Број 3462  вторник, 21 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Спорт

За Јувентус бод, за Лацио сите три

Јуве прими гол во втората минута од судиското продолжение кај Киево (1:1), лацијалите, пак, со автогол го совладаа Удинезе со 3:2

Јувентус беше единствениот фаворит кој не успеа да освои три бода во шесте неделни натпревари во 17. коло во Серија. Освои само еден во Верона во дуелот со Киево (1:1) и пропушти прилика да се доближи уште повеќе до лидерот Милан. „Старата дама“ прими гол во втората минута од судиското продолжение (стрелец Серџо Пелисие за Киево, Квалјарела за Јувентус), но да жалат можат и домашните фудбалери. Тие, пак, не успеаја да реализираат пенал во раната фаза од натпреварот (Сторари го одбрани ударот на Марколини). Гостите од Торино го завршија гостувањето со играч помалку (Џандонато доби црвен картон во 53 минута). Идентичен резултат светеше и на стадионот „Свети Никола“ на кој Бари му беше домаќин на тимот на Палермо, а победник немаше ниту на „Енио Тардини“ каде Парма ја пречека екипата на Болоња (0:0).

Најинтересниот меч во кој гледачите видоа најмногу голови се одигра на „Олимпико“. Лацио на крајот, сепак, успеа да го совлада Удинезе со 3:2. Калчолигашот од Удине во два наврата ја анулираше негативата, но Кристијан Запата беше кобен за својот тим и соиграчите. Постигна автогол во 89 минута и подари голема радост на трибините во Рим. Претходно за небесно-сините прецизни беа Ернанез во 2 минута и Бијава во 52, Санчез во 50 и Денис во 61 минута погодија за гостинот од „Фриули“. Лацио е трет по ова коло со 33 бода колку што има и Наполи на втората позиција. Токму наполитанците беа творци на уште една домашна победа во ова коло. За тоа им беше потребен само еден гол во мрежата на Лече. Го постигна Уругваецот Едисон Кавани за осми пораз во деветтото гостување на противникот во оваа сезона. Толку им требаше и на фудбалерите на Катанија за победа над Бреша. Стрелец на единствениот погодок на Сицилија беше Лопез во 33 минута.

Серија А, 17. коло



Резултати: Киево - Јувентус 1:1, Наполи - Лече 1:0, Катанија - Бреша 1:0, Бари - Палермо 1:1, Парма - Болоња 0:0, Лацио - Удинезе 3:2, Милан - Рома 0:1, Чезена - Калјари 1:0.

Поради лоши временски услови и смрзнат терен во Џенова одложен беше дуелот меѓу Сампдорија и Џенова, а поради обврските на Интер на светското клупско првенство во Абу Даби одложен беше и мечот на нероазурите против Фиорентина.

Табела: Милан 36, Наполи 33, Лацио 33, Јувентус 31, Рома 29, Палермо 27, Интер 23 (-1), Сампдорија 23 (-1), Удинезе 23, Киево 21, Џенова 21 (-1), Катанија 21, Калјари 20, Болоња 20, Фиорентина 19 (-1), Парма 19, Бреша 15, Чезена 15 (-1), Лече 15, Бари 11.


#
Статијата е прочитана 207 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Ракометарите комплетни против Египет
Работнички продолжува без Стратев, Брацо и Бразилците
Норвежанките предодредени за злато
Мурињо
Индијана најнова жртва во победничкиот поход на Бостон
Сертификат за клупско лиценцирање
Младинскиот куп за Работнички
Србија и Хрватска во заедничка организација на ЕП 2020?
 

Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks
Storms ahead for Hungarian EU presidency