|
|
|
|
|
|
Популизмот ја подгрева недовербата кон ЕУ
Според последната анкета на „Дневник“, дури 60 отсто од граѓаните не веруваат во политиките на Унијата. Односот на Владата спрема процесот на интегрирањето има голем придонес за падот на довербата кон ЕУ, сметаат аналитичарите
Оливера Војновска
Европскиот ентузијазам незапирливо паѓа откако Македонија веќе неколку години не успева да направи исчекор на евроатлантскиот пат. Нерешавањето на долгогодишниот спор со јужниот сосед се наметна како услов за влез во НАТО и во ЕУ и дополнително го подгреа евроскептицизимот. Политичките аналитичари велат дека е очекувано да се намалува довербата кон Европската унија, како што покажа последната анкета на „Дневник“, според која дури 60 отсто од граѓаните не веруваат во политиките на ЕУ. Но, предупредуваат дека е опасно кога евроскептицизмот се промовира или се подгрева од високи државни функционери.
Истражувањето што за „Дневник“ го направи агенцијата „Рејтинг“ покажа дека 72 процента од етничките Македонци „немаат доверба“ во политиките на Унијата кон Македонија, а големо мнози��ство од 74 проценти кај етничките Албанци „имаат доверба“.
Поранешниот амбасадор во Брисел и претседателски кандидат на последните избори, Нано Ружин, смета дека истражувањето е рефлексија на амбиентот што се креира во јавноста за односот на ЕУ и на НАТО кон решавањето на проблемот со името. „Во тој контекст, кај Македонците постои чувство на неправичност. Додека, пак, кај албанскиот дел е акцентирано прашањето на евроатлантските интеграции како стратегиска цел на државата, и тоа е константа“, вели Ружин. Според него, кај македонскиот народ постои и чувство на историска неправда.
Направена уште со Букурешкиот договор во 1913 година, а потоа и со Лисабонската декларација за признавање на државата со име што нема да го вклучува терминот Македонија. Ружин потсетува на појавата на евроскептицизмот по неуспехот на Самитот на НАТО во Букурешт, кога во јавноста беше видлива разочараноста дека меѓународната заедница нема респект за чувствата, достоинството и интегритетот на Македонците. „Значаен придонес за ваквата атмосфера имаат популистичките манири на власта, особено испадите на одредени функционери на владејачката партија. Од високи владини претставници беа упатувани навреди спрема дипломатите на ЕУ. Дури беше ставен во прашање нивниот дипломатски капацитет и беа посочувани како антимакедонски ориентирани личности“, потенцира Ружин.
И аналитичарот Сефер Тахири нагласува дека политиката на Владата и позицијата кон ЕУ има значајно влијание во создавањето на општиот амбиент во државата. „Односот на Владата спрема процесот на интегрирање има голем придонес за падот на довербата кон ЕУ. Изјавите на врвни функционери од владејачката партија дека Македонија има алтернатива на ЕУ и на НАТО, иако не сме чуле која е таа резервна опција, придонесуваат граѓаните да мислат дека перспективите може да се бараат и надвор од ЕУ“, истакнува тој.
Негативното расположение на Македонците спрема политиката на ЕУ, според Тахири, се должи на изневерените надежи дека Унијата ќе ја притисне Грција да попушти за името. „Иако ЕУ има прилично неутрален став за ова прашање, мислам дека очекувањата кај македонскиот дел беа дека ќе биде извршен притисок врз Грција. Унијата бара да се најде заедничко решение за двете држави, а перцепцијата кај добар дел од Македонците е дека бара промена на името“, вели Тахири. Убеден е дека натамошното одолговлекување на интеграцијата на Македонија се' повеќе ќе ја намалува довербата на граѓаните кон ЕУ. За него е разбирлив високиот процент поддршка што го искажуваат Албанците, бидејќи нив не ги тангира проблемот со името и севкупниот корпус прашања околу идентитетот на Македонците. „Албанците емоционално не се поврзани со проблемот за името и на евроинтеграциите гледаат како на процес што ќе им обезбеди подобра иднина“, посочува тој.
