Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Едиторијал Анализа Мислења Свет Култура Спорт Скопје Забава Некролог Хороскоп Што прават денеска Стил
Втора страница
19.11.2010, 17:36

Почна самитот на нашите разочарувања

Веројатноста Македонија да биде тема во Лисабон
е многу мала

Самитот, кој толку многу се употребуваше како временски рок дали Македонија ќе тргне напред или не, почна вчера во Лисабон, но шансите за позитивна одлука за нашата држава и пред да почне личеа на илузија. Македонската делегација, во која се претседателот Ѓорге Иванов и министрите за одбрана и за надворешни работи, Зоран Коњановски и Антонио Милошоски, на самитот ќе учествуваат во „втора постава“, како дел од расправата за мисијата на НАТО во Авганистан. Македонија официјално не е тема на агендата на лидерите на Алијансата, а генералниот секретар, Андерс Хог Расмусен, веќе најави дека без решен спор за името нема шанси за прогрес околу поканата за нашата земја да стане членка на НАТО.

Лисабон е третиот самит од април 2008 година, кога Македонија доживеа шок во Букурешт, па молкот што го следеше неговото одржување деновиве покажа колку, само за две години, земјата успеа да се оддалечи од Алијансата. Без решение за името, со илузија дека може да се случи прием со референцата и со најави дека ќе се бара промена на заклучокот од Букурешт, нашата делегација е во невозможна мисија во португалската престолнина. Според најавите, претседателот Иванов ќе ја потврди стратегиската определба за влез во НАТО, но и ќе побара еднаков третман за сите што учествуваат во операциите на Алијансата, уште повеќе што Македонија е на врвот според бројот на војници што се борат под знамето на НАТО.

На состанокот на лидерите на земјите-придонесувачи во мисијата на Алијансата во Авганистан ќе се расправа за обезбедување дополнителни ресурси за потребите на мисијата, а во тој контекст ќе се обрати и претседателот Иванов. На состанокот ќе бидат присутни претседателот на Авганистан, Хамид Карзаи, генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун, претседателите на ЕУ - Херман Ван Ромпуј, на ЕК - Жозе Мануел Баросо и на Светска банка - Роберт Зелик. Исто така, ќе биде одржана средба на шефовите на делегациите на Јадранската повелба - Македонија, Албанија, Хрватска, Црна Гора и БиХ. Проширувањето воопшто нема да биде тема на самитот, но Македонија ќе се најде во заклучоците со пораката што ни е позната од Букурешт.

На самитот му претходеше силна кампања за поддршка за членство на Македонија од страна на Обединетата македонска дијаспора, која, наспроти контроверзните изјави од власта, обезбеди јавна поддршка од влијателни заедници, конгресмени и политичари во САД, Канада и во Франција. ОМД испрати писмо и до американскиот претседател Барак Обама со барање за јасна и силна порака до членките на НАТО дека Македонија треба да добие формална покана да и' се придружи на Алијансата на самит во Лисабон. Во писмото се истакнува дека, иако Македонија не е членка на НАТО, нејзиниот придонес кон мирот, демократијата, стабилноста и сигурноста во Југоисточна Европа и секаде во светот јасно покажува дека земјата е близок сојузник на САД и оти подолго време се однесува како членка на Алијансата. Засега нема најави дека американскиот лидер, сепак, ќе го отвори проблемот со Македонија во Лисабон.

Се очекува претседателот Иванов во Лисабон да оствари билатерални средби, но со кого и кога се' уште не е најавено. По правило, на самитите на НАТО нашите делегации ги предводеа претседателите на државата, со исклучок на Букурешт каде што, покрај шефот на државата, беше и премиерот Никола Груевски, додека во Стразбур не беше поканет никој од Македонија. (Н.Р.)


Статијата е прочитана 3255 пати.

Испрати коментар



Усти полни молк
Вербатим
Стравот уште повеќе им го качи шеќерот
ЛАОС ги разгоре страстите за спорот околу името



Vlav, 20.11.2010 12:43:03
Јас не знам како уште може Европа и Америка да им објасни на нашите изматуфени политичари дека треба да работат на решавање на проблемот со името и доколку го решат тоа, да се јават пред портите на НАТО. Тврдоглавоста на оваа гарниура политичари може дебело да ја чини државата. Ако на Европа и Америка и дојде преку глава од нас, може да се случи и ова што ни го овозможуваат, да го симнат од дневен ред, нешто слично како со повторното воведување на визи за Македонија. Ако нашите не знаат како да ја водат надворешната политика, тогаш нека се повикаат на народната изрека: ``Ако некој ти рече дека си пијан ти да му речиш дека не си. Меѓутоа, ако 10 души ти речат ти си пијан, тогаш почнувај да се нуркаш.``
Svetski Maked. Kongres, 20.11.2010 15:28:00
Vo naukata e potvrdeno deka postoi samo slednata Strategija za Imeto: 1. Generalnoto Sobranieto na OON bara od Megunarodniot sud za pravda Sovetodavnoto mislenje za legalitetot na Ref. BJRM i pridruzeniot rikvjerment za pregovorite/razgovorite za praven identitet na drzavata (ustavnoto ime), a potoa 2. razgleduvanje rezolucijata (na Sobranieto na ON) vo Megunarodniot sud za pravda vo Hag vo vrska so legalitet. Ke se razgleduva rezolucija - prasanje od ON (za Sud): Da li referencta BJRM e legalana, i da li se legani pregovorite za sopstveniot praven identitet sodrzani vo Res.na ON za priem na apl. pod br... vo ON? Za postavuvanje ova prasanje od Sobranieto do sudot ke treba podrska od najmalku 41 drzava, a pred se od Nevrzanite zemji. (vo srpskiot slucaj tie dale duri 77 glasa ZA postavuvanje prasanje do sudot vo Hag, znaci i vo Mak. slucaj brojka ke bide okolu 55 drzavi ZA , najmalku!)So dobivanje mislenje od sudot, Generalnoto sobranie na OON ke vospostavi RM vo svojata rabota
dalton, 20.11.2010 16:20:56
Za Vlavot !- ostavigo vlaskoto razmisluvanje za licen interes!!!!
do "svetski maked. kongres...", 20.11.2010 17:09:53
I sto ako ON utvdi deka referencta e nelegalna? Ke treba da se najde legalno ime, ama ne se nadevajte deka toa ke bide RM :D
razocharani, 20.11.2010 18:06:31
namesto ova da vi e glavna tema na naslovna, vie ste go stavile vo sporednite! Sramota, vo shto se pretvori vesnikot?! Go izgubivte likot.Stanavte bezlichni, shteta za upropasuvanjeto na edinstveniot seiozen vesnik vo Makedonija
Од Мене до Вас, 20.11.2010 18:23:45
До вас и Влав = дали треба да ни се тресат коските ако кивне САД или Европа. Ако тие бараат ние да се однесуваме морално дали тие се морални? Не понижуваат и ни кажуваат што е правда. А самите се нај неморални и најнеправедни вештачки творевини кои еден ден ќе пропаднат како Римската империја. Ако не им се допаѓа нашето име и презиме Македонија Македон-ец/ка тоа е нивни проблем и нека се лечат. Па не е крај на светот без НАТО и ЕУ каде корупцијата е начин на продавање свои производ�� во трети земји и владеење каде незнаењето и стравот е водечката сила.
Seenje magli i lagi, 20.11.2010 19:24:47
Ovaj od Svet. Maked. Kongres ni raskazuva bajki. Taka mislel nivniot Todorce, ama ne e taka. Go spomenuvaat gereralnoito sobranie i medjunarodniot sud , a zaboravaat da go spomenat Sovetot za bezbednost na ON koj gi donesuva najvaznite odluki i najmalku dve , a mozebi i 3 od stalnite clenki na Sovetot ce stavat VETO na odlukata.Pokraj toa dobro e poznato deka odlukata na Medjunarodniot sud ne e obvrzuvacka i izvrsna Zatoa prestanete da seete lagi i magli i da go zalazuvate neinformiraniot narod.
Ljubotan -Trade Name!, 20.11.2010 22:59:48
Trosene pari i exskurzia ,da se vidi i Lisabon so celata Skopska Svita1 A be Lugje ! Nekoj rece Diskriminacija,Ovde nema diskriminacija,:Kolku Pari Tolku i Muzika!Ako se broi % na Vojnicite od Makedonija ,taa nema Glas .Za da imas glas, moras da imas najmalku 1 %. isto kako i Share Holder. inaku koj si Ti? Taka Zapadot Raboti
