Вчераутро, во 1,30 часот, скопската полиција привела три лица кај кои биле најдени фалсификувани банкноти од по 500 денари и еден електричен пиштол. Имено, од лицето С.Н.(21) биле со девет банкноти од по 500 денари. Банкнотите биле со ист сериски број, а од него бил одземен и електричниот пиштол. Од лицето Д.П.(22) биле одземени три, а од Е.Р.(22) уште банкноти од по 1.000. Сите тројца приведени се од скопското село Идризово. Полицијата потврдува дека при апсењето на Е.Р. бил применета и физичка сила. (Љ.С.)