Уапсен полицаец поради мито
Триесет и шестгодишен полицаец од Одделот во Арачиново е уапсен поради противзаконско посредување. Според МВР, И.С. (36) од Скопје побарал 250 евра од В.Р. (32) од Скопје за да му средел да не плати судска пресуда поради сообраќаен прекршок.
Полицаецот неколкупати им се јавил на В.Р. и на Ќ.В. (19) и откако им се претставил дека е полицаец, се понудил да им заврши работа, односно да не се спроведе судска пресуда за сторен сообраќаен прекршок. Пред една недела се сретнал со нив во ресторан во Радишани и им рекол дека може да стапи во контакт со судијата, ама за возврат побарал 250 евра.
Место тоа, В.Р. го пријавил случајот во полиција и во договор со инспекторите, завчера се сретнал со алчниот полицаец во мотел во центарот на Скопје. Му ги дал обележаните пари, по што се разделиле. Набргу потоа, И.С. бил уапсен. (Г.А.) |