26.04.2012, 17:18 Ќе предизвика ли раскол чистката во ВМРО-ДПМНЕ?
И по шест години практикување на власта, во владејачката партија се чуваат под „тепих��� нeзадоволствата и разногласијата
Александра М. Митевска
Раководството на ВМРО-ДПМНЕ не очекува внатрепартиски раскол, по кадровските смени што почнаа да ги реализира една година пред новите избори. Упатените во случувањата во партијата велат дека тоа, сепак, не значи дека, по шест години практикување на власта, нема незадоволство и разногласија во редовите на ВМРО-ДПМНЕ - и меѓу членството, главно, на локално ниво и меѓу функционери кои покриваат одредени области и се упатени на соработка. Само што конфронтациите и манфестациите на незадоволство се одвиваат далеку од очите и ушите на јавноста.
ВМРО-ДПМНЕ, деновиве, се обидува да ја претстави „генералката“ во своите редови како акција која има за цел мобилизација на ново членство и освежување на структурите на власта. Илија Димовски, директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, вчера, упати апел до сите граѓани да се приклучат кон „новиот бран“.
„Се охрабруваат сите оние кои сметаат дека се квалитетни и може да помогнат да се приклучат кон партијата, а и да аплицираат по институциите за раководни места на огласите. Изборот ќе биде според материјалните закони од соодветната институција и во изборот ќе учествуваат стручни тимови“, рече Димовски.
Функционер на ВМРО-ДПМНЕ наведува најмалку три причини поради кои се цени дека не постои опасност од поголеми искричења во партијата поради промените што се преземаат: Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и натаму е неприкосновен меѓу своите сопартијци, а долгото опстојување на врвот на власта му ја олеснува таквата позиција. Поради тоа, ретки се оние кои би се осмелиле да манифестираат фракционерство на отворена сцена. Исто така, можноста за приклонување на поголем дел од членството кон друга политичка опција е сведена на минимум, по ударите што, по последните парламентарни избори, им беа нанесени на помалите партии на десницата, преку неутрализирање на ОМ и Достоинство, ослабување на ВМРО-НП и спојување на Демократската десница со ВМРО-ДПМНЕ. Третата, но, можеби, најсуштинска причина е таа што смените во ВМРО-ДПМНЕ, најчесто, не значат целосно дистанцирање на одреден функционер, туку само негово преместување на друга позиција и отворање простор за сместување на друг партиски кадар.
Во изминатите шест години, ретките кадровски смени зафатија и личности од најтесното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, но тие рокади не се изведуваа толку гласно, како што е сега случај со „новиот бран“. Поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, професорот Трајко Славески, е еден од ретките што јавно се спротистави на неговото разрешување од министер за финансии, додека други министри и носители на функции, главно, тивко заминуваа меѓу два изборни циклуси или поднесуваа оставки, за потоа да бидат назначени на други места. Љубиша Георгиевски, на пример, беше претседател на Собранието, па стана амбасадор во Белград. Антонио Милошоски не беше избран за министер за надворешни работи во третиот кабинет на Груевски, но му припадна да ја раководи собраниската Комисија за надворешна политика...
Од директорската функција, сега, заминува Влатко Чинговски, кој во сите овие години владење на ВМРО-ДПМНЕ беше на чело на ЕЛЕМ. Иако од поодамна се зборуваше дека Чинговски се спрема да биде прв амбасадор на Македонија во Јапонија, бидејќи таму докторирал и живеел осум години, за јавноста беше изненадување што токму тој се најде прв на удар. Чинговски долго време беше член на Извршниот комитет, највиското тело на ВМРО-ДПМНЕ, а на изборите во 2006 беше позициониран високо на кандидатската листа за пратеници, но се повлече за да биде директор на ЕЛЕМ. Неочекувано дојде и оставката на Наташа Волканова од директорската позиција во Агенцијата за железнички сообраќај, бидејќи таа важеше за долгогодишна блиска соработничка на Груевски. Заминувањето од челното место во Антимонополската управа на Чедомир Краљевски, кој своевремено се врати од ВМРО-НП во ВМРО-ДПМНЕ, пак, се поврзува со потребата да се најдат позиции за новите личности кои му свртеа грб на поранешниот премиер Георгиевски. |
|