Инаку, во анкетата на „Дневник“, на прашањето:„Колку се согласувате со тврдењето: Владата посветено работи на влезот на Македонија во НАТО и во ЕУ?“, 51 отсто од испитаниците одговориле „не се согласуваме“, а 41 процент „се согласуваме“. За тоа дали во последните 12 месеци Македонија ги има зголемено или намалено своите шанси за членство во ЕУ, 25 проценти се изјасниле „зголемено“ , 32 отсто „намалено“, а 42 процента „ниту зголемено ниту намалено“. (О.В.)
|
#
|
Статијата е прочитана 1149 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: tihi |
Датум: 04.12.2010 13:55:20 |
|
Ako sudijata ti dosuduva nepostoecki penal vo 90ta min. pri 0:0.Sigurno deka gnevot ke bide kon nego , a ne kon golmanot ako primi gol. Bez razlika dali sme negovi navivaci. |
|
|
|
|
|
|
Од: Prle |
Датум: 04.12.2010 14:33:42 |
|
Sudijata e kriv za se!A sto ako penalot e pri rezultar 1:1 ili 2:2?!Kutricko! |
|
|
|
|
|
|
Од: Trpce |
Датум: 04.12.2010 14:48:37 |
|
ne e samo poradi imto... EU go iygubi kredibilitetot otkako padna na ucenite na Island i Grcija koj apla si baraat pari kolku sakaat. Sega i Irska yaglavi, a se šuška i za Portugal, Španija ... ITALIJA ??... nešto e trulo vo državata EU ??
.. a zošto Norveška i Švajcarija nejkata vo EU ?? pa i Avstrija sakaše da izleze pred 5-6 godini ama na kancelarot EU mu izvadija prikaski deka e fašist.. |
|
|
|
|
|
|
Од: oko |
Датум: 04.12.2010 15:59:15 |
|
Dali e populizmot ili nepravdite i principot morkov i stap...Dali sepak ne e nepocituvanjeto na BENCHMARKOVITE od EU ili postojanite "novi baranja".....Dali populizmot ili totalniot potcenuvacki odnos kon Makedonija......Eve javno go prasuvam UTRINSKI....dali vie kako novinari a pred se kako Makedonci se soglasuvate da Makedonija go smeni imeto za vlez vo unijata >>..Ve prasuvam kako luge ne kako opozicioneri protivnici na vladata novinari kriticari i sl. |
|
|
|
|
|
|
Од: ФЕЛИКС |
Датум: 04.12.2010 17:55:18 |
|
Нема потреба од барање алиби за никаквото однесување на бирократите од Брисел кон нас,ај што го подценувате сопствениот народ да демек е поводлив кон популизмот туку и не ги следите најновите ,,модни трендови,,кој секидневно се пласираат на оној портал Викиликс чии сопственик во немање контра аргументи сакаат да го апсат.Добра лектира е за нас прикажаното однесување на европејците. |
|
|
|
|
|
|
Од: nekoj |
Датум: 04.12.2010 18:45:49 |
|
Celo vreme se manipulira so "imeto" na Makedonija. Mislam deka EU treba da go preformulira problemot, zasto ocigledno na vmro-vcite ne im e jasno. Eve vaka: vo EU ne moze da postoite kako BEZIMENA zemja. Nie oficijalno nemame ime. FYROM e privremena referenca. EU nitu ednas ne rece, ne se vikajte Makedonija. Tuku resete go problemot so Grcija. Nase e so sto ke ja zamenime referencata FYROM? Ako sakate so Makedonija, togas bi bilo dobro da sednete na masa so Grcija e veke ednas da se dogovorite. NA sekoj normalen evropeec niti mu e jasno zosto Grcija ne osporuva, niti im e jasno kako moze vo denesen 21 vek, srede EVropa, da se ima pretenzii konn tugi teritorii, da se provocira i krade tuga istorija. Toa e navistina maloumno. |
|
|
|
|
|
|
Од: gragjanin |
Датум: 04.12.2010 19:35:13 |
|
Prvo da vlezeme vo EU, pa od taa ladovina, kje ja kritikuvame |
|
|
|
|
|
|
Од: mk |
Датум: 04.12.2010 22:52:15 |
|
Evropa vo sekoj pogled e daleku pred nas,da se priblizime treba mnogu da storime ne samo so beng markite,a za imeto se soglasuvam da nne se podlegne na ucenite id Grcija. |
|
|
|
|
|
|
Од: a bre makedonce |
Датум: 05.12.2010 09:25:06 |
|
promena na imeto,pa posle na identitetot,pa na jazikot,se za da se vleze vo EU........a bre makedonce |
|
|
|
|
|
|
Од: Vancho |
Датум: 05.12.2010 17:31:31 |
|
Ako grcite si promenat svojeto ime i nie ke go promenime nasheto.Nie im trebame na EU i na Grcija ,Portugalija,Italija i mnogu drugi za koi Makedonija ke Raboti vishe ako vleze vo EU.A MK.politichari da mrdnat svojot Zadnik i neka baraat Rabota a so EU -Makedonija ke bide samo vishe kontrolirana vo sve.Zaboravete da ke vi dadat pravo da rabotite vo EU zemji. |
|
|
|
|
|
|
|
|