22.04.2012, 17:30 Ќе се пријавам за премиер на конкурсот на ВМРО-ДПМНЕ. Ветер или ураган од жолтата куќа?!
Најавите за смени во вториот и третиот ешалон на владејачката партија, дочекани со цинизам во политичките кругови
Светлана Унковска
Најавените кадровски чистки во ВМРО-ДПМНЕ со смена на околу 150 раководни лица во вториот и третиот ешалон според Никола Груевски, премиер и претседател на партијата е добра можност да им се даде шанса на нови луѓе кои би биле избрани на конкурси. Новите луѓе ќе можат, според него, да ја покажат својата стручност и способност без оглед дали се членови на партијата. За овие смени за кои дури постои и мото „Нов бран во ВМРО-ДПМНЕ“ ќе се направат промени на раководните позици на државни и на општински органи и институции, но сепак, времето во кое е темпирана оваа ненадејна акција остава простор за размислување зошто токму сега се влечат вакви потези и дали не е ова некој политичко-маркетиншки трик за да се сврти вниманието на јавноста од скандалите што се редат како на филмска лента.
Груевски реши да изврши смена на пониските функционери, а не и на најдоговорните министри кои директно се одговорни за актуелните проблеми што во последно време се повеќе се случуваат и кои се одразуваат врз животот на граѓаните.
„Сакаме да обезбедиме способни и свежи кадри. Ние не сакаме да бидеме како СДСМ, исти луѓе да бидат на функција постојано, независно дали работат или не. Одлуката беше донесена пред неколку месеци, да се направи истражување за да се види како работат некои од функционерите“, изјави Груевски.
Политичките аналитичари различно го оценуваат потегот на Груевски за прочистувањето во своите редови, но се единствени во оценката дека сепак таа треба да почне одозгора па надолу, а не обратно како што е сега поставена.
„Ефектот од овие промени ќе биде поголем и нема да се смета само за козметички промени доколку почне од првиот ешалон, значи од министрите па надолу. Како и да е самиот премиер увиде дека сме во право со она на што укажувавме години наназад дека одредени ресори не функционираат како што треба и дека тоа се случува поради неспособност на кадрите односно поради тоа што приоритет беше партиската припадност“, оценува професорот Јове Кекеновски кој е близок до кампот на десницата.
Кекеновски, сепак, оценува дека иако е задоцнет чекор, најавените кадровски проветрувања во редовите на десничарската партија се за поздравување.Но вели и дека Груевски со овие смени треба да ги опфати сите оние кои не дале задоволителна резултати без оглед на која политичка партија припаѓаат и тука треба да бидат вклучени и кадрите на ДУИ, а не тоа да го прави нивниот лидер Али Ахмети. „Не може функционерите кои ќе бидат сменети да ги менува политичката партија туку премиерот како прв човек на извршната власт“, вели професорот.
Промените на раководните кадри, според аналитичарот Сашо Ордановски укажува на признанието на премиерот Груевски дека тој има една неуспешна екипа и тоа на сите нивоа, не само на пониските. Според него испитувањата покажуваат голем пад на популарноста на партијата и покрај десетиците милиони евра потрешени за пропагандни цели.
„Анкетите укажуваат на големото незадоволство на народот од работењето на ВМРО-ДПМНЕ и ова е само една пи-ар акција. Мислам дека тоа ќе им донесе успех, бидејќи овој народ лесно може да се освојува со вакви потези се' додека им ја исплаќаат минималната плата и пензија. И јас планирам да се пријавам на конкурсите на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи Груевски рече дека ќе отвори конкурс за непартиски луѓе и тоа ќе се пријавам за неговото место кога ќе го распише бидејќи тој сепак седи на врвот на неуспехот“, зајадливо забележува Ордановски.
Смената на 150-те раководни личности, навидум може да предизвика уште поголемо незадоволство и раздвижување во редовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Но, од друга страна малку е за верување дека, Груевски со поставениот систем на водење на партијата ќе дозволи сериозно да биде разнишан.
„Тие имаат проблем со големото незадоволство бидејќи извесен период врие во партијата. Но секако најлесно е да се менува третиот ешалон и тоа секако дека е ’мачкање очи’ бидејќи проблемот на партијата е во врвот и во погрешниот економски и политички модел што повеќе нема каде да се разбива. За Груевски сите се променливи освен членовите на неговата ’фамилија“, додава Ордановски. Тој оценува дека дури и да се јави некакво незадоволство тоа воопшто нема да биде јавно како што го било и досега.
