Екстра-квота дозволи за нашите превозници
Министерството за транспорт и врски обезбедило дополнителна квота транспортни дозволи за македонските превозници, за повеќе земји со кои Македонија остварува трговска размена. За 2010 година се обезбедени дополнителни 150 транспортни дозволи за превоз на стока за трети земји за Србија, нови 5.000 билатерално-транзитни транспортни дозволи за Хрватска и дополнителни 250 билатерални транспортни дозволи и 150 транспортни дозволи за и од трети земји за Турција. Дополнителни 500 билатерално-транзитни транспортни дозволи се обезбедени и за Црна Гора, 100 за Италија, како и 100 дозволи за превоз на стока за трети земји за Кралството Данска. (Ек.Р.) |