22.04.2012, 11:49 Гвардиола: Му честитам на Реал за победата и титулата!
„Јас носам одлуки, за тоа сум платен. Можеби погрешив во врска со Сеск Фабрегас, не знам. Размислував за тоа неколку денови и донесов одлука за која не жалам“, рече Пеп по натпреварот
Тренерот на Барселона, Пеп Гвардиола му честиташе на големиот ривал Реал Мадрид за победата на синоќешното „Ел Класико“ на „Камп Ноу“ (1-2) и за освоената шампионска титула. Кормиларот на Каталонците го призна поразот, кој го претрпеа поради повеќе причини.
„Му честитам на Реал Мадрид на победата и освоената шампионска круна“ – почна Гвардиола и почна да ги објаснува според него причините за поразот од „кралевите“.
„Игравме добро, но загубивме премногу топки на почетокот од дуелот. По примениот гол се смиривме малку, но не успеавме да дадеме гол. Реал физички е многу силна екипа, и тоа не чинеше пораз. Но, се на се задоволен сум од играта на која останавме досле��ни и покрај поразот. Сега мора ова да го заборавиме и да се насочиме кон натпреварот од Лигата на шампионите“ – рече Гвардиола, кој мораше да објаснува зошто на дуелот играа Тело и Тиаго Алкантера место Фабрегас и Алексис Санчез.
„Јас носам одлуки, за тоа сум платен. Можеби погрешив во врска со Сеск Фабрегас, не знам. Размислував за тоа неколку денови и донесов одлука за која не жалам. Бевме барем еднакво добри како противникот. Голот малку не измести, но потоа беше ок. Немам што да им замерам на фудбалерите“, нагласи поранешната ’четворка’ на Каталонците.
Иниеста: Не боли душата по овој пораз!
Во изјава за официјалната интернет страна на Барселона, играчот од средниот ред Андрес Иниеста отворено призна колку му е тешко нему и на неговите соиграчи по претрпениот пораз на Камп Ноу од Реал Мадрид. Маката и болката поради изгубената битка за одбрана на шампионската титула тој воопшто не се ни обидуваше да ја скрие.
- Не боли душата по овој пораз. За жал не успеавме да ја направиме поинтересна битката за титулата во финишот на првенството. Сега мораме да го прифатиме тој факт. Работата е готова и потполно е јасно дека титулата ни избега годинава. Знаевме дека ќе биде тешко бидејќи единствената опција за нас беше победа. Во моментите кога имавме реми тие веднаш одговорија и не вратија чекор назад – изјави Иниеста.
Иниеста додава дека единствен начин да ја надминат болката и да им помине горчливиот вкус по овој пораз е победа над Челзи и пласман во големото финале во Лигата на шампионите.
- Мораме добро да се подготвиме за вторник. Нашата целосна концентрација мора да биде фокусирана на Лигата на шампионите, бидејќи во тој меч на коцка се става целата сезона. Тоа ќе биде сосема поинаков меч од овој со Реал, а нашата цел е да се избориме за шанса да ја браниме титулата во финалето во Минхен – додаде Иниеста.
|