23.04.2012, 12:15 Нови санкции од ЕУ за сирискиот режим
ЕУ денеска одлучи да воведе нови санкции за сирискиот режим, воведувајќи забрана за извоз на луксузни стоки и дополнителни ограничувања врз извозот на материјали, користени при репресиите кон опозицијата.
- На Сирија ќе и бидат воведени санкции со забрана за извоз на луксузни стоки и материјали, користени при репресии, истакна дипломатски извор.
Решението за санкциите е донесено од претставниците на 27-те земји од ЕУ пред денешната средба на министрите за надворешни работи во Луксембург.
Забраната за извоз на луксузни стоки е симболично насочена кон разузданиот живот на семејството Асад.
- Целта е претседателската двојка, нивниот клан и луѓето од режимот да разберат дека настаните во Сирија се одразуваат и врз нивниот личен живот, изјави друг дипломатски извор.
Ова е 14-от пакет санкции воведен од ЕУ против Сирија.
|