29.04.2012, 19:05 Лазаров на фајнал фор во Лигата на шампионите
Кирил Лазаров и Атлетико Мадрид ќе играат на завршниот турнир од ракометната Лига на шампионите, што ќе се одржи на 26 и 27 мај во Келн. Најдобриот македонски ракометар придонесе со четири гола за победата на Атлетико во Мадрид од 31:24 против Цимос, со која е анулиран поразот од 26:23 во Копер.
На фајнал форот се пласира и Копенхаген, кој ја симна од престолот Барселона, иако загуби во „Блауграна“ со 36:33, бидејќи од првиот меч донесе предност од 29:23.
Синоќа требаше да се одиграат преостанатите два реванша: Фиксе Берлин - Реале Адемар Леон (23:34 во првиот меч) и Кил - Кроација осигурање Загреб (31:31). |