Со сосема поинакви размислувања е професорот Кекеновски, кој вели дека напротив ваквиот потег само ќе ги зајакне партиските редови.
„Апсолутно нема да значат ништо смената на тие 150 луѓе бидејќи најголем дел од нив се лица кои не се членови на партијата од самото формирање туку од оној момент кога партијата дошла на власт. Напротив, сметам дека ќе ги смири бидејќи и партиската база го поддржува ова на што постојано укажуваше. Постарото членство остана без функции и тука беше големото несогласување и со овој чекор тој ја зајакнува својата позиција во општинските комитети“, вели Кекеновски.
Груевски: Новиот бран промени ќе ја зафати и партијата внатре Покрај најавените разрешувања и назначувања нови околу 150 функционери на различни нивоа, главно во вториот и третиот ешалон, веќе неколку недели е почната и операцијата за промена на околу две третини на општинските комитети, изјави вчера Груевски.
Тој вели дека новиот бран ќе ја зафати партијата и внатре, но оние кои сега се на функција, а кои ќе бидат заменети и понатаму ќе бидат луѓе кои активно ќе работат во партијата и на кои ВМРО - ДПМНЕ ќе смета во иднина.
Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Груевски најави дека очекува целокупната промена да заврши до јули, а истовремено да заврши и промената на околу 150 функционери, чиј почеток е најавен за крајот на април или почетокот на мај.
|
|
Статијата е прочитана 10243 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 23.04.2012 00:15:43 | duvni vetre, eb. vetre. |
| Itar Pejo, 23.04.2012 00:23:56 | Mariovska pogovorka: Ribata smrdi od glavata a ne od tretiot esalon. |
| Трпе, 23.04.2012 00:29:52 | Илузионистичките вештини на пастирот,откриени се.Сега тој со нови трикови сака да ја задржи власта или да ја доуништи државата.Или само ке направи рокади на функционерските столчиња за да се претстави како демократ.На овие ефтини штосови може да падне само дел од неписмениот народ и дел на кои им подари дипломи, обекајки им дека ке ги здоми во некои фотелји за на крај тие да го јадат стапот за неговите далавери.Коњот ги прави бељјите а магарето ќе го јаде стапот и ке го носи товарот.Тешки денови се бројат на ова мала жална државичка. |
| Cane mesarot, 23.04.2012 01:10:16 | Ne mi e jasno do koga vlasta ke ja potcenuva inteligencijata na narodot. So godini go obmanuva i povtorno se obiduva so istite prerodbenicki finti. Malku li im bea 6 godini da gi demonstriraat svoite vizii i programi? Kakov e efektot? Za zal, site skapo go plakame i doprva ke go otplakame. |
| pile, 23.04.2012 01:17:57 | Nekoj ocigledno pocnuva dlaboko da se kae sto gi dobil izborite vo 2011 godina,na kakov takov nacin ama gi dobi.Rejtingot na DPMNE ocigledno zabrzano pagja,a se najavuva i izleguvanje na DUI od koalicionata Vlada.Najavata za kakvi takvi smeni i toa na 150 partiski clenovi od vtor i tret esalon e samo obid za presretnuvanje na mozjnosta DUI da ja napusti Vladata so popolnuvanje na edna tretina od spomenatite mesta so kadri na DUI. Taka da ovaa ke bide samo uste edno prodolzjenie na majskiot dogovor,za smetka na opstojuvanje na brakot od interes na partiite a ne i za Makedonskite gragjani.A so toa najpatriotskiot Premier ke pokazje deka ovaa ne e prosrpska Vlada kako sto bese kazjano vo ultimatumot od t.n.AAOZ, sto Jankuloska kako informacija ja primila so rezerva.E cija Vlada e ako ne e prosrpska?Najavata pretstavuva samo eftin manipulativen trik koj gi odlaga a vo nikoj slucaj nema da gi nitu dopre a ne da gi resava nagomilanite problemi.Vlada na nacionalno edinstvo ne e svetec pa Vam |
| USA, 23.04.2012 02:51:30 | Posle Juli, sledniot bran e svezi, cesni i pocituvani kandidati za lokalnite izbori. Sveza krv. Moze i SDSM da si ja proveri krvnata slika, a ne samo da dava bris. |
| jimmy1, 23.04.2012 05:13:13 | Grujo najavuva promeni za da ne bile istite luge kako sto bilo vo SDSM. Sto veleja postarite, od vakvi nedovetni luge da ti pukni mocnoto meurce?
