Број 3390  петок, 24 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин








Site Meter
Економија

Тежок пат до сопственост

Стан под кирија или цел живот кредити

Работниот век поминува под стрес да се плаќаат ратите, но сатисфакцијата е што станот ќе остане во ваши раце

Соња Маџовска


Што е поисплатливо - да се купи стан на кредит или да се живее под кирија. Велат, кешот е закон, ама кај нас се ретки оние што можат да си го дозволат тоа задоволство, односно да купат стан во готово и да спијат мирно, без стресови секој први во месецот кога треба да се исплати ратата.

Македонските граѓани, главно, живеат на кредит. Дебел минус на дебитните, а уште поголем е оној на кредитните картички, кола на кредит, ама кредитот за стан е убедливо најстрашен. Сепак, и покрај стресот, 90 отсто од становите се купуваат на кредит.

„Подобро е да купам стан на кредит со висока камата и да го отплаќам и 30 години, ама барем знам дека еден ден тој ќе биде мој отколку да плаќам кирија. Така парите ќе одат во ветер, а и по 30 години плаќање месечна кирија во просек од по 200 евра, на крајот пак ќе немам ништо свое“, вели еден скопјанец. Како него размислуваат најголемиот број од нашите граѓани, кои заглавуваат со кредити до гуша за да имаат свој покрив над глава.

Решавањето на станбеното прашање е еден од најтешките проблеми, особено за младите брачни двојки. Секој сака да дојде до свој покрив над глава, но прашањето е што е наједноставно и најисплатливо. Младите најчесто се решаваат да купат стан на кредит, но само доколку им помогнат родителите со пари за учество, па останатото го плаќаат сами од нивните скромни плати.

Според пресметките што ни ги дадоа банките и Агенциите за недвижности, најмногу се бараат станови до 60 квадратни метри, по цена од 1.000 евра за квадрат, за кој треба да се платат вкупно 60.000 евра. Банкарите велат дека во овој случај најисплатлива варијанта е пола-пола, односно 30.000 евра да се платат во кеш, а за 30.000 евра да се земе кредит. Од Стопанска банка, каде што речиси секој втор има земено станбен кредит, велат дека најчесто станбените кредити се земаат со учество, бидејќи ретко некој е до толку кредитоспособен за да земе кредит за целиот износ на чинење на станот. Во оваа банка ни направија пресметка за купување стан, кој чини 60.000 евра, со учество од 20.000 евра, а кредит од 40.000 евра. Номиналната годишна каматна стапка е 6,5 отсто фиксна за првата година, а е променлива за останатиот период, но во моментов е 7,4 отсто. Ако отплатата е на 30 години, месечната рата во првата година ќе изнесува 252 евра, а потоа 277 евра во следните 29 години со сегашното ниво на камати. Вкупните потребни месечни примања на кредитобарателот и кокредитобарателите треба да изнесуваат 903 евра, или 55.531 денари.

За 30 години, за кредитот од 40.000 евра, клиентот ќе и' плати на банката 99.420 евра. Но, ако се земе и учеството од 20.000 евра, тогаш овој стан чини вкупно 119.420 евра.

Искуството на Агенциите за недвижности потврдува дека оние што имаат пари за учество, околу 30 отсто од цената на станот, и се кредитоспособни најчесто се решаваат да купат стан, додека оние што немаат ниту пари за учество ниту се кредитспособни, немаат друг избор освен да одат под кирија.

Месечната кири��а за истиот стан од 60 квадрати чини 200 евра доколку станот е ненаместен. За овој стан кираџијата за 30 години ќе плати вкупно 72.000 евра доколку во меѓувреме не се зголемат кириите.

Според овие наши пресметки, излегува дека разликата меѓу купен и изнајмен стан е 47.420 евра, односно толку ќе платите помалку ако 30 години живеете под кирија, наместо да купите стан на кредит што би го плаќале, исто така, 30 години. Но, да нема забуни, станот под кирија ќе му остане на газдата, кој добро се збогатил од вашите пари, а оној што вие ќе си го купите, останува ваш или на вашите деца.

Од Агенциите за недвижности велат дека оној што има пари купува, а оној што нема живее под кирија. „При купувањето или изнајмувањето стан влијаат повеќе фактори. Локацијата, дали зградата е нова или стара. При изнајмување, на пример, важно е и дали станот е наместен и со каков мебел или е празен. За 60 квадратни метри стан кириите се движат меѓу 200 и 350 евра. Празен стан може да се најде и за 150 евра. Додека при купување нов стан, најважно е дали клиентот има 30 отсто да даде учество од цената на чинење и дали е кредитоспособен за останатиот дел од доплатата“, објаснуваат од Агенцијата за недвижности „Асторија“, додавајќи дека најбарани се малите станови.

