29.04.2012, 18:45 „Марина Абрамович: ’Авторот е присутен’“ избран од публиката за најдобар филм на Фестивалот
Филмот „Carwash cabaret“ на Јордан Дуков победи на натпреварот на едноминутни филмови
За најдобар филм според гласовите на публиката на годинешното издание на 15. Скопски филмски фестивал е прогласен американскиот документарен филм „Марина Абрамович: ’Авторот е присутен’“ на режисерот Метју Ејкерс.
Филмот „Carwash cabaret“ на Јордан Дуков победи на натпреварот на едноминутни филмови.
Документарецот за светски познатата уметница Марина Абрамович, незаборавна по своите перформанси и визуелни експерименти во кои го користи и сопственото тело, годинава доби награда од публика и на Берлинскиот филмски фестивал. |