24.04.2012, 23:33 Бункерот на Челзи ја симна Барса од европскиот трон
Составот на Роберто Ди Матео успеа да ги преживее нападите на Барса и да извади реми од 2:2, кое во комбинација со победата од 1:0 на домашен терен ги носи во големото финале во Минхен
Походот на Барселона кон одбрана на европскиот трон заврши во полуфиналето од Лигата на шампионите, во кое Челзи застана на патот на Каталонците.
Составот на Роберто Ди Матео успеа да ги преживее нападите на Барса и да извади реми од 2:2, кое во комбинација со победата од 1:0 на домашен терен ги носи во големото финале во Минхен.
Каталонците имаа фудбалер повеќе и доминираа во текот на целиот натпревар, но Челси успеа да извади 2:2 на Камп Ноу и избори пласман во големото финале.
Барса почна агресивно, домаќините создаваа шанси, но сепак во почетните 30 минути не успеаа да го сиовладаат Чех. Резултатот беше отворен во 33-та минута, кога Куенка го проигра Бускетс за водство на Барса од 1:0 и голема радост на домашните навивачи.
Само минута подоцна Челзи остана со играч помалку. Капитенот Тери направи идиотски потег намерно удирајќи го Санчез, судијата го забележа тоа и го испрати дефанзивецот надвор од игра. Две минути подоцна нов гол за Барса, Меси го проигра Иниеста кој прецизно стрелаше во мрежата на Чех за резултат кој ја водеше Барса во финалето.
При резултат од 2:0 и играч повеќе, ретко кој веруваше дека Челзи може да се врати во игра со играч помалку против големата Барселона. Играчите на Ди Матео беа пред невозможна мисија.
Клучниот момент се случи во 46-та минута, кога Лампард прекрасно го проигра Рамирес, а овој со феноменален удар го совлада Валдес за 2:1 и резултат кој го носеше Челзи во финалето.
Во вториот дел продолжи проклетството на Меси и Барса. Во 49-та минута Дрогба го фаулираше Фабрегас во шеснаесетникот, судијата покажа на белата точка, а Меси ја погоди само пречката од 11 метри. До крајот на мечот Аргентинецот ја погоди уште еднаш рамката од голот, па слободно може да се каже дека Барса немаше среќа во овој полуфинален дуел.
Во 92-та минута кога сите беа на половината на Челзи, Фернандо Торес сам изби пред Валдез, го мина шпанскиот голман и едноставно ја „закопа“ Барселона.
|