Број 3462  вторник, 21 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Свет

ЕУЛЕКС не знае дали е надлежeн за злосторствата

Мисијата на ЕУ на Косово, ЕУЛЕКС, не знае дали е надлежна да ја води истрагата по извештајот на Советот на Европа за трговијата со човечки органи, за што се осомничени поранешната ОВК и актуелниот косовски премиер, Хашим Тачи, пишува „Тајмс“.

Според претставници на мисијата ЕУЛЕКС, „можеби нема јурисдикција“ врз случајот во кој се обвинува премиерот на земјата каде што е стационирана мисијата.

Инаку, известувачот Дик Марти изјави дека Швајцарија со години знаела за наводната вмешаност на косовскиот премиер Хашим Тачи во трговијата со наркотици и човечки органи и поради тоа му забранила влез во земјата.

„Името на Тачи може да се најде во полициските досиеја, но од политички причини ништо не се презеде за тоа“, наведува Марти за швајцарскиот весник „НЗЗ ам зонтаг“. Сојузната служба за миграција и сојузната полиција Федпол, повикувајќи се на заштита на податоците, ништо не кажаа за евентуалната забрана за влез, но Дирекцијата за надворешни работи потврди дека Берн во 2002 година му забранила влез на Тачи во Швајцарија. (МИА)




#
Статијата е прочитана 284 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Приведена опозицијата во Белорусија
Косово со Тачи на тенок мраз
Светот згрозен од најскапата елка
Помирливи тонови од Северна Кореја
Америка затечена
Безвластите во Слоновата Коска
Разбиена огромна педофилска мрежа
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks