29.04.2012, 19:07 Вардар про му се истури на Пелистер
Во тоа што некогаш беше големо дерби во македонскиот ракометен шампионат, вицешампионот Вардар про го декласира Пелистер со 46:36, и до некаде ги залечи раните од дебаклот во првиот
од двата директни дуела за титулата со Металург два дена претходно. Првакот Металург славеше во Свети Николе со 33:28 против Овче Поле, Тинекс Пролет дома загуби од Куманово со 23:18, а Борец високо го порази Кавадарци со 41:27.
По шестото коло од плејофот во Суперлигата води Металург со 15 бода, колку што има и Вардар про, но „металурзите“ се со натпревар помалку - против Пелистер. (Р.Д.) |