Статијата е прочитана 3876 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Mene, 27.04.2012 06:52:34 | Nema nisto cudno tuka, ako ne se pokazes na rabotnoto mesto da te smenat, pa foteljite ne se nasledstvo od roditelite, pa da netreba da se napustat. Revizija treba da se pravi na sekoi 4 god, od sto e potignato i kolku e postignato. Sekoj kandidat treba da izleze so programa i jasna vizija sto misli da napravi vo svojot mandat, kratkorocna 1 god, i dolgorocna 4 god.ako se primenuva toj princip nema zosto da se lutat ljugjeto. Privrzanosta kon partijata e privrzanost kon ideite i nacelata na taa partija, a ne kon materjalnite dobra koi treba da gi zgrabis i da si ostvaris dobivka.Ako napravi navistina vakva reforma ke gi vidi na lice mesto pravite partijci za ideali ili pravite gladnici za fotelji. Odlicno prodolzete taka, mozebi i nekoj od nas ke aplicira za ideja i pozicija. |
| ФЕЛИКС, 27.04.2012 07:57:47 | По се изгледа овој партиски ,,бран,, на власта стана топ тема како на испошашардисаната опозиција така и на независно партиските медиуми.Па така од пусти стравотии да не стане ова заразно па некој кај Бихаќевците побара кадровско прочистување тие од петни жили докажуваат колку ова е непродуктивно а сопственото некадровирање да го прикажат како партиска монолитност.Иако вакво ескивирање на внатрепартиска катарза им донесува еден куп порази.Додека партиско-независните медиуми во зависност релација со власт или опозиција опсервираат како што опсервираат.Едни со непримерни фалби други со непримерни критики.Се на се еден куп вербални гимнастики а всушност само власта добива.Едно преку какво-такво кадровирање а најважното е дефокусирањето.На фрлените удици се изпозакачија еден куп мустаќести риби капиталци. |
| jimmy1, 27.04.2012 08:14:16 | Ova nee nikava cistka, ova e promena na lopovite, ova e edna vrsta unapreduvanje, od direktori vo diplomatija i red drugo. Sto e cistka se znae, ne si sposoben sedi doma, a ne od magare na konj. |
| Miroslav K V, 27.04.2012 09:06:37 | Pusta zelba na komunjarive koi i vo dobrite potezi sakaat svoja korist
|
| Gjorgji, 27.04.2012 10:11:58 | Samo onie sto ljubomorat mozat da najdat zabeleska na potegot sto go povlece Gruevski. Ocigledno e deka vnesuva nova paradigma vo prakticiranjeto na vlasta. Toa se manirite koi go profiliraat kako moderen evropski politicar. Steta e sto SDSM ne moze da se reformira i da bide vistinski konkurent na politickata scena. No, ke pricekame. Nikoj ne e vecen, pa ni Branko. |
| atanasija, 27.04.2012 10:27:03 | E,sega,ako kadrite na VMRO-DPMNE po 4 (cetiri)godini rabota se izmoreni,istroseni,togas zosto -za da se stekne penzija treba da se raboti 40(cetirieset godini)Ili-toa se nekoi drugi lugje koi mozat dago izdrzat pritisokot na rabotenjeto?
G.gruevski prvo se nafrli na liderot na SDSM-bil istrosen rece i se jurna kon g.Crvenkovski.Verojatno Toj im e preckata sto ne mozat da ja pominat.A,somnevam deka nekogas g.Gruevski i negovite istomislenici slusnale za Platon,za Aristotel,za Homer koi delata sto gi sozdale bile vo zreli godini-Platon predlagal mudreci da ja vodat drzavata-a ne pocetnici vo politikata,a isto,na star godini ja istrazuval Atlantida-smetl eka e vo Sredozemno More nasproti pretpostavkite deka e na Karibite.
Dali ovie lugje imaat nekoja biblioteka,a sto ne e dneven vesnik sto gi fali,i dali -a prasanjata se mnogu... |
| Posmatrac, 27.04.2012 10:31:17 | Ciski trebaat skoro sekade, i golemi reorganizacii na rakovodenje na mesta od drzaven interes,Ako se stopanisuva i raboti domacinski ce nema kriza,Makedonija e potencijana zemja za investiranje ama bas vo site segmenti vo prasanje e samo primena na formulata za uspeh,Da receme uslovno ima volja za investicii vo vrvot na vladata no ako toa nee podrzano od stopansvenicite koi treba da ja prifatat i primenat, nema fajde od baranje na investitori. |
| todor, 27.04.2012 11:10:40 | Zarem ova ne e priznanie deka koga dojdoa na vlast smenija i sposobni lugje a na nivno mesto naznacuvaa i nesoodveten kadar.
Zarem ova ne znaci deka ne e se kako sto e prikazano na reklamite, deka realnosta e sosema druga vo Makedonija. Ovakva siromastija nemalo nikogas porano.
|
| VP, 27.04.2012 11:28:58 | Има и нешто друго во целата работа - селекцијата; кадровскиот развој и др на елитата на земјата - очигледно за тоа треба да има сериозен систем; во тоа треба да се инвестира долгорочно...