Grujo ke menuva, ama ke gi menuva portirite i cistacite, drugite sto se odgovorni za neuspesite ke si ostanat pak na tie funkcii, i pak ke bide isto kako dosega, neotkrieni ubistva, neotkrieni krazbi i red drugo. Ako e maz neka gi smeni nesposobnite od prviot esalon, kako: ministerot na MVR, Odbrana, Financii, Transport i Vrski, Sudstvoto i nekolku drugi. Ovie nekolku se najnesposobni ministri. Na MVR kradcite, ubijcite i kriminalcite im begaat od race, Pokraj site ovie slucuvanja ministerot za odbrana ne prevzede nisto za da gi zastiti graganite a i drzavata, taka e toa koga koga covek od Bandit ke postane minister. Sudstvoto sudi po naredbi i gi sudi samo onie sto ne se od partiite na vlast, a dodeka siptarite se amnestirani i od sekakvo sudenje, a nasite vcorka, a drugite rusat sve sto nee od vmrovci. Ovie treba da odat a ne portirite. |
| Kris, 23.04.2012 07:54:22 | Секогаш од жолтите куќи излегува зло........ништо друго.............. |
| Istocna Makedonija, 23.04.2012 07:56:59 | Vremeto ke pokaze dali se promeni,poradi prome-
ni.Ili ke donesat novi,popovolni vetrivo,ili ke bi-
dat kako vo narodnata:Djabe raboti djabe ne sedi! |
| mene, 23.04.2012 08:38:18 | USA?!!! Sveza krv vikas?! Cesni, pocituvani?! Od VMRO DPMNE?!!! Tesko pile! I da najdete nekoj priprost koj sto ne se ofajdil do sega, kako vas kadar vednas ke fati ritam. Ja znaes onaa... daj mu na covek vlast pa da vidis kakov e..., e takvi se vasite kadri-nekadri. Kako sto rece eden na drugive komentari...samo ni mestite novi muvi da ni ja cicaat krvta. Sramota i licemerie! |
| Miki, 23.04.2012 08:45:55 | YEAAH USA, SVEZI I CESNI, AMA VMROVCI?? E ova ti e oksimoron na kvadrat! A be zelezoto e podrveno i temninata e posvetla od tvoive be hi hi hi!!! |
| pozarnikari od grad Skopje, 23.04.2012 08:51:19 | Javno prasuvame -- Vo koj esalon e komandantot na Skopskata Protipozarna Brigada. Nitu edna cistka ne mu moze nisto , 12 godini komandant , bre bre bre spas da se nemalo. Ajde pa i da vredi ama od ona operativno pravoprofesionalno i sfakas preku glava ni e i ajde veke pratete go vo istorijata. |
| Геро, 23.04.2012 09:02:33 | Каков цинизам и дрскост! На раководни места ќе ставел непартиски луѓе, односно кадри и надвор од ДПМНЕ! Дрн-дрн-дрн-јариња! Па зарем првпат го вели тоа? Но, на овој народ лесно може да му се замачкаат очите!
Обична лага, се знае кој може да биде на функција, само членови н а партијата! Впрочем кога е така со најситното вработување за чистач, камоли за повисока функција! Еданоставно - срамота! |
| Realen, 23.04.2012 09:31:56 | A, da pocne da cisti od vrvot - premier, a ne da bide sramota za nacijata. |
| Rezzilov, 23.04.2012 09:38:09 | Најдобро е се’ да си биде како кај сдсм-овците:- “Еден е изборот!“ |
| Kemal Ataturk, 23.04.2012 09:45:06 | ДОСЕГАШНИТЕ ВОШКИ СЕ НАЦИЦАА, А СЕГА НОВИ ГЛАДНИ ВОШКИ ЌЕ НЕ ЦИЦААТ |
| ФЕЛИКС, 23.04.2012 09:45:30 | Г-дин Ордановски воопшто и нека не чека објавување на конкурсот,веднаш нека аплицира.По можност нека ја поведе со себе и оние платформистите кој не убедуваа колку тоа е корисно да се унередиме на��ионално по сите мерила а так нормално да се задоволи соседот а најповеќе оние од Брисел.Тоа ќе даде нов импулс на работите околу името за кој импулс верувам народот тукашен е спремен да му се заблагодари на соодветен начин.Инаку г-дин Ордановски би требало по мене да побара условно речено од ,,своите,,да направат кадровска реформа или пак можеби е свесен да таму кадровските реформи не поминуваат оти кај нив правило е ,,тим кој губи не се менува,,. |
| Tome, 23.04.2012 09:46:24 | Најголема циркузијада во светот - тоа е Мизер Македонија....
