Казни за игротеки
Ќе бидат санкционирани сите регистрирани игротеки што работат без дозвола како градинки, најави вчера министерот за труд и социјална политика, Џељаљ Бајрами. „Добивме сознанија дека повеќето игротеки што се регистрирани како такви функционираат како градинки без дозвола. Ни претстои огромна работа во тој дел, бидејќи ќе треба да ги провериме игротеките во речиси сите градови и да утврдиме како функционираат. Сите што работат како градинки, а се регистрирани како игротеки, ќе бидат санкционирани“, рече Бајрами. (П.Р.) |