27.04.2012, 13:41 Двајца кумановци чувале 60 мигранти во двор
Шеесет мигранти од Авганистан, Пакистан и Кина, меѓу кои четири деца и една бремена жена се пронајдени во двор на двајца кумановци во селото Лојане. Двајцата криумчари на мигранти, А.И и неговиот роднина Б.И., се приведени и против нив ќе биде поднесена кривична пријава.
Според полициските сознанија, тие мигрантите ги чувале од користољубие и секојдневно им наплатувале по 5 евра од човек. Со тоа второпријавениот дневно заработувал од околу 300 евра, односно месечно околу 9.000 евра.
Криминалот бил откриен кога полицијата се обидела да го уапси А.И.(32) од селото Лојане за кој имало распишано потерница за издржување казна затвор во траење од шест години за кривично дело „криумчарење мигранти“, а порано бил пријавуван за „грабнување“, „фалсификување пари“, „измамување купувачи“, „криумчарење“ и „тешка кражба“. Полицијата трагала и по А.Р. (61) од селото Лојане, кој се барал за издржување казна затвор во траењ�� од две години.
При претрес на една од куќите, во дворот на кумановецот биле пронајдени мигрантите од Авганистан, Пакистан и од Кина. (Д.Т.)
|