Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
��ериод од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
23.04.2013, 18:49

Ревизорска куќа ќе го има последниот збор

Извештајот за проектот стигна пред заминувањето на Тодоровиќ, но не го премисли неговиот наследник од намерата за ревизија

Александра М. Митевска

Новиот градоначалник на скопската општина Центар Андреј Жерновски, останува на намерата за преиспитување на проектот „Скопје 2014“, и по опширниот извештај што го дадоа министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска, директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Васил Доневски, и градоначалникот на заминување Владимир Тодоровиќ. Ревизијата во најава и отчетот, кој дојде неколку години по промоцијата на „Скопје 2014“, навестија дека проектот, кој цело време предизвикува контроверзни реакции во стручните и политичките кругови - во и надвор од земјата, и натаму ќе ја бранува јавноста.

Министерката Канческа - Милевска соопшти дека проектот чини 207 милиони евра, наспроти сомневањата со кои постојано излегуваше опозицијата дека сумата за барокните објекти и за спомениците, од најавени 80 милиони евра, надминала 500 милиони евра. Канческа-Милевска оцени дека реализираните содржини од овој проект веќе почнале да даваат финансиски резултати , бидејќи, како што рече, обезбедиле нови работни места, заштеди по основ на кирии, го раздвижиле градежништвото, го зголемиле бројот на туристи...

Од СДСМ, пак, велат дека отчетот во Владата е во функција на создавање алиби поради изборниот исход во Центар. Проценката за потрошените средства, според СДСМ, не треба да ја прават оние кои го спроведуваат проектот и кои, како што велат, досега не ја соопштуваа сумата. Ревизија, велат од опозициската партија, треба да ја направат независни експерти.

За Жерновски нема дилеми дека отчетот за „Скопје 2014“, како што вели, е одговор на владејачката гарнитура на поразот во Центар и на најавите за ревизија.

„Со години, јавноста бараше информации колку чинат објектите и спомениците, но не добивме одговор од надлежните институции. Информациите најчесто ги добивавме од странски медиуми. Добро е што барем сега дадоа отчет, но некои суми се фрапантни и ќе мора да поминат низ соодветните процедури за проверка“, вели Жерновски.

Тој додава дека отчетот нема да го премисли во намерата за ревизија на проектот. Вели дека тоа ќе му биде една од првите обврски кога ќе ја преземе градоначалничката функција. Жерновски најавува дека ќе ангажира најмалку една независна ревизорска куќа и дека јавноста ќе биде информирана за резултатите веднаш по завршувањето на ревизијата.

И познатиот архитект Георги Константиновски го критикува проектот и смета дека воопшто не е мала сумата што ја соопшти министерката за култура, особено ако се има предвид дека, како што вели, „Скопје 2014“ е промашување од архитектонски аспект.

„Се работи за огромна сума пари фрлени за менување на изгледот на градот. Министерката се фали дека Скопје добило модерен изглед - со барок. Тоа, всушност, е враќање стотици години назад. Модерно е она што ја одразува сегашноста или иднината. Се фали дека доаѓале туристи. Не се сомневам дека доаѓаат и дека ни се смеат, бидејќи ова е срам за архитектурата “, вели Константиновски

Тој вели дека на Скопје не му доликуваат објекти и содржини какви што се предвидени и реализирани согласно тој проект.

„Да ми ги дадеа на мене тие пари, ќе изградев најмалку 100 најсовремени училишта низ цела Македонија, бидејќи прво треба да го подигнеме стандардот на луѓето. Да не зборуваме дека брегот на Вардар е целосно узурпиран и дека објектите воопшто не се поддржуваат еден со друг, туку како да се паднати од небо“, вели Константиновски.

Проектот „Скопје 2014“ ја обележа втората половина од владеењето на актуелната гарнитура на „Илинденска“ и стана нејзин заштитен знак, без разлика на различните оценки за неговата оправданост. Повеќе истражувања на јавното мислење покажаа дека овој проект не ужива поддршка од јавноста, каква што, можеби, очекуваа неговите креатори и идеолози.

Анкетата што кон крајот на минатата година ја сп��оведе „Брима- галуп“, покажа дека мнозинството граѓани (57,8 проценти) не го одобруваат проектот „Скопје 2014“. Претходно, и анкета на Институтот за политички прашања сигнализираше дека овој проект нема мнозинска поддршка од граѓаните. Во оваа истражување, повеќето политики на Владата добија мнозинска поддршка, со исклучок на „Скопје 2014“ - за што позитивно се изјаснија 40,3 проценти од испитаниците, наспроти 45,1 процент негативни ставови.

Дали расположението на граѓаните контра проектот „Скопје 2014“ сега се преслика на изборниот терен во Центар - Општината во која се лоцирани содржините од проектот? Универзитетскиот професор, Јове Кекеновски смета дека негативната опозициска кампања за „Скопје 2014“ имала влијание на резултатот во Центар.

„Негативната кампања на СДСМ за ’Скопје 2014’ си го направи своето. Владата задоцни со прес-конференцијата за проектот. Тој отчет требаше да се случи пред изборите, а не после нив. Но, прашање е и дали ВМРО-ДПМНЕ требаше да учествува со истиот кандидат во Центар, особено ако се има предвид дека во мандатот на Тодоровиќ се донесоа многу измени на деталните урбанистични планови што не наидоа на одобрување кај граѓаните“, вели Кекеновски.


Статијата е прочитана 3525 пати.


Испрати коментар



Учењето е полесно од работењето
Каков ризик, таков систематски преглед
Македонија го кани Бразил на гости
Зоран Јолевски амбасадор уште две години
Српскиот рецепт не отвора врата за Македонија
Иванов
Берлин демантира дека ги враќа визите
Украдени 30 икони од црквата во Лазарополе
Комплетната политичка елита на службен пат во странство
Интервју - На политиката и' недостига морал



robert, 24.04.2013 07:11:00
minatata godina vo poseta mi bese mojot rabotodavec od it i zaedno ja razgleduvavme mk.i bevme vo skopje se razbira.bevme i ohrid i negotino vo vizbite i kavadarci i od site razgleduvana najmal vpecatok mu ostavija spomenicite vo skopje.poz
Како пренатрупана соба во која не можете да се движите, 24.04.2013 07:34:09
Не само што изминатите неколку години во строгиот центар не беше пријатно да се живее, туку поради прекумерното градење и уништувањето на зеленилото нема никогаш повеќе ни да биде. Секоја година ќе има се позагаден воздух, а човек и од преголемиот број објекти се чувствува буквално загушено. Имавме среќа само што бензинот до пред ден, два беше многу скап и помалку се возеа коли. Не вреди ни да се иселