24.04.2012, 10:44 Филаделфија обезбеди место во доигрувањето
Солзи, но и овации за Нетси, кои по 35 години заминуваат од Њу Џерси и од следната сезона ќе играат во Бруклин
Кошаркарите на Филаделфија со победата на гости кај Њу Џерси од 105:87 изборија пласман во пелј-офот како осмопласирана екипа од Источната конференција.
Солзи, но и овации за Нетси, кои по 35 години заминуваат од Њу Џерси и од следната сезона ќе играат во Бруклин. Тадеус Јанг ги постигна сите свои 15 поени во вториот дел, а Андре Игудала постигна поен помалку и забележа девет асистенции. Маршон Брукс со 18 коша беше прв стрелец на Нетси.
Екипата на Сан Антонио го обезбеди првото место во Западната конференција, а Нетси го одиграа последниот меч во Њу Џерси. Спарс лесно го поразија Портланд со 124:89, предводени од 18 поени на Тим Данкан. Во поразениот тим најефикасен беше Весли Метјус со 24 коша.
Резултати: Њу Џерси - Вашингтон 87:105, Вашингтон – Шарлот 101:73, Индијана – Детроит 103:97, Милвоки – Торонто 92:86, Мемфис – Кливленд 109:101 и Сан Антонио – Портланд 124:89.
Последното празно место во плеј-офот во Западната конференција може да биде пополнето вечерва по одигрувањето на дуелот Јута – Феникс, кои во меѓусебна пресметка можат да решат која екипа ќе го освои тоа место. На другите натпревари ќе играат: Атланта – Лос Анџелес Клиперс, Бостон – Мајами, Оклахома Сити – Сакраменто и Голден Стејт – Њу Орлеанс.
ИСТОК: Чикаго 48-16 (победи-порази), Мајами 46-18, Индијана 42-23, Бостон 37-27, Атланта 38-26, Орландо 36-28, Њујорк 34-30, Филаделфија 34-30 итн.
ЗАПАД: Сан Антонио 48-16, Оклахома Сити 46-18, Лос Анџелес Лејкерс 41-24, Лос Анџелес Клиперс 40-24, Мемфис 40-25, Денвер 36-28, Далас 36-28, Јута 34-30, Феникс 33-31 итн.
|