24.04.2012, 14:40 Збогум за свршеникот, па во прегратка на Шон Пен
Два месеца пред венчавката, 32- годишната манекенка Петра Немцова, на почетокот на април ја раскинала свршувачката со британскиот актер Џејми Белман (26) и утеха побарала кај бившото момче, оскаровецот Шон Пен
Петра и Шон имале кратка романса пред четири години, за време на еден многуте прекини на актерот со бившата сопруга Робин Рајт. Но се чини дека меѓусебната привлечност не исчезнала, па новото љубовно разочарување ја вратило убавата Чехинка во прегратката на 19 години постариот актер.
Двојката неодамна е виден на романтична вечера во ресторан во Њујорк.
- Петра не ги симна рацете од Шон. Цело време го милуваше по ногата и рамото. Шон изгледаше воздржан. Од ресторанот заминаа заедно – раскажал сведокот.
Непоправливиот заводник Пен, по разводот беше во кратка врска со Скарлет Јохансон. Немцова пред осум години доживеала љубовна трагедија, кога нејзиниот свршеник Сајмон Атли загина во цунами на Тајланд, додека парот бил таму на одмор.
|