Инаку г-динот Груевски владее прекрасно механизмите за контрола.
Дали може да се зборува за еволуција на ВМРО во ДПМНЕ ... во секоj случаj про-српската ориентација на ДПМНЕ / ВМРО / е со иднина - изгледа оваа парадоксална амалгама е профитабилна за актуелната македонска елита.
Но и најубавите приказни имаат крај...
|
| РНД, 27.04.2012 11:31:17 | Интересен текст од една страна и многу поинтересни коментари од друга страна. Единствен заклучок е дека некогаш коментаторите или не го разбираат текстот, или поради свои причини главна тема секогаш им се “Бихаќевците“. Опседнати премногу со “Бихаќевците“ или пак влезени во “портокаловиот бубањ“??? |
| sah - mat, 27.04.2012 11:33:40 | Ova e samo ROKADA na kriminalcite, shminka i nishto drugo |
| pile, 27.04.2012 11:46:51 | Nema raskol vo DPMNE, kvazi patriotizmot e na zavidno nivo,osnoven kriterium za unapreduvanje e lojalnost sprema partijata so molcenje za zlodelata vo resorot koj sto go rakovodele ,ili kolku pati go poslusa plemenskiot vodac na familijata za da otstapis od Zakonot, a se meri vo edinicna merka ,,poglavica``.Namesto da se otvorat postapki za neuspesnoto rabotenje i zloupotreba na poedinci vo vladata se pravat obidi za marketing, vo uslovi koga Makedonskiot gragjanin grcevito se bori za opstojuvanje na sekoj plan, od ekonomski a so najnovoto grozomorno ubistvo na pettemina gragjani i na bezbednosen plan.Uste stoi otvoreno prasanjeto upateno do Ministerot za vnatresni raboti, za kolku vreme e prevzemena merka za zatvoranje na gradot Skopje i granicnite premini za, eventualno da ne se dozvoli begstvo na izvrsitelite.A kolku ,,poglavici``tezji spomenatiot Minister, toa nesmeam da prasam,mozjebi na Mars za Ambasador ke ja ispratat.OSTAVKI |
| do VP i pile, 27.04.2012 16:36:30 | Ovaa vlast ne ne tera da zboruvame srpski i ne saka Makedonija da bide del od Srbija.Kade gledas prosrpstvo?Dali zivees vo druga dimenzija?Ti li pile si patriot?Ne si.Ako za tebe se onie na vlast kvazipatrioti,koi se spored tebe vistinskite?Sigurno ne takvite kako tebe sto sakaat promena na imeto. |
| BitolaHamiltonCanada, 27.04.2012 17:48:08 | Neznam kolku uspesen beshe na bokserskiot ring,ama na politickiot e prilicno uspesen.Tehnikata ne mu e silna strana,megutoa udarite mu se silni.Levo,desno kroshe,aperkat a osobeno za direktnite udari e nezamenliv.Kaj shto ke udri treva ne rasti,kaj shto ke zastani dupka pravi,kaj shto ke pomini sonce zajduva.A portokalite shlukaat ili shlukaat,vikaat ili vikaat:Tri pati ura za Megalo Nikos,zhivot davaat Nikos ne davaat,i posle Nikos Nokoooos. Pamtime vakvi skandiranja.Ne beja mnogu odamna.Isto taka pamtime shto se sluchi so takvite. |
| Ајван Доктор®, 27.04.2012 18:02:30 | Ваква „формула на успех“може да ни донесе само владеачката партија!Стари,неспособни и истрошени кадри ќе ги поставува на повисоки функции,па дури и ќе ги испраќа да ја претставуваат Македонија како дипломати!Очигледно тоа е единствениот начин најпосле да им успее да си ги покажат своите квалитети!Можеби следната парола што ќе ја објави ВМРО е дека ќе треба да ги причекаме наредните сто години за да покажат некаков,каков-таков успех!Само некој со мозочна инсуфиенција може да се согласи да раководи со сектор,или фирма во која со години се таложеле неуспеси и криминал од нивните кадровици,кои сега се казнети со повисока функција заради својата неспособност и истрошеност!Самото сознание дека се вршела тивка евалуација на нивниот труд,способност и подобност,посочува на фактот дека многумина се кодошени кај нивниот пастиw за своето дејствување и дека постои внатрепартиска служба за „проверка на чистата мисла,способноста и на подобноста“! |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 15°C
Ведро
|
Понеделник
Сончево
Макс: 28°C, Мин: 9°C
|
Вторник
Сончево
Макс: 29°C, Мин: 12°C
|
|
|
|
|
|