27.04.2012, 12:01 Град Скопје апелира да се зачува комуналниот ред за 1. мај
Во пресрет на првомајските празници Градот Скопје апелира до сите граѓани кои ќе излезат традицонално да прославуваат во некое излетничко место, или во градските паркови да се придржуваат на комуналниот ред и воспоставените забрани за палење оган и приготвување скара на отворени површини.
Градските комунални редари за празникот ќе бидат на посочените локации и ќе реагираат на секое прекршување на правилата, односно, доколку ѓубрето не се фрла во садовите за собирање смет или доколку се пали оган на отворен простор. (С.Р.)
|