Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
18.10.2011, 16:10
Литванија идеална за успешен старт




Македонските ракометарки утре вечер во „Кале“ ги почнуваат квалификациите за ЕП 2012.

Литванија не е толку силен противник за да не можеме да го победиме, смета поранешната ракометна репрезентативка на Македонија, Наталија Тодоровска, сега помошник на селекторот Гино Стрезовски. Тој, пак, би бил задоволен со каква било победа утре вечер од 20 ч. во СРЦ „Кале“, кога неговите избранички ќе стартуваат во квалификациите за Европското првенство 2012 во Холандија против аутсајдерот во четвртата група. Половина час претходно фаворитот Франција ќе ја пречека Турција во Мец, а на ЕП во декември в година ќе се пласираат двете најдобри селекции од групата.

„Ни одговара секој резултат што значи победа над Литванките. Без оглед на информациите дека доаѓаат без четири стандардни репрезентативки, во натпреварот ќе влеземе максимално. Нема што да криеме или некого да одмораме, бидејќи добро се познаваме со нашиот следен противник Турција“, вели Стрезовски.

„Свесни сме дека ова е можеби последна ваква реална можност за оваа генерација да се пласира на ЕП. Затоа, ќе сториме се' успешно да ги поминеме овие квалификации, но првиот чекор е да се победи Литванија“, додава заменик-капитенот Мирјета Бајрамовска.

Октомврискиот минициклус од два меча Македонија ќе го одигра без повредените интернационалки Јулија Портјанко и Ленче Илкова, а Драгица Кресоја откажа поради клупски обврски. Од ракометарките што минатата седмица ги почнаа подготовките во Прилеп отпаднаа Савица Мркиќ, Драгица Митрова и Мери Адамчевска.

„Со победа над Литванија, гостувањето во Анталија в недела би било шлаг за полесно влегување во овие квалификации, во кои за успех го сметам само пласманот на ЕП. Тоа е нашиот основен мотив, се' друго би било слаб резултат“, смета селекторот Стрезовски.

Македонија и Литванија се сретнаа и пред две години во квалификациите за претходниот еврошампионат во Данска и во Норвешка. Тогаш лесно излеговме на крај со селекцијата со која македонската женска ракометна репрезентација пред 17 години во Битола го одигра првиот официјален натпревар. Македонија ги доби и двете средби - во Скопје беше 32:24, а во реваншот во Каунас 33:19. (Р.Д.)













Статијата е прочитана 620 пати.

Испрати коментар



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -2°C

Облачно

Среда
Ведро
Макс: 2°C, Мин: -7°C

Четврток
Делумно облачно
Макс: 2°C, Мин: -5°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |