Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
23.04.2013, 18:53

Комплетната политичка елита на службен пат во странство

Тројцата први луѓе во државата, претседателот Иванов, премиерот Груевски и спикерот Вељаноски, водат според привлечноста на дестинациите - Канада, Бразил, Аргентина, Мексико и Кипар

Татјана Поповска

Канада, Бразил, Аргентина, Мексико, Кипар, Германија, Полска, Белгија, Франција, Унгарија, Словачка - ова се главните дестинации кон кои на почетокот на неделава се упатија голем дел од државните функционери и пратеници на Македонија. Некои со помали, некои со поголеми делегации, тргнаа во лов по странски инвестиции, на форуми за економската криза, за демографските промени, за безбедносни прашања или на средби за евроинтеграцискиот процес на државата.

Сепак, тројцата први луѓе во државата претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски и претседателот на Собранието Трајко Вељаноски ги одбраа најпривлечните дестинации.

Шефот на државата Иванов заедно со сопругата Маја до наредниот понеделник ќе престојува во работна посета на Канада и САД. Од неговиот Кабинет велат дека не станува збор за голема делегација, која покрај претседателот и неговата сопруга ја сочинуваат уште пет лица и обезбедувањето чија бројка не ја соопштуваат. Во делегацијата покрај службено лице за протокол има и еден советник на претседателот, одговорно лице за односи со јавност, советник за надворешна политика и еден преведувач.

Владината делегација предводена од премиерот Груевски, која неделава е во потрага по странски инвестиции во Бразил, Мексико и Аргентина ја сочинуваат и министерот за финансии Зоран Ставрески, министерот за привлекување на странски инвестиции Веле Самак и директорот на агенцијата за привлекување на странски инвестиции Висар Фида. Од службените лица познато е дека со нив е портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев. Бројот на обезбедување и за оваа делегација е тајна.

Најмала е делегацијата на спикерот Вељаноски кој беше во неколку дневна посета на Кипар, каде учествуваше на конференција на претседатели на парламенти од земјите на ЕУ, а кој според најавите требаше да се врати синоќа. Од неговиот кабинет вчера информираа дека во делегацијата покрај Вељаноски, се и неговиот шеф на Кабинет Марјан Маџоски и уште еден службеник. Наспроти тоа, извори од Собранието тврдат дека во Кипар се наоѓаат две службенички - неговата секретарка Катерина Бајдовска и преведувачката Светлана Ангеловска.

Нивните патувања во светот не се и не треба да бидат спорни ниту за јавноста, ниту за политичките опоненти, бидејќи ако ситуацијата е обратна, ако не остваруваат контакти надвор од државата, тогаш ги критикуваме дека како држава сме изолирани. Она што е спорно е што нивните кабинети функционираат без координација, па неколку пати досега се случило во исто време да бидат отсутни од Македонија.

Плодна „надворешна“ соработка оваа недела ќе имаат и неколку министри кои исто така имаат ангажмани надвор од државата. Шефот на дипломатијата Никола Поповски вчера беше во Брисел - Белгија, каде учествуваше на состанок на НАТО, а министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска е на дводневна безбедносна конференција во Варшава - Полска.

Покрај претседателот Вељаноски засилена дипломатска активност имаат и пратениците. Голема делегација од 11 пратеници предводи потпретседателката на Собранието Сузана Салиу, кои на покана на Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ Ц. Маршал“, а во соработка со амбасадата на САД ќе учествуваат на Семинарот за национална безбедносна политика во Гармиш-Партнекирхен, Германија. Семинарот што почна вчера ќе заврши на 26 април.

Истовремено делегација на македонското Собрание составена од пратениците Александар Николоски, Ермира Мехмети-Деваја и Имер Алиу учествуваат на редовната пролетна сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур, Франција.

Веќе два дена, делегација на Комитетот за односи меѓ�� заедниците составена од пратениците Ѓорѓи Коџабашиев, Оливер Спасовски, Џеват Адеми и Кенан Хасипи, се наоѓаат на студиска посета на парламентите на Унгарија и Словачка, која ќе заврши утре. Оваа посета, според информациите од Собранието е дел од соработката со УНДП.

На најмалку атрактивна дестинација Бечиќи, Црна Гора од денеска до петок се наоѓа претседателот на собраниската Комисија за транспорт врски и екологија Реџаиљ Исмаили, кој на покана од Националниот демократски институт (НДИ), ќе учествува на Работилница на тема: Надминување на предизвиците за надзор кој го вршат парламентарните комисии.


Статијата е прочитана 1525 пати.


Испрати коментар



Учењето е полесно од работењето
Каков ризик, таков систематски преглед
Македонија го кани Бразил на гости
Зоран Јолевски амбасадор уште две години
Српскиот рецепт не отвора врата за Македонија
Иванов
Берлин демантира дека ги враќа визите
Украдени 30 икони од црквата во Лазарополе
Интервју - На политиката и' недостига морал
Ревизорска куќа ќе го има последниот збор



Добро е, 24.04.2013 07:39:22
Нека ги, нека шетаат, барем бараат некакво решение. За скапи проекти како Скопје 2014, ни требаат и големи инвестиции, па ако има работа ќе има и од каде да ги враќаме кредитите потрошени за таа намена.
Трпе, 24.04.2013 08:36:14
Главните функционери на ова парче земјичка која некои ја нарекуват државичка, се растрчени низ повеке земји низ светот, за недајбоже да си најдат нови места за живеење под изговор дека барат нови инвеститори.Неможе вечно да останат лажни патриоти.Можно е некој ден обичниот народ да се освести.
Коста Стоименовски, 24.04.2013 09:27:45
Крајно несериозно и неодговорно однесување кон трошењето на народните пари, кои безмилосно се цедат од и инаку бедните граѓани и колабираното стопанство. Сурии политичари желни за туристички доживувања и дневници си крстарат по светот, без какво било чувство за одговорност! Кога ќе донесат инвестиции од Ј. Америка да ми шепнат на уво!? Па таков башибузук не може да издржи ни буџетот на многу поголеми и побогати држави од МК! Во повеќе наврати апелирав да се проучат искуствата на Австрија околу службените патувања во странство. За секое патување во странство, вклучувајќи ги и претседателот и премиерот одлучува австрискиот пармалемнт! Веќе пишував дека на Самитот на ЦЕИ што се одржа 2003 год. во Варшава австрискиот премиер Б. Шисел дојде утрото, настапи со свое излагање и по пладнето си замина!
miki, 24.04.2013 09:30:28
Та надвор, та внатре....нам обичните луѓе исто ни се фаќа.........и надвор и внатре, аир од нив се нема...........
Tehnoloski visok, 24.04.2013 10:04:02
Ic neka ne se vracaat. makedonija podobro funkcionira bez niv. najdobro e da gi proglasat tehnoloski visok
jean, 24.04.2013 12:06:26
ova e skandalozno-nikade ni vo eden ustav nee dopusteno vo isto vreme da se otsutni presedatelot na drzavata i presedatelot na sobranieto ova samo vo makedonia go ima.
od bitolcanka, 24.04.2013 12:16:14
ex moj mili makedoncina edno barafte dve najdofte sigi glasevme sega kesi kytime tie kesi seta a nie sme pri kraj so brasenceto sto nigo dado za dagi glasime ex sega videte dali imame gram mozok vo glajte koga kese vratat ke ydrat po nas so razni kazni
od EU, 24.04.2013 12:29:56
Gospodine Stoimenovski,vie podobro od nas obicnite gragjani znaete deka vo nitkoja normalna drzava,ne smeem da se sluci, celata vkada toptan i naednas da ja ostavat drzavata, na smiot narod, vo slucajov za vreme na izbori. Tocno e deka za SEKOE zaminuvanje nadvor od granicite na vakvi VAEZNI licnosti,uste so vreme ,se podgtvuva nivniot pat i se bara soglasnost, za sto ODLUCUVA Parlamentot! Pa poradi toa me cudi vashiot komentar, bidejki dobro se znae sto e kaj nas Parlament koj za zal,e nesto kako *pecko drustvo*koe pee pod palkata na diregent, bez muzicka naobrazba,a po koe taktuvanje bez ritam MORA da se pee.Spored toa , shetanjeto ke si bide shetanje po volja na site nim koj kade saka dodeka se moze,na naroden troshok. A sto se odnesuva do Brazilija koja kako rece eden od pateshestvenicite, mnogu bil slicen so Makedonija;Itamu napadi na sred bel den i kradenje na oci na cajkanite, korupcija,a sudot kako da sme im bratucedi.Koj bil vo Brazil,ke go potvrdi
andre, 24.04.2013 13:04:40
pa neli pozajmija do sega 5 milijardi evra pa pokraj spomenicite mora i na nesto drugo da gi trosat inaku parite ce fatat muvla vo trezorot na nacionalna banka.........
SLAVICA, 24.04.2013 13:19:59
Od site ovie patuvanja edno e jasno-se trosat ogromni pari , a koja ke bide korisnosta od seto ova, gospod znae. I ne mi e jasno zosto site vo isto vreme-verojatno zaradi toa sto nema kade da se skrasat-site zgradi-sobranieto vladata i zgradata na VMRO SE VO RENOVIRANJE.
милиционер, 24.04.2013 15:51:14
Па зар се чувствува дека не се внатре во државата.По се изгледа подобро е да не се тука.затоа писанието на Ерол Ризаов многу јасно ни кажува кој ја чува државата
Mitko, 24.04.2013 19:17:46
Pa begaat od problemot - da se izjasnat po predlogot na Nimic. E ova e detska logika - se krie zad zavesa. Pa treba da se bide politicar so ..... bas vo vakvi situacii, zatoa gi glasavme a ne za da se krijat. Vltevme, vltevme pa ke treba da se izjasnime!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 15°C

Делумно облачно

Сабота
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 14°C

Недела
Сончево
Макс: 32°C, Мин: 16°C

Понеделник
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 17°C

Вторник
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 17°C

Среда
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 18°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Вкусен агол
Шефот на НСА: правиме што треба
Не стивнува бранот незадоволство во светот поради американското шпионирање на интернет...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |