Број 3462  вторник, 21 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Спорт

Работнички продолжува без Стратев, Брацо и Бразилците

Играчкиот кадар во клубот преку ноќ се сведе на 15 фудбалери, од кои половината се младинци

Сашко Ѓ. Димовски

Заврши есенската полусезона во македонското фудбалско првенство, а со неа завршија и неколку релации во Работнички, најрепрезентативниот домашен производ во европски фудбалски рамки во последните неколку години. Во Дебар Маало нема дилеми по три прашања, но ќе има голем рез. „Романтичарите“ ќе ја дочекаат пролетта со нов тренер, без спонзорот Слободан Брацо Вујчиќ и со поинаков играчки кадар.

Зоран Стратев од вчера и официјално не е кормилар на Работнички. За неговата позиција конкурираат неколку кандидати од домашната сцена, но и еден странец. Кому ќе му биде укажана довербата ќе се знае до крајот на оваа работна недела, а како можни наследници на Стратев низ кулоарите се вртат Тони Јакимовски, Ѓоре Јовановски, Влатко Костов и Никола Илиевски-Џиџи, единствениот стручњак од страна кој е опција за работното место е Иван Голац. Претседателот на Работнички, Драган Поповски, потврдува дека само со него имал некакви разговори меѓутоа евентуална соработка барем засега е далеку од реализација. Конкретни преговори и потези допрва ќе се водат и влечат, веројатно, со сите нив.

„Моравме, требавме и сигурно дека можевме повеќе во есенскиот дел од првенството покрај толку странци што ги имавме во тимот. Дадовме се од себе како управа, обезбедивме услови, а дел од резултатите отстапуваа од зацртаното и планираното. Сезоната ја почнавме под очекувањата во шампионатот и прерано ја завршивме битката за трофеј во националниот куп“, ни изјави Поповски.

Второто збогум клубот го кажа со еден од досегашните спонзори Слободан Брацо Вујчиќ за кого се посилени стануваат гласиштата дека ќе се врати во Вардар. Со неговото заминување „слобода“ добија и странците во екипата на Работнички. Сите беа под капата на Вујчиќ, а покрај нив и дел од домашниот кадар (Богатинов, Секуловски, Мојсов...), па оттука автоматски збогувањето со спонзорот значеше и збогување со нив и многу веројатно е дека дел ќе бидат повлечени во црвено-црниот Вардаров дрес. Но, Поповски не се откажува од услугите на некои играчи, се разбира, доколку најде заеднички јазик со Вујчиќ. Затоа ќе се обиде да ги задржи репрезентативниот голман, Богатинов, Бразилците Фабио и Фернандо и Стефан Вујчиќ, син на Брацо Вујчиќ. Во моментот Работнички има околу 15. фудбалери под договор со клубот од кои половината се младинци.

„Поента е да градиме тим со млади и перспективни играчи на кои ќе може да се потпреме во иднина. Тоа е мојата визија за клубот. Разделбата со Слободан Вујчиќ кога-тогаш мораше да се случи“, вели Поповски.


#
Статијата е прочитана 545 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Ракометарите комплетн�� против Египет
Норвежанките предодредени за злато
Мурињо
Индијана најнова жртва во победничкиот поход на Бостон
За Јувентус бод, за Лацио сите три
Сертификат за клупско лиценцирање
Младинскиот куп за Работнички
Србија и Хрватска во заедничка организација на ЕП 2020?
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks