24.04.2012, 09:56 Линдзи Лохан ќе ја глуми Елизабет Тејлор
Холивудската актерка Линдзи Лохан ќе ја глуми филмската дива Елизабет Тејлор во филмот за нејзината бурна романса со актерот Ричард Бартон
Телевизијата „Лајфтајм“ потврди по повеќе месеци шпекулации дека улогата на американската филмска икона ќе ја глуми проблематичната Лохан. Снимањето на филмот „LlizиDick“ (Лиз и Дик) ќе започне на почетокот на јуни.
Засега не се знае кој ќе го глуми Бартон, ниту пак кога филмот ќе биде прикажан.
Елизабет Тејлор и Ричард Бартон се запознале во 1963 година на снимањето на „Клеопатра“. Се вљубиле пред очите на целиот свет, ги напуштиле своите сопружници и се венчале. Двојката подоцна се разведе и потоа повторно се венча.
Линдзи Лохан со своето проблематично однесување во последните години, кое вклучува конзумирање наркотици и алкохол, дивите журки и крадењето, ја загрози својата кариера и новиот филм би требало да претставува чекор во нејзиното спасување.
|