Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
24.04.2012, 09:53
Попоски ќе побара од Бан Ки-мун да се почитува Хашката пресуда



Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски денеска во Њујорк ќе се сретне со генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун. На средбата се очекува да стане збор за пресудата на Меѓународниот суд во Хаг и нејзиното игнорирање, особено во контекст на интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ, како и за актуелностите во македонско-грчкиот дијалог за надминување на разликите околу името.

Попоски ќе побара од Бан Ки-мун да се заложи за почитување на одлуката на Судот кој работи под покровителството на ОН, а со која беше потврдено дека блокирањето на членството на Македонија во НАТО е нелегално.

- Одлуката од Меѓународниот суд на правдата е солидна основа која може да помогне да се решава проблемот меѓу Македонија и Грција. Обединетите Нации дефинитивно се рамката во која се дефинирани правилата за билатералните односи меѓу двете земји. Во услови кога Македонија сака да го оствари членството во НАТО и ЕУ, а Времената спогодба тоа го гарантира сметаме дека тоа се силни аргументи кои мора да бидат вреднувани, изјави Попоски пред заминувањето за САД.

Министерот за надворешни работи во Њујорк ќе се сретне и со поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер, а на реномираниот Универзитет Колумбија ќе има обраќање на тема „Евро-атлантската интеграција: кон безбедност и просперитет на Западниот Балкан“. Се очекува Попоски да има средба и со посредникот во македонско-грчките разговори за името Метју Нимиц.

По престојот во Њујорк, шефот на македонската дипломатија ќе отпатува за Вашингтон, каде што се предвидени повеќе средби во Конгресот на САД, како и со претставници на американската администрација и невладини институции од областа на надворешната политика.

Фокусот на разговорите ќе биде насочен кон презентирање на аргументите за што побрзо заслужено зачленување на Република Македонија во НАТО. Во реномираната Брукингс Институција во Вашингтон, министерот Попоски ќе говори на тема „Македонија на прагот на НАТО и Европската Унија“.



Статијата е прочитана 145 пати.

Испрати коментар



Бесими ќе се сретне со министерот за одбрана на Германија Томас де Мезиер
Свечена академија по повод 20 години монетарно осамостојување
Конектикат стана 17-та американска држава без смртна казна
Индија изведе во орбитата нов сателит за набуљудување
Јавно уништување на одземени производи и пиратерија
Вицепремиерката Арифи во тридневна посета на САД
Единствени за НАТО, поделени за иднината
Смените почнаа со четворица директори
Одбележување на Денот на планетата Земја
Воведувањето на денарот беше храбар потег
Избрани нови јавни обвинители
Нова поштенска марка во чест на 20 години монетарна самостојност
Велика Британија пак во рецесија
Ограбени уште три цркви во Тетовско
Холанѓаните ја отвораат сезоната во Охрид
Британска награда за амбасадорот на Македонија во Лондон, Марија Ефремова
Добила отказ откако и дала бубрег на шефицата
Ристовски - Пензиите и натаму во првата недела од месецот
Анан - Ситуацијата во Сирија е неприфатлива
Обнова на фасадите на пет објекти низ Македонија
СДСМ ја поддржува Декларацијата за членство во НАТО
Македонија 132. според светскиот индекс на донирање
Сончево време и температура до 28 степени
Берлускони бил жртва на уцени од Коза Ностра
Пјонгјанг - Имаме оружје со кое можеме да ги поразиме САД
Министерот Бесими во дводневна официјална посета на Берлин
Џулијани - Мит Ромни е најдобриот кандидат на републиканците
Бан Ки Mун запознат со пресудата од Хаг
Медведев ќе го наследи Путин во партијата
Владејачки пакт за членство во НАТО
Молк во МВР за истрагата за Смилковци
Пристоп негира дека е цел на истрага
СДСМ - Кратењата во Буџетот се нереални
ДУИ го поддржува новиот закон за лустрација
Богов - Македонија има релативно низок јавен долг
Одбележани 107 години од загинувањето на Христо Узунов
НДП - Да се побара стручна помош од ФБИ за расветлување на убиството
Попоски - Членството на Македонија во НАТО е во интерес и на Грција
Сириската армија гранатира цели во провинцијата Хомс
Конгресмени од грчкото лоби со критики кон Македонија
Законот за лустрација помина во прво читање
Филе - Да не се посочуваат виновници за злосторството кај Смиљковци
Брејвик планирал да избега од Утоја со украден авион
Саем на туризам и Денови на образование и кариера
Истрага против Месиќ поради купување луксузни станови
Пукотница за имот го потресе Козле
Груевски - Македонија е четврта во Европа по најмало задолжување
Уште една барокна катна гаража в�� Центар
Пратениците ќе се степаа поради лустрацијата
„Што и да одлучите, јас сум веќе уништен и згазен“
СДСМ бара политичка одговорност по петкратното убиство и „Детонатор“
Вранишковски се жали на болки, не сака на судење
Пријави за 12 соработници на охридскиот градоначалник
Арифи - Написите за широка владина коалиција се шпекулација
Груби - За инцидентот на Кале ќе суди историјата
Холандската Влада ќе поднесе оставка
Иванов - Спортот помага во меѓусебното запознавање и толеранција
Орав - Преку Денот на Европа евроинтегративниот процес поблиску до граѓаните
Поевтинуваат бензините и дизелот
Нови санкции од ЕУ за сирискиот режим
Брејвик им се извини на семејствата на случајните жртви
Градоначалникот на Старо Нагоричане куртули од притвор
И градинарите ќе добијат поголеми субвенции од лани
БИОкулт го отвори и својот втор продажен центар за органска храна
Презентација на македонски производи во Стокхолм
Експлозија и светлина ги вознемири жителите на Калифорнија и Невада
Попоски ќе побара од Бан Ки-мун да се почитува одлуката на Судот во Хаг



pile, 24.04.2012 11:57:42
Gi pozdravuvam naporite na Svetskata Organizacija rakovodena od Generalniot sekretar na OON G-din Ban Ki Mun za nadminuvanje na problemite na Balkanot, vklucitelno i najnovite sostojbi posle Haskata presuda okolu sporot od 90-tite godini vo vrska so razlikite za imeto nametnat od pogresni politicari vo regionot. Rakovoden od poslednata izjava na medijatorot g-din Metju Nimic, deka, koga bi mozjel bi dal vremenski rok za nadminuvanje na sporot, kako i od faktot deka R.Makedonija vo dosegasniot perid se pridrzjuvala sprema odredbite od VS od 1995 godina sto podrazbira deka ja ima pocituvano i odredbata od VS za pocituvanje na identitetot na sosedot, sto se dokazjuva so Haskata presuda od 05.12.2011 godina,prodolzjuvanjeto na blokada od strana na R.Grcija,na patot na evroatlanskite integracii na R.Makedonija, sprotivno od VS od 1995 godina,koe nesto go vraka Balkanot, a i posirokiot region nazad vo periodot od 90-tite godini, i ne nudi progres i razvoj na idnite generacii.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 17°C

Ведро

Четврток
Сончево
Макс: 24°C, Мин: 9°C

Петок
Сончево
Макс: 27°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |