28.04.2012, 09:43 Лилјана Петровиќ во тимот на Калиопи
Искуството и контактите на Лилјана беа пресудни за да биде дел од менаџерската лоби група на нашата претставничка
Добриот пласман на Калиопи на претстојниот Евровизиски фестивал во Баку - Азербејџан, го ветува присуството на менаџерката на Тоше Проески, Лилјана Петровиќ. Таа со нашата претставничка беше во Амстердам, на евровизискиот концерт на дел од учесниците а денес (сабота) тие патуваат за Лондон на забавата што ја приредува евровизискиот портал esc.today.
Официјалната менаџерка на Калиопи, Лорета Андовска во писмено соопштување објасни како се решиле во лоби групата да ја стават и менаџерката на Тоше.
-"Со цел за што подобро претставување на Калиопи и Македонија на Евровизиски фестивал, тимот се реши да ги исконтактира луѓето кои се најискусни и најкомпетентни во однос на Евровизија, со цел да се помогне во реализацијата, лобирањето и презентирањето на овогодинешниот претставник и песна за Евросонг во Азербејџан."
Да потсетиме- Тоше во 2004 на Евровизискиот фестивал што се случуваше во Истанбул, Турција, успеа да се пласира во финалната вечер, а евидентни се успесите на Балканот и пошироко што ги постигна со Лилјана.
Можеби ова значи и менувањето на одлуката на Лилјана која се збогува со менаџерството и во близина на Ниш почна со одгледување на лаванда, или пак е само пријателска помош, бидејки со Калиопи долги низ години одлично комуницираат.
Инаку, во Азербејџан Калиопи ќе биде придружувана и од Саша Обрадовиќ, нејзиниот менаџер од Србија, а ќе и помагаат и Расеј Дејвис и Рој Бенет од Англија кои имаат долгогодишно евровизиско ПР искуство. (В.Т.)
|