27.04.2012, 16:36 Бомбаш самоубиец уби деветмина во Дамаск
Нападот беше извршен во центарот на Дамаск
БЕЈРУТ – Бомбаш-самоубиец уби девет лица, а 20 повреди откако вчера се крена во воздух пред централната џамија во Дамаск, објави сириската државна телевизија, што е уште еден удар врз мировниот план за кој ОН наведуваат дека не е почитуван од страна на претседателот Башар ал-Асад. Експлозијата се случи меѓу верници во џамијата Заин ал-Абиден, која е под засилено обезбедување за петочните молитви и честопати е отскочна штица за демонстрациите против Асад, изјави активист од опозицијата. Државниот медиум објави дека меѓу повредените има припадници на безбедносните служби.
„Се обидовме да одиме на молитва во областа, но тие не сопреа на контролниот пункт. Безбедносните сили не не' пуштија бидејќи таму вообичаено има протести“, изјави еден антиасад активист за Ројтерс во соседен ��ибан. „Потоа ја слушнавме експлозијата. Беше многу силна и видовме амбулантни возила како се движат во таа насока“, додаде активистот. „Видов неколку парчиња од тело и месо на патот. Предниот дел од ресторанот е уништен. Луѓе врескаа“.
Жител кој зборуваше со безбедносните сили на местото на злосторството рече дека еден маж им пришол на војниците во близина на џамијата и кога бил повикан од нив, го активирал појасот со експлозив. Досега никој не ја презеде одговорноста. Централниот дел на Дамаск, во голема мера е поштеден од насилство, иако експлозијата се случи помалку од една недела по експлозијата на автомобил-бомба во близина на иранскиот културен центар во метрополата. (Ројтерс) |