Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Хроника
22.04.2012, 17:22

МВР бара, но нема помош од соседите за расветлување на убиството

Aмериканските, британските и израелските служби би можеле да помогнат околу истрагата за петкратното злосторство кај Смилковци

Даниела Трпчевска



Министерството за внатрешни работи бара помош од разузнавачките служби и полициите од соседството кои би можеле да помогнат во расветлување на грозоморното петкратно убиство крај скопско Смилковци. Но, засега не се добиени реални и опипливи сознанија кои што би можеле да го расветлат настанот кој ја шокираше јавноста.

Според извори од МВР, информации се бараат и по официјален пат, но и по неофицијални канали, за да се добијат сознанија околу групата која што на свиреп начин го извршила убиството за само десетина минути. Потоа за помалку од еден час се препоставува дека ја напушиле земја, бегајќи во некоја од соседните земји. Засега не се прецизира од кои се служби е побарана соработка и размена на информации, но од МВР велат дека се прави проценка кој се' би можел да има сознанија кои ќе помогнат за откривање на сторителите на монструозното убиство на четирите момчиња и рибарот.

„Мобилизирани се сите ресурси, сите капацитети се ставени во функција и се работи без намалување на темпото. Соседите изразија декларативна поддршка, но засега нема некоја конкретна помош“, ни изјави вчера министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Нејзиниот српски колега, министерот Ивица Дачиќ во петокот изјави дека ќе направат се' за да помогнат во расветлување на убиството на Железничкото Езеро. „Српската полиција проверува податоци кои би можеле да помогнат во пронаоѓањето на сторителите на петкратното убиство кај скопско Смилковци. Подготвени сме да помогнеме во се' што ќе побараат колегите од македонската полиција. Ние веќе вршиме различни проверки со таа цел, кои би можеле да помогнат во расветлување на овој случај“, е пораката која ја испрати Дачиќ од Белград.

Според поранешни високи фунционери во министерството, македонската полиција, согласно потпишаните договори со повеќе земји за размена на информации, може да побара помош од повеќе меѓународни служби, но и од полициите на соседните држави на повеќе нивоа.

„МВР може да побара стручна помош од полициите со кои што соработува, а Агенцијата за разузнување да размени разузнавачки сознанија со останатите служби со кои е во постојан контакт и соработка. На ниво на Министерството за внатрешни работи може да се разменуваат и информации со полициите од соседството, а одредени сознанија може да прибават и преку Интерпол“, вели нашиот соговорник.

„Сам никој нема да ни' даде податоци. Ние самите треба да побараме сознанија преку Агенцијата за разузнување, од британските разузнавачки служби, или од израелските служби“, вели поранешниот министер за внатрешни работи Павле Трајанов.

Со овие служби нашите безбедносни органи имаат договори за соработка и службите прават проценка, кој во конкретниот случај би можел да помогне за откривање на убијците. Во моментов, според Трајанов, може да се побараат одредени сознанија и од косовската полиција и да се извршат проверки на лица за кои постојат сомневања, со цел да се утврди каде биле во критичниот момент и дали имаат некаква поврзаност со случувањата во земјава.

Веднаш по убиството пристигнаа пораки за поддршка на македонската полиција и подадена рака за помош со цел да се пронајдеат сторителите и да се изнесат пред лицето на правдата, и од албанскиот премиер Сали Бериша и од косовскиот Хашим Тачи. Претседателот на Албанија, Бамир Топи кој пред неколку дена беше во посета на земјава и одржа средба со државниот врв исто така понуди поддршка и соработка во истрагата, наведувајќи дека

„Албанија дава силна поддршка на стабилноста на Македонија, но дека се' уште има ултранационалистички кругови кои се обидуваат да ја загрозат климата во регионот“.

Момчињата од Радишани Кире Тричковски, Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацевски на возраст од 18 до 20 години и Борче Стефковски (45) од село Црешево беа убиени од најмалку тројца сторители минатиот четврток на брегот на Железничкото Езеро. Полицијата набргу потоа пронајде автомобил за кој се сомнева дека напаѓачите го користеле при крвавата акција. Истрагата се' уште трае, уб��јците не се откриени.

 


Статијата е прочитана 5469 пати.

Испрати коментар



Нови детали околу истрагата за словенечки „Пристоп“
Ќе се разгледува пресудата за Бошкоски
Осквернавени гробишта, ограбени цркви
Расте криминалот во Битола



mile, 23.04.2012 07:47:42
Па во принцип, тие што ти го организираат убиството, не ти помагаат !!?
jimmy1, 23.04.2012 07:59:59
Stom storitelite ne se odkrijat vo prvite nekolku casovi, za odkrivanje ke zeme podolgo vreme. Toa e poradi sto nie sme mala zemja i na ubijcite im treba eden ili dva sata za da izbegaat nadvor od Makedonija. Vo toj slucaj nasata policija e nemocna dokolku policiite od sosedstvoto ne pocnat da rabotaat na toj slucaj. Jas sum siguren deka eden den i toa za skoro vreme storitelite na ova zversko ubistvo ke bidat pronajdeni, no se somnjevam deka ke e dobijat zasluzenata kazna. Nie site znaeme deka ministerkata ne e sposobna zosto vo tolku mnogu slucai storitelite ne se pronajdeni, so godini se traga po niv i prasanje e dali nekogas ke bidat pronajdeni, a Grujo nee dava ministerkata ne zosto e tolku sposobna, tuku zosto se gaz i gaci, taka veleja starite.
zapad, 23.04.2012 10:31:03
sto moze da se ocekuva od polivijci so stomak i race vo dzep?po cel den visat po kafani i oblozuvalnici...po mvr salteri haos guzvi...na zapad po vakvo nesto stom cujat istrel za 5 min se tamu i vednas se javi nadekade kontrola..vednas doadjat so kucinja tragaci..ne vidov edno kuce na sliki..mvr vo mk raboti vo tempo na zelka kako se drugo..viknete toe izraelci,britanci podobro dajte pari na niv otkolku za spomenici posto bitno e da se sece terorizam na vreme ako ne gi secete i fatite tie ce dobija tkrila.
milos, 23.04.2012 13:22:09
lazat neka se srasprasat mediumite ima foreznicari i krim tehniha cel tim od belgrad
od mene licno, 23.04.2012 13:40:13
sekoe cudo za TRI DENA, ke se zbori uste nekoe vreme i posle ke se zaboravat..... kako napravija so kiro g. covekot si pomina i nedozna koj sakasa da go ubie...... tie za pretsedatel ne otkrija , ke otkrijat za ,, zlatni deca,, .... sramota od funkcionerite sto ni ja vodat drzavata

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 


Site Meter


Време
Скопје, 21°C

Ведро

Недела
Сончево
Макс: 38°C, Мин: 22°C

Понеделник
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 23°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ФОТО) Отворање на Олимписките игри во Лондон
Британците сo интересна и пред се' музички илустративна церемонија...
Денот на отворањето почна со ѕвонење на илјадници ѕвона
Први се огласија големите ѕвона на кулата часовник Биг Бен, покрај зградата на британскиот Парламент и брегот на Темза, ...
Усеин Болт посакува четири олимписки злата
Свеченото отворање ќе ги засени големите пропусти!
Камерон: Олимпијадата е најголемата безбедносна операција во мирно време
Торп во Лондон како коментатор
Грчка олимпијка расно навредувала на „Твитер“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |