Број 3403  сабота, 09 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter
Хроника

Скандалозен старт на судењето за убиството кај Универзална сала

Судењето на обвинетите Лесковица и Хаџибулиќ прерасна во фарса

Љубиша Станковиќ


„Сакам видеобим. Се' сакам, само Вас повеќе не сакам да Ве гледам. Полиција, ставете ми лисици и водете ме во Шутка. Вие сте теророрист како Ал Каеда. Овде нема ниту ’П’ од правда!“, ова беа последните зборови што и' ги упати Харун Хаџибулиќ (45) на судијаката Ирина Петровска, а потоа самоволно ја напушти судницата во која освен нему, за убиството на Мирсад Кријешторац му се суди и на обвинетиот Јасмин Лесковица (22).

Цели три часа траеја расправиите меѓу судијката Ирина Петровска од една страна, и обвинетиот Хаџибулиќ и адвокатот Мирослав Вујиќ, од друга страна. Адвокатот Вујиќ инсистираше на одговор од судот на неговото барање за изземање на Судскиот совет што го доставил на 27 септември. Откако беше информиран дека решението е отфрлено и дека со процесот ќе постапува истиот Судски совет, адвокатот Вуиќ најави дека ќе побара изземање на целиот Кривичен суд, како и на претседателката на скопска „единица“. Причина за тоа е што судот не дал одговор на барањето на обвинетиот Хаџибхулиќ за адекватен лекарски третман што било поднесено во почетокот на август.

„Пред еден и пол месец доставив барање до судот и никој не ми одговори. Јас сум во крајно критична состојба, а Вие сте во координација со директорката на затворот. Поради мојата состојба и удрив со глава в ѕид. Сакав да се убијам. Туку, што е со Вас? Дали Вие сте поставени овде партиски? Јас од лекари специјалисти имам мислење дека животот ми е загрозен. Шетам со куршум в гради. До кога мислите да ме убивате?“, изјави Харун Хаџибулиќ и додаде: „Цели седум месеци чекав ова да го кажам. За две шлаканици ќе одговарам, а се' уште имам модринки по целото тело! “

По ова, обвинетиот беше отстранет од судницата, а по кратката пауза, беше вратен назад, каде што продолжи да ја појаснува својата состојба. Според него, во изминативе седум месеци дури 20 пати барал интервенции од Брза помош и од тие причини бара комплетен преглед во Кардиохируршката клиника „Филип Втори“ и сето тоа на негова сметка.

Судијката Петровска и натаму инсистираше да каже зошто тој се сомнева во нејзината пристрасност, по што обвинетиот повторно побара да му бидат ставени лисици на рацете и да биде вратен во затворот во Шуто Оризари.

„Сакам да бидам вратен во затворот. Во ’Шератон’! Знаете ли Вие дека чекам да ме убијат. Навечер кога ќе се изгаснат светлата, во затворот влегуваат луѓе од државна безбедност“, кажа обвинетиот и ја напушти судницата.

Кога судијката во записник нотираше дека го отстранила Хаџибулиќ од судницата, следуваше реакција од неговите бранители, кои потоа демонстративно ја напуштија судницата.

И покрај тоа што во судот недостасуваа обвинетиот и неговите адвокати, беше донесено решение за одржување главен претрес. Целата работа се смири со третото враќање на обвинетиот Хаџибулиќ во судницата и одлуката да се одложи судењето за првата декада на ноември.

Харун Хаџибулиќ и Јасмин Лесковица се обвинети за убиство на скопјанецот Мирсад Кријешторац што се случи на 15 март оваа година, кај Универзална сала во Скопје.


#
Статијата е прочитана 1824 пати.

Испрати коментар

Од: Jurist
Датум: 09.10.2010 14:57:21
Interesno, kako nekoj sto tolku lesno posegnuva po tugj zivot, e tolku cuvstvitelen za svojot.
Од: od mene
Датум: 09.10.2010 17:21:00
Ovie sigurno nemaat ni drzavjanstvo - samo deportacija vo sandzak treba..
Од: cilenin
Датум: 09.10.2010 18:34:29
jas stvarno ne go razbiram ovoj ima srce da zema drug zivot a za svojot place kako zena
Од: do tebe
Датум: 10.10.2010 02:29:59
Najverojatno i samite znaat deka dekazite protiv niv se premnogu cvrsti pa zatoa im ostanuva edistveno da igraat na "zdravstveno psihicka" karta (nesposobni za sudenje..)

Најди! во Утрински
Хроника
Неисправна вода во три гостиварски села
Уапсен полицаец поради мито
Скопјанец крадел во куќи и во станови
Притворен штипски крадец






Pollution from Hungarian toxic sludge disaster spreads
Merkel to follow the Pope as honorary doctor at Romanian university
Macedonian name issue in a coma