Едните се нафатираја, треба и другите...
|
| od ostrijot, 23.04.2012 09:52:29 | od zoltite kuki se siri zoltica kojase lece samo vo karantena-izolacija. |
| dedo dimo, 23.04.2012 10:01:51 | Me interesira na koj nachin Premierot Gruevski e unishtuva drzavata .Zatoa li shto go brani nasheto ustavno ime ? .Zatoa shto ovaa e prva vlada koja odi po svetot da privlechi koku e mozno luge koj ke stvorat biznis a so toa i rabota za ne vrabotenite ? . Koga nekoi bezumni od svetot zapnale po nasheto ime da im podlegni i da im go pokloni kako tie od SDSM ?.Makedonija e zakochena zemja od NATO i Eu ,koj umesto da e pritegnat nivnata milenichka Grcija da ne pravi gluposti i ne chovechki istapi tie e podrzuvaat .Na sekoj nachin e sakaat nashata krv i sakaat ednash za sekogash da ne unishtat.Ima edna raka luge shto ne go sakaat premierot Gruevski,no na zalost nivna , Makedonskiot narod e toj koj odluchuva .Ako behe SDSM dosega Makedonija Ne ke postoeshe kako MAKEDONIJA . |
| Kubenje od kaj zadnikot kon glavata, 23.04.2012 10:03:55 | Toa e eden smesen i providen politicko- marketinski potez , za zamajuvanje na ovaa raja.Se znae deka rubata se cisti od glavata,a kokoskite samo se kubat od kaj gazot preme glavata. E Grujo pravi taka .Gi kubi kokoskite od 2 i 3 esalon na vlasta od zadnikot preme glakavata. A g-dine Kekenovski, ne vvi dolikuva takvi nerealni i apologoteski izjavi na eden univerzitetski profesor. Podobro ako ne smeete da kazete ona sto e vcistinito, barem molcete i ne se brukajte. |
| Mudrec, 23.04.2012 10:07:39 | Komunjarski komentatori, namesto da drochite pred kompjuter, pobarajte od Brane da go napravi istoto kaj vas vo partija, mozebi ve ceka funkcija. |
| Albert, 23.04.2012 10:48:51 | A OD KOGO PRIMAAT NAREDBI TIE OD 2 - RIOT, 3-TIOT I PONISKITE ESALONI... ???? SE ZRTVUVAAT POMALITE ZA POVISOKI CELI !!!!!! |
| Драган, 23.04.2012 11:23:49 | Во право е читателот ГЕРО. До кога нас членови��е на ВМРО ДПМНЕ ќе не користат само за гласање, дали не сметаат за малоумни, или пак дефектот е кај нас самите. По се изгледа дека и гласачите ќе мора во блиска иднина да ги избираат на ЈАВЕН КОНКУРС. Доста е веќе со потценување. |
| Немојте Феликсчето!, 23.04.2012 11:44:49 | А , во кој ешалон е мачето? |
| mimi, 23.04.2012 11:55:09 | Predlagam Grujo sto pravi cistki vo vtoriot i tretiot esalon od vlasta FELIKS da si go zeme za dostojna zamena za Bicikliski i da mu bide glasnogovornik-potparol.Covekov se iznamaci pisuvajki plukajki po opozicijata.Eve ti sansa be FELIKS ova ke go rabotis za pari a ne vaka dzabe. |
| Реган, 23.04.2012 13:10:38 | Најпосле и Ордановски дојде на насловната страна!Инаку,мислам дека за премиер повеќе шанси има во Косово отколку во Македонија. |
| babaratka, 23.04.2012 13:27:10 | More Mudrec,a ti sto pravis pred kompjuterot? Sekogas te ima. Odrabotuvas neli? Ama ne si efikasen, smesen si bidejki i kaj moze i kaj nemoze se fakas za SDSM. |
| Pero, 23.04.2012 13:51:58 | Ma nema veze bre. Doadja Stefan File pa da mu pokazat deka smenile neshto vo drzavnata adminsitracija i deka taa ne e partizirana.