Оттаму велат дека во овој период, сепак, повеќе се бараат станови за изнајмување, додека за продажбата интересот е помал.

Македонските граѓани велат дека повеќе би оделе на варијантата на купување стан отколку под кирија, но проблем се каматите. Тие постојано се жалат дека кај нас каматите се превисоки и затоа отплатата е долга и стресна.

Каматите за станбените кредити во домашните банки се движат околу 8 отсто, во Словенија тие се движат околу 4 проценти, во Хрватска до 7 проценти, во Германија малку над 3 отсто. Повисоки камати од нас имаат Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. (С.М.)

Цената на становите се зголемила за 50 отсто

Истражувањето на Народна банка на Македонија покажа дека вредноста на становите во Македонија од 2000 до 2007 година пораснала за безмалку 50 отсто. Оваа анализа за првпат во Македонија дава индекс на цените на становите, според кој можат да се издвојат неколку тренда во движењето на нивната цена во периодот 2000-2007 година. Имено, во земјава има нагли промени на цената и на рентите, кои најмногу зависат од понудата и од побарувачката на станови. „Периодот од 2000 до крајот на 2003 година се карактеризира со силен пораст на цената, во просек од околу 10 отсто годишно. Во овој период становите поскапеле за околу 46 отсто. Исклучок од генералниот тренд за овој период претставува 2001 година кога цената бележи стагнација. Во периодот од 2004 година до крајот на 2006 година, цената на становите, главно, стагнира, со благ надолен тренд, при што тие на крајот од 2006 година биле поевтини за околу 9 отсто од крајот на 2003 година“, се вели во анализата на НБМ. Анализата покажува дека во 2007 година цената повторно забележала силен пораст, така што на крајот од годината, во однос на крајот на 2006 година, тие биле поскапи за околу 11 отсто. (Ек.Р.)

 


