Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
20.04.2012, 14:43
Музички филмови за Џорџ Харисон и „Кемикал брадрс“



Во рамките на Скопскиот филмски фестивал ќе бидат прикажани „Кемикал брадрс: „Не мисли“ на Смит и „Живеејќи во материјален свет“ на Скорсезе

Викендов, во рамките на Скопскиот филмски фестивал, во киното „Милениум“ ќе бидат прикажани два музички документарци посветени на исклучителни авторски имиња. Станува збор за „Chemical Brothers: Don't Think“ на Адам Смит, филм направен од еден концерт на британското електронско дуо, кој ќе се прикаже утре (сабота) во 18 часот, како и за „George Harrison: Living in a material world“ на Мартин Скорсезе, посветен на гитаристот на легендарните „Битлси“ и еден од најдобрите музичари воопшто во 60-тите и 70-тите години на минатиот век, кој ќе се прикаже в недела во 16 часот.

Една од главните карактеристики на „Кемикал брадрс“, покрај звучните иновации што ги воведоа во 90-тите, е нивната визуализација на звукот. Нивните живи концертни настапи се ви��тински шоуа, кога психоделичните слики, светлата, ласерите проектирани над публиката, создаваат паралелен универзум на звук и слика. Токму тоа е и филмот на Адам Смит. Тој го прикажува минатогодишниот настап на бендот на легендарниот „Фуџи Рок“ фестивал во Јапонија, концерт кој, како и претходните во изминатите две децении што „Кемикал брадрс“ ги одржуваа низ светот, покажува еден исклучителен аудиовизуелен концепт. Концертот во Јапонија го доловува синестетскиот напад од звук, филм и осветлување, како и трансформирачкиот ефект што тој го има врз публиката. Смит, кој е и визуелниот творец на концертите на „Кемикал брадрс“, покажува и досега невидени снимки од зад сцената. Филмот „Кемикал брадрс: Не мисли“ е најавен како прв концерт снимен во Долби сараунд, а е посебно монтиран за проекција на филмско платно.

Посебен третман и кај филмаџиите и кај музичките фанови добива новиот филм на Скорсезе, „Џорџ Харисон: Живеејќи во материјален свет“, затоа што музичката легенда Харисон не е познат само како гитарист во славните „Битлси“, туку неговиот интерес и тоа не само во музичкиот свет, е многу пообемен. Џорџ Харисон, како што ќе каже и самиот Скорсезе, е неговиот омилен лик од легендарните „Битлси“, а филмот е насловен по неговиот соло-албум од 1973 година, како и заради неговата духовна средба со хиндуизмот и интересот за филозофиите на религијата.

„Живеејќи во материјален свет“ прикажува архивски материјали од приватниот живот на гитаристот што би требало радикално да ја изменат јавната перцепција за „најмирниот член на ’Битлси‘ “. За нивниот однос зборува вдовицата на Џорџ, Оливија Харисон, која наедно е и копродуцент на филмот, потоа гитаристот Ерик Клептон, продуцентот Фил Спектор, и ѕвездите на „Монти Пајтон“, Тери Гилијам и Ерик Идл.

„Ги сакаше жените и жените го сакаа него. Дури и кога ќе ви упатеше само неколку збора, тоа имаше далековиден ефект. Беше тешко да се соочиш со некој што беше толку силно сакан“, ќе изјави Оливија Харисон.

Џорџ Харисон почина на 58 години од рак на бели дробови. Според списанието „Ролинг стоун“, Харисон е рангиран на 21. место на листата на 100 најголеми гитаристи на сите времиња. Беше најпознат како водечки гитарист на „Битлси“, но беше и пејач, текстописец, ситарист, па и филмски продуцент. По распадот на групата, тој продолжи успешна соло-кариера.

Во својата филмографија Скорсезе веќе има неколку остварувања посветени на музиката, филмови за легендите „Ролинг стоунс“, Боб Дилан и филм посветен на историјата на блузот. (Т.И.)

Статијата е прочитана 210 пати.

Испрати коментар



Младата Ева Богоевска на фестивалот „Сан Ремо Јуниор“
„Или-или“ со нови наслови и попусти на Саемот на книгата
Предавања на Виталиј Комар во Музејот на современа уметност
Заврши снимањето на серијата „Др. Хаус“
„Животот на Молиер“ - претстава за паметење
Жарко Лаушевиќ заработил 200.000 евра од својата книга
Кан целосно во знакот на американскиот филм
Циклус јапонски филмови во Битола и Скопје
Македонски готвач повлијателен од Обама, Меркел и Ѓоковиќ
Циклус современи холандски документарни филмови

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 22°C

Делумно облачно

Понеделник
Обилни врнежи
Макс: 23°C, Мин: 9°C

Вторник
Ведро
Макс: 24°C, Мин: 12°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |