Број 3437  сабота, 20 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Втора страница

Поглед

Усти полни молк

Слободанка Јовановска

Се утепавме од работа. Каде се нашите државници и дипломатите во светот да помогнат?

Вака реагираше вчера Обединетата македонска дијаспора, која со недели обезбедува поддршка од лоби-групи, политичари и од јавни личности во САД, Канада и во Франција за да го разбуди интересот за македонската кандидатура за членство во Алијансата. На македонска страна се построија хрватската, турската и унгарската лоби-заедница во САД, кои испраќаа писма до претседателот Барак Обама, до државната секретарка Хилари Клинтон и до секретарот за одбрана Роберт Гејтс, барајќи да се вреднуваат постигнувањата и придонесот на Македонија. Писма испратија и конгресмени, фондацијата „Херитиџ“, канадски функционери, француски градоначалник, а ОМД и сама му напиша на лидерот на САД пред да полета на самитот на НАТО во Португалија. Каде беа и што правеа за тоа време функционерите од власта и македонската дипломатија? Зошто ниту едно писмо за поддршка не пристигна на адреса на ниту една влада во Европа или од Европа?

Место да го убедуваат светот, тие ја убедуваа јавноста дома дека извештајот на ЕК не бил црн како што тврдат опозицијата и медиумите, а пишуваа и писма, ама не за НАТО, туку како да ни го именуваат јазикот во документите. Од деталите не ја видоа големата слика и, место да работат на поканата, си губеа време со патриотски изјави дека правдата кога-тогаш ќе биде на наша страна. Еден ден пред самитот шефот на дипломатијата садеше дрвца место да ја промовира позицијата со која оди во Португалија, а оваа акција потроши толкава енергија и внимание од власта што, гледано од Лисабон, од Брисел или од Вашингтон, прашањето би било кој ја води Македонија во НАТО, ОМД или Владата?


#
Статијата е прочитана 1897 пати.

Испрати коментар

Од: ФЕЛИКС
Датум: 20.11.2010 12:10:21
Некој тука се прави како да незнае во што е работата па се исчудува што се случува.Па зарем на почитуваната новинарка некој треба да и објаснува да влезот е во корелација со името.Ако се унередиме по теркот на соседот и тукашната опозиција портите се широм отворени,но во очите на сопствениот народ и ретките странски пријатели ќе бидем ,,чергиче за бришење нозе,,
Од: Makedonka
Датум: 20.11.2010 15:14:34
Izleze deka Obidenetata Makedoska Dijaspora mnogu povece ne samo sto se grizi, tuku i raboti za dobroto na Makedonija. Pisma, sredbi, molbi, prijatelski vrski, seto toa e golem napor za lugjeto od OMD, a sepak uspevaat mnogu povece da napravat. Sram za Vladata, se gleda deka ne ja intersira evropskata i civilizaciska idnina na Makedonija.
Од: SMK
Датум: 20.11.2010 15:29:07
Vo naukata e potvrdeno deka postoi samo slednata Strategija za Imeto: 1. Generalnoto Sobranieto na OON bara od Megunarodniot sud za pravda Sovetodavnoto mislenje za legalitetot na Ref. BJRM i pridruzeniot rikvjerment za pregovorite/razgovorite za praven identitet na drzavata (ustavnoto ime), a potoa 2. razgleduvanje rezolucijata (na Sobranieto na ON) vo Megunarodniot sud za pravda vo Hag vo vrska so legalitet. Ke se razgleduva rezolucija - prasanje od ON (za Sud): Da li referencta BJRM e legalana, i da li se legani pregovorite za sopstveniot praven identitet sodrzani vo Res.na ON za priem na apl. pod br... vo ON? Za postavuvanje ova prasanje od Sobranieto do sudot ke treba podrska od najmalku 41 drzava, a pred se od Nevrzanite zemji. (vo srpskiot slucaj tie dale duri 77 glasa ZA postavuvanje prasanje do sudot vo Hag, znaci i vo Mak. slucaj brojka ke bide okolu 55 drzavi ZA , najmalku!)So dobivanje mislenje od sudot, Generalnoto sobranie na OON ke vospostavi RM vo svojata rabota
Од: sande
Датум: 21.11.2010 00:56:18
ne znam dali od strana poubavo se gleda no go imam toa slusnato od igraci na sah pa veruvam deka e taka. Dali navistina makedonskata javnost i gradjaniye na RM se slebi, zabudaleni so isprani mozoci ili ne znam sto vece bidejki celo vreme citam nebulozi od citateli, novinari , profesori i od koj uste ne. Kako prvo na sekij mu e jasno deka segasnava pa i prethodnata garnitura NE saka da vleze vo EU i NATO. Dokaz , ne gi interesiraat fondovi od EU bidejki ne mozat od niv da kradat, ima kontrola a stom ne mozat da kradat zosto im se za napredokot na drzavata ili za poviok standard na ludjeto, ajde ti se molam.koj videl dosega za 20 godini nekoj da dal od sebe za dobro na drzavata ili narodot tuku obratno sita ,ama bas SITE se imaat ofajdeno od moznostite sto gi dobiva so vleguvanje vo vlast. I vtoro za brojot na ,,kradacite,, kolku se vo moznost za vrsenje na takvo popolnuvanje na budzetot i makedonija bez vleaz vo EU i NATO e prebogata, samo sto narodot e siromasen ama za nego posle
Од: Ајван Доктор®
Датум: 22.11.2010 08:33:06
Читајќи ги извештаите на Бладата,наместо оние на ЕУ,се занесуваме дека сè е остварено и дека ни останува единствено проблемот со името!Знаат во ЕУ дека постојано патиме од пречки во развојот,поништувајќи ги европските правила на игра!Странскиот капитал избегнува да инверстира во РМ,добро запознаен со идејата,дека уште утре,вложеното може да му се претвори во приватна сопственост на Матните сурати од „нашиот“сокак!За оние кои бладаат за некаква „нелегална референца“,нека ја прочитаат резолуцијата за признавање на државата која за сите потреби на ОН ќе се нарекува FYROM!Таму сè е легално,а РМ се согласила на ваквиот назив „сè додека не се реши спорното име“!Дали е легална резолуцијата?!Наместо усредоточување на решавање на реалните проблеми во државата (подобрување на состојбите во економијата,здравството,образованието,правото,администрирањето...) „нашите“се занимаваат со проблеми од далечното минато,докажувајќи кој е поголем Македонец,амебата,или оние што живеат на туѓата сметка!

Најди! во Утрински
Втора страница
Стравот уште повеќе им го качи шеќерот
Вербатим
Почна самитот на нашите разочарувања
ЛАОС ги разгоре страстите за спорот околу името
 


Moldovan president rejects treaty with Romania as 'illegal'
Balkans must fight harder against organised crime, says EU
New Hungarian media law proves controversial