#
Статијата е прочитана 4576 пати.

Испрати коментар

Од: Дарко
Датум: 24.09.2010 12:34:37
Најисплатливо е да бидеш пратеник и тоа од Струмица, Охрид или друг некој подалечен град од Скопје и за секое идење да ти дава државата по 8.000 денари, плус плата, плус телефон, плус дневници за во странство, плус . . . И така само плусови, а ние обичните смртници си редиме минуси, минуси и помина животот!
Од: Komentator
Датум: 24.09.2010 12:39:45
So ..analizata se slagam...potpolno osven edno ..neka mi pokaze novinarot kade vo Skopje se.prodava stan po 1000 evra kvadrat. ??..Pa toa go nema nitu vo provincija....potocno selo...
Од: igor
Датум: 24.09.2010 13:13:46
onoj sto ima kes 30000e podobro e da zive pod kirija od kolku da kupi stan na kredit , zasto ? 30000e ke ki stvai vo banka kamata ke zeme sekoj mesec po 300e i eve ti 250e za kirijata plus 50e ti ostanuvat , a ako zemes stan na kreid rizikot e mnogu golem davas ucestvo , plakjas rati a ne nzaes sto ke se slucuva po 10 godini ke nemas da plakaj kreditot ti otide i ucestvoft i raite so si gi plakjal a ke ostanuvas vo ulica , pozdrav
Од: jovan
Датум: 24.09.2010 13:41:08
Kako i da vrtis, kirijata e sekogas najlosoto resenie. Ne za dzabe rekle deka najudoben zivot e zivot od rentierstvo ili lihvarstvo.
Од: Трпе
Датум: 24.09.2010 13:59:30
Ни отидоа младите курбан.Никој не спомнува колкави се платите во Македонија.Само се зборува за некој просек.Нашите млади не се крдитоспособни.Затоа чекат момент да фатат јабана.Полесно е ако имат околу 30 илјади евра готовина.Но од каде кога и нивните родители биле чесни пролетери и тие остануват истите.Државата треба да се погрижи да се зголемат вработувањата и стандардот.Цените на становите се многу слични со цените во Германија и во Австрија.Кој може да биде паметен што може да се случи за 30 години и дали работното место ке му биде сигурно.Ако се изгуби едно работно место тешко да се најде друго.А за постари од 40 години и да не стане збор.
Од: јас
Датум: 24.09.2010 14:55:54
Зошто така ги поставувате работите?Секој сака да има стан во центарот на Скопје и да плати 1000 евра од квадрат..Па не може цела Македонија да се смести во центарот на Скопје? За 20-30000 евра се купува солидна куќа ( зошто па да биде стан ) во провинција , како што вие „централни скопјани “ милувате да кажете за остатокот од Македонија...
Од: Milan
Датум: 24.09.2010 15:43:05
Kaj nas se e svrteno naopaku,pa zatoa i ovie nelogicnosti so cenite na stanovite,kiriite i goleminata na platata.Kvadrat vo"eliten"kvart 1300 evra, a kirijata za 60kvadrati 250 evra ili 30setina godini za da go otplatis so kirija.Vo svetot kirija-cena na stan e do 15godini maximum da go otplatis so kirija.Drugo:"eliten"kvart od tipot na debar malo kade sto nemas parking,imas sokaci a ne ulici,balkonot ti gleda vo WCto na komsijata a dnevnata ti gleda vo spalnata na komsijata e kvart za"emigranti" i sirotinja,a takvite kvartovi se narekuvaat geto a ne elitna naselba.Treba da se stavi red sto znaci i sto treba da pruzi elitna naselba a ne samo da se lupaat ceni. Za nekakva elitna naselba moze da vazi samo Taftalidze sega za sega(dodeka ne go unistat),kade sto ima solidni ulici,prostor,parkovi.Se drugo e "geto"i ne gi zasluzuva tie ceni.
Од: Mile
Датум: 24.09.2010 16:30:09
Поисплатливо е да се живее под кирија барем додека не ги намалат каматите на разумно ниво инаку во пресметките за купен стан фалат и 2-3 реновирања данок на имот и слични давачки плус ризик ако не успееш да платиш некоја рата да речеме тамн пред да го завршиш кредитот. Единствено решение е да се либерализира пазарот на кредити со странски банки од овие нашите не бива.....
Од: ФЕЛИКС
Датум: 24.09.2010 19:16:36
Анализата е во контрадикциј�� со опозициската идеа викано ,,бескаметен кредит,,За посочените 72.000 кредит без камата ќе може не еден туку два стана да се купат.Ратата ќе биде 200 евра но со издавање под кирија на едниот стан ќе се покрие дури нешто може и да остане.Владата под итно да го стави овој блескав предлог на дневен ред.Се надевам дека Феличита ќе се сложи со предходното.
Од: svetlana - amsterdam
Датум: 24.09.2010 20:33:28
moram da kazam deka bev vo holandija a tamu site zievat pod kirija i i nikoj nema svoja stan i moram da kazam deka osven vo makedonia tamu konkretno retko koj kupuva stan verojatno vo makedonia ziveat bogati luge a tamu siromasni ......drugo jas ziveev vo amsterdam i moram da priznam kiriite se ot 500 evra vo centralen amsterdam do 3.000 evra i toa ot 50 do 100 kv namesteni drugo cenite vo makedonia na nedvizen imot se visoki i ne se vo standard vo holandija eden stan e 100 .000 evra no edna plata na prodavacka e 3.000 evra znaci vo skopje edna plata e 200 evra penzija 200 evra a cenite se na nedvizen imot kako da zivee madona i gorg majkl vo mk drugo holandija dava socijalna pomos ot 2.000 evra a drzavata ja plaka kirijata drugo vo holandija nema gragani sto nemaat kade da ziveat dokolku nemaat drzavat im dava stanovi pod kirija po namalena cena
Од: Ace od Melbourne
Датум: 25.09.2010 02:26:17
Mnogu e podobro da zemete stan na dolgorocen kredit (taka pravat sekade na zapadot). Finalniot rezultat e posladok. Vie ili vasite deca ke imaat svoja kuka ili stan. A vo meguvreme gospod ke vi pomozi - mozda lotarija ke dobiete ili poubava rabota ili druga sreka. Trik vo odplakanjeto na dolgorocen kredit e da odplakate sto poveke(duplo vo sporedba so kamatata na mesec) vo prvite 2-3 godini. Ako plakate redovna stapka, ke terate 30 godini i ke gi 'hranite' bankarite. Ne e lesno, ama poubavo e da zivees vo svoja kukicka nego nekoj da vi tropa na vrata stalno i ja zgolemuva kirijata koga ke mu padne na pamet. So sreka na mladite samci ili bracni dvojki...'Trevata ne sekogas pozelena na drugata strana'
Од: mkd
Датум: 25.09.2010 09:34:03
Analizata e OK. Razlikata e 50.000 evra ako se iznajmuva sto ne e mala, vtoro sto ako se ostane bez rabota ??? Togas vlozenite pari ti odat vo veter. Sto ako padnat cenite na stanovite kako sega vo svetski ramki???? Otplakas stan od 100.000 evra a realno cini 70.000???? Kaj nas za da se ublazi krizata drzavata treba da gradi i izdava pod subvencionirani uslovi stanovi ne pogolemi od 60 m2 a po finansisko zajaknuvanje na drzavata da se misli na drugi solucii

Најди! во Утрински
Економија
Економијата падни-стани
Регулаторна добива засилени надлежности
Почна продажбата на земјиште за евро
Гејтс и натаму најбогат Американец
Цел ден аргатите копаат за 200 денари



"""



Contributors to WAZ.EUobserver
Railway joint venture to make train travel in Balkans faster
Ivo Sanader – Croatia's ex-prime minister gone missing