bale, 21.11.2010 00:09:12
Sto ke ni e NATO??????? ke si sadime so Grujo drvca.......................
Makedonec, 21.11.2010 03:11:13
Za Од Мене до Вас. Bas ubavo go kaza sto ne mi ostanuva nisto da dodadam osven da go povtoram i se nadevam ostanatite ke go procitaat i ke se ZADUMAAT!!! До вас и Влав = дали треба да ни се тресат коските ако кивне САД или Европа. Ако тие бараат ние да се однесуваме морално дали тие се морални? Не понижуваат и ни кажуваат што е правда. А самите се нај неморални и најнеправедни вештачки творевини кои еден ден ќе пропаднат како Римската империја. Ако не им се допаѓа нашето име и презиме Македонија Македон-ец/ка тоа е нивни проблем и нека се лечат. Па не е крај на светот без НАТО и ЕУ каде корупцијата е начин на продавање свои производи во трети земји и владеење каде незнаењето и стравот е водечката сила.
Otstapuvanje od standardite, 21.11.2010 08:28:29
,,Razocarani,, dobro zabelezuva deka NM, od navistina objektiven vesnik, koj mozese da sluzi kako primer za toa kako se pravi vesnik vo drzavata, postepeno postanuva ,,portokalov,, i dokolku prodolzi vaka moze da go zagrozi i tabloidot ,,Vecer,,. Znam deka gazdite imaat golemo vlijanie na ureduvackata politika, no dobro bi bilo novinarite da se izborat kaj gazda Minco za pogolema samostojnost!
ФЕЛИКС, 21.11.2010 09:39:52
Ме прашува шаховскиот чирак кој е мојот став за името.Само двојна формула и ништо друго,можеби некој ќе тврди да соседот одбива вакво нешто па и ние одбиваме (барем повеќето)ерга омнес употреба.Инаку опозиционерите бараат алтернатива од власта за невлегување во ЕУ и НАТО,досега се изјаснивме како народ да нема алтернатива да се влезе таму унереден,понижен и никаков.
snajper, 21.11.2010 20:12:40
tocno, zapocnuva razocarubanjeto na branko i grujo.. tuka ke im bidi krajot na tie predavnici..
Феличита, 22.11.2010 07:59:11
Среќко,ти си сеуште на ставот од твојата матична партија СДСМ?Па тој став тие го напуштија,како и твојата нова партија ДПМНЕ.Се сеќаваш со кој предлог отиде Груевски Букурешт (Република Македонија (Скопје))?Си чул за „разумниот компромис“ на Џоле?Ај што не научи ниеден нов збор додека одмараше,но и не гледаш што се случува!Твоите ,од страв,ќе го влечат проблемот,дури да им помине мандатот.Инаку,кога одат надвор,ги кршат рачињата и вртат со очињата и ветуваат посветеност и просветленост!
Trpe, 22.11.2010 09:24:42
abe ke go prasha nekoj Belobradestiot zoshto IRSKA NE E vo Nato ???.. a ne e i Malta, multinacionalna, multireligisko drzavice vo blizina na Libija ... ajde za Svedska, Svajcarija i Avstrija znam od porano deka ne se.. ..b.t.w. nitu na Srbija , pa i na Crna Gora nikoj ne im se zakanuva so vnatreshi nemiri ako vednash ne vleze vo Nato .. aj zad Srbija e Rusija, ama Crna Gora e pomala od nas , ima malcinstva, ima i potencijalni zarishta po kriteriumot na EU, se granici so Kosovo i Sandjak ?? ama muva ne gi laze..

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 17°C

Делумно облачно

Сабота
Локални грмотевици
Макс: 26°C, Мин: 13°C

Недела
Обилни врнежи
Макс: 22°C, Мин: 13°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Во Конго отриен нов вид мајмун
Овој вид мајмуни локалните жители ги нарекуваат лесула, а нивните задници имаат специфична сина боја...
Стогодишник се` уште работи во „Волмарт“
Највозрасниот работник во САД има 100 години и веќе 29 годи��и работи во супермаркет на „Волмарт“ во Канзас...
Жителите на Фокландските Острови се сметаат за Фокландери
Според пописот Островјаните се гледаат себеси како жители на самостојна прекуморска територија и бараат од Аргентина да ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Едиторијал | Анализа | Мислења | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Некролог | Хороскоп | Што прават денеска | Стил |