22.04.2012, 00:05 Борусија Дортмунд ја одбрани титулата во Германија
„Милионерите“ на домашен терен славеа со 2:0 над Борусија Менхенгладбах, со што на две кола пред крајот имаат недостижни осум бода предност во однос на Баерн
Фудбалерите на Борусија Дортмунд на две кола пред крајот на сезоната ја одбранија шампионската титула во Бундеслигата, славејќи со 2-0 над Борусија Менхенгладбах.
Славјето на „милионерите“ им го донесоа Перишиќ (23) и Кагава (59), а со новите три бода освоени во 32. коло тие имаат недостижни 75 бода, осум повеќе од лутиот ривал Баерн Минхен, кој и годинава ја загуби битката за тронот.
Баерн освои три бода на гости кај Вердер, откако по водството на домаќинот постигна два гола. Победничкиот гол на Франк Рибери беше постигнат во 90. минута.
Резултати од 32. коло: Вердер-Баерн 1:2, Нирнберг-Хамбургер 1:1, Келн-Штутгарт 1:1, Хофефенхајм-Баер Леверкузен 0:1, Херта-Кајзерслаутерн 1:2, Борусија Д.-Борусија М. 2:0, Во недела играат: Аугзбург-Шалке и Хановер-Фрајбург.
|