обратат претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски и гувернерот на НБРМ Димитар Богов, а ќе биде прикажан и краток документарен филм „Денар“ направен по овој повод.
По повод јубилејот утре ќе се одржи конференција на тема „Предизвиците на земјите од ЈИЕ“ во постојните економски и финансиски турбуленции во еврозоната, на која ќе присуствуваат гувернери од регионот. Интенција е таа да стане традиционална.
Дваесетгодишнината од монетарното осамостојување беше повод за промоција на поштенска марка издадена од „Македонска пошта“.
Монетраното осамостојување и воведувањето на денарот, гувернерот го оценува како еден од најваѓните чекори на земјат ана патот на нејзината независнос�� и државност. - Со создавањето на националната валута „денар“ и преку употребата на симболите на македонската историја, култура и природа врз нашите нови пари, НБРМ даде голем придонес кон целосното заокружување на самостојноста на Република Македонија, смета Богов кој посочува дека денарот е 15 години, од 20 е стабилен и оти тоа овозможува одржување ниска инфлација на ниво од еврозоната.
- Навистина постигнавме доста. Стартувавме со стапка на инфлација од околу 2000 отсто, за во последните 15 години да имаме инфлација околу 2 отсто што е ниво на просекот на ЕУ. Навистина сметам дека е достојно за гордеење, истакнува гувернерот.
Тој потенцира дека преку таргетирање стабилен девизиен курс таргетираме инфлација на ниско ниво, а на тој начин не губиме од конкурентноста, туку ја одржуваме конкуреноста на македонската економија
|