Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
23.04.2012, 11:19
И градинарите ќе добијат поголеми субвенции од лани



Од Програмата за поддршка на земјоделството годинава и градинарите ќе добијат поголеми субвенции од лани. Од приближно 2,6 милијарди денари наменети за финансиска поддршка на раститтeлното производство, за минимум засејани 0,2 хектара со градинарски култури, за секоја култура одделно, производителите на домати и краставици ќе добијат по 30 илјади денари за хектар, а за пипер и компир по 23 илјади денари.

Како што соопшти ресорното Министерство, по 20.000 денари за хектар, за најмалку 0,2 хектара ќе добијат градинарите кои оваа година ќе произведуваат режано цвеќе, грав, боранија, грашок, краставици, корнишони, зелка, кељ, кромид, лук, праз, зелена салата, брокула, спанаќ, како и оние кои ќе се ориентираат кон производство на карфиол, морков, целер, цвекло, пашканат, аспоарагус, ротквици, цвеќе и култивирано произведени ароматични и зачински растенија.

За земјоделците кои ќе произведуваат калемени лубеници, за тикви, тиквички и за декоративни садници, со мерките од Програмата за финансиска поддршка за растително производство, предвидена е субвенција од 6 илјади денари за хектар. Производителите на дињи ќе добијат повисоки субвенции, по 10 илјади денари за хектар, за минимум 0,2 хектари производстевна површина.

Новина во годинашната Програма е тоа што градинарите производители на некалемени лубеници ќе добијат дополнителна поддршка од 10 илјади денари за хектар, но, само ако приложат потврда од надлежната институција дека не е извршено калемење.

Доколку производстевната површина се наоѓа во подрачје со ограничени услови за производство, дефинираната минимална површина за алицирање за субвенции се намалува за 50 проценти.

Дополнителни 90 илјади денари за хектар, за најмалку 0,2 хектари, предвидени се за земјоделците кои произведуваат домати, пиперки, краставици и режано цвеќе во пластеници и оранжерии, а кои ќе поднесат и барање за субвенционирање на градинарското производство. За да ги исполнат условите за дополнителна поддршка, градинарите кои произведуваат во пластеници или во оранжерии, задолжително треба да достават доказ за набавен огревен материјал. Услов за нив е и производството да е продадено на домашниот пазар или да е остварен извоз најдоцна до 15 мај 2012 година.

И за оваа кетагорија градинари, условите за аплицирање за дополнителна поддршка за градинарско производство кои се однесуваат на минимум засеана површина, се намалуваат за 50 проценти доколку производствените површини се наоѓаат во подрачја со орагничени услови за производство.

Земјоделските стопанства кои доставеле барање на субвенционирање на градинарското производство согласно годинешната Програма, а кои во периодот ноември 2011 – октомври 2012 година го продале, или ќе го продадат зеленчукот во домашни преработувачки капацитети за зеленчук, ќе добијат дополнителна финансиска поддршка од 1,5 денари за килограм, освен за пиперки и корнишони, за кои е предвидена дополнителна поддршка од 2 денари за килограм.

Зголемување на субвенцијата за 15 проценти предвидено е за производителите на зеленчук на отворено поле, во пластеници и во оранжерии чии производствени парцели се наоѓаат на надморска височина поголема од 700 метри, согласно Системот за идентификација на земјишните парцели.

Рокот за поднесување барања за субвенции за градинарско производство на отворено, во оранжерии и во пластеници е до 20 јуни, а за дополнитела поддршка за предаден зеленчук во преработувачките капацитети до 5 ноември 2012 година.



Статијата е прочитана 498 пати.

Испрати коментар



Смените почнаа со четворица директори
Избрани нови јавни обвинители
Нова поштенска марка во чест на 20 години монетарна самостојност
Велика Британија пак во рецесија
Ограбени три цркви во тетовско
Холанѓаните ја отвораат сезоната во Охрид
Британска награда за амбасадорот на Македонија во Лондон, Марија Ефремова
Добила отказ откако и дала бубрег на шефицата
Ристовски - Пензиите и натаму во првата недела од месецот
Анан - Ситуацијата во Сирија е неприфатлива
Обнова на фасадите на пет објекти низ Македонија
СДСМ ја поддржува Декларацијата за членство во НАТО
Македонија 132. според светскиот индекс на донирање
Сончево време и температура до 28 степени
Берлускони бил жртва на уцени од Коза Ностра
Пјонгјанг - Имаме оружје со кое можеме да ги поразиме САД
Министерот Бесими во дводневна официјална посета на Берлин
Џулијани - Мит Ромни е најдобриот кандидат на републиканците
Попоски од Бан Ки-мун побара да се почитува Хашката пресуда
Медведев ќе го наследи Путин во партијата
Владејачки пакт за членство во НАТО
Молк во МВР за истрагата за Смилковци
Пристоп негира дека е цел на истрага
СДСМ - Кратењата во Буџетот се нереални
ДУИ го поддржува новиот закон за лустрација
Богов - Македонија има релативно низок јавен долг
Одбележани 107 години од загинувањето на Христо Узунов
НДП - Да се побара стручна помош од ФБИ за расветлување на убиството
Попоски - Членството на Македонија во НАТО е во интерес и на Грција
Сириската армија гранатира цели во провинцијата Хомс
Конгресмени од грчкото лоби со критики кон Македонија
Законот за лустрација помина во прво читање
Филе - Да не се посочуваат виновници за злосторството кај Смиљковци
Брејвик планирал да избега од Утоја со украден авион
Попоски ќе побара од Бан Ки-мун да се почитува Хашката пресуда
Саем на туризам и Денови на образование и кариера
Истрага против Месиќ поради купување луксузни станови
Пукотница за имот го потресе Козле
Груевски - Македонија е четврта во Европа по најмало задолжување
Уште една барокна катна гаража во Центар
Пратениците ќе се степаа поради лустрацијата
„Што и да одлучите, јас сум веќе уништен и згазен“
СДСМ бара политичка одговорност по петкратното убиство и „Детонатор“
Вранишковски се жали на болки, не сака на судење
Пријави за 12 соработници на охридскиот градоначалник
Арифи - Написите за широка владина коалиција се шпекулација
Груби - За инцидентот на Кале ќе суди историјата
Холандската Влада ќе поднесе оставка
Иванов - Спортот помага во меѓусебното запознавање и толеранција
Орав - Преку Денот на Европа евроинтегративниот процес поблиску до граѓаните
Поевтинуваат бензините и дизелот
Нови санкции од ЕУ за сирискиот режим
Брејвик им се извини на семејствата на случајните жртви
Градоначалникот на Старо Нагоричане куртули од притвор
БИОкулт го отвори и својот втор продажен центар за органска храна
Презентација на македонски производи во Стокхолм
Експлозија и светлина ги вознемири жителите на Калифорнија и Невада
Попоски ќе побара од Бан Ки-мун да се почитува одлуката на Судот во Хаг



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 21°C

Делумно облачно

Среда
Ведро
Макс: 23°C, Мин: 7°C

Четврток
Сончево
Макс: 24°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |