23.09.2010, 18:02 Почна продажбата на земјиште за евро
Две градежни парцели во општината Кичево се првите локации градежно неизградено државно земјиште што се продава на јавна лицитација со почетна цена од едно евро квадрат. Парцелите со вкупна површина од 2.808 квадратни метри се наменети за изградба на објекти за мало стопанство.
Министерството за транспорт и врски вчера распиша јавен оглас за отуѓување на државното земјиште во Кичево по пат на јавно наддавање со почетна цена од едно евро квадратен метар. Од Министерството информираат дека наскоро ќе има јавни објави за отуѓување градежно земјиште наменето за изградба на стопанско-производни објекти и во Охрид, Ѓорче Петров, Илинден, Демир Капија, Струмица, Штип и Велес, додека во Охрид, Скопје, Штип, Делчево, Кратово и на граничниот премин Меџитлија за изградба на хотели. (Б.А.) |