Demek eve gi reformite. Nema partiski vrabotuvanja. |
| vapski, 23.04.2012 15:35:43 | relano gledano site komentari vo utrinski se protiv Kole prv minister,
jas prakam komenatri vo vecer i site komentari vo golemo mnozinstvo mi se protiv Latas/Kole
VMRO ili VMoroni megjutoa vecer do sega niednash ne mi objavil komentar,
denes, komentarot na mudrec e protiv komunjari i utrinski i site shto imaat bilo kakvi simpatii kon SDSM...
za razlika od vecer, utrinski objavuava komentari so sekakaov text,
edna od razlikite shto se vidni vo deneshna Makedonija...
|
| mile, 23.04.2012 15:46:35 | zamena na 150 luge e ramno na 1,5% od seta rakovodna struktura na site nivoa, ako se ima vo predvid deka ima nad 10.000 rakovodni sluzbenici vo vlada ministerstva, podracni edinici i slusbi i tn. to ti e seene na magla. |
| девичанецот, 23.04.2012 15:57:15 | Сашо Ордановски озбилно сака да го имитира Латас.
Ама Латас претендира на повисоко место, за местото на пензионерот. Ама, иако е во пензија, на БЦ не му се распишува оглас за нови идеи, нови сили на раководното место прв човек на СДСМ |
| Petko, 23.04.2012 16:17:02 | SPASETE JA BRZATA POMOS VO SKOPJE OD NACALNICKATA VMRO-VKA, KOJA ZA NOS JA VLECAT NEPISMENI VMRO-VCI, KOI PAK SE MANIPULIRANI OD SEFOVITE SDSM-OVCI...HAOS! |
| do pile, 23.04.2012 16:26:05 | Rejtingot ne pagja na vlasta.Pagja na SDSM,a toa neodamna go pokaza edna neutralna anketa (ne od Satev i Cupovski).Kako ovaa vlast e prosrpska koga ne ne tera da zboruvame srpski i ne saka da ja prikluci Makedonija vo Srbija. |
| zedorf, 23.04.2012 17:01:22 | e sega oti da gi smenuva oti taka treba odamna trebase drzavata da funkciunira kako sega ,odgovornosta treba da se bara kaj tie sto gi sproveduvaat zakonite kako poinaku eve sega vlegoja poker masini koj e odgovoren ministerot direktorot na carina ,sefot na smena na carirnicite ili carirnikot koj go pustil kamionot. e sega vie smejtemuse na ovaj fejzbukot koj saka da stane precedatel. |
| Nil, 23.04.2012 17:15:46 | Aj da vidime dali imate sila da gibnite vo ELEM |
| snajper, 23.04.2012 17:31:20 | kompletno rasclenuvanje na clenstvoto od partijata, toa go pravi grujo, saka da rascisti so niv, no ne mu e jasno deka ne mozi.. i sega ke ja napravi kompletno stalinisticka udbaska partija koja slobodno mozi da go obelodeni koaliciranjeto so sdsm i da si se narecat sdsm-dpmne.. nikako nema grujo da rascisti so nikogo tuku so nego ke se rascisti pa napomos da go zemi i branko.. site ke odat vo zatvor, narodot ke gi lustrira, site gragani. |
| Krt, 23.04.2012 20:30:23 | I na kraj premiere i TEBE ke te smenat smenetite! Ako ne razbravte, prasajte go Feliks. Toj e ,,ekspert,, za toa i samo toj doktorirase na tema deka ,,koga e leto ne bi trebalo da padja sneg,,! |
| Secko, 23.04.2012 23:42:46 | Premierot prv bi zaminal,ama tie od prviot esalon ke go rastrgnat kako volci! Zatoa Grujo sega malku ke zatresi vo vtoriot i tretiot esalon, a vo prviot ne ke da moze, zasto kaj tie od Prviot esalon e dolzen do gusa ! Baba dala gros da se fati na oro, a sto grosa da se pusti, ama ne mozela, zasto sviracite ne prestanuvale da svirat! Premiere ,vo ista kacha si so babata!! Kolku pospektakularno doagjas na vlast,tolku pogrdo i posramno ke si zamines!!! |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 21°C
Ведро
|
Недела
Сончево
Макс: 38°C, Мин: 22°C
|
Понеделник
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 23°C
|
|
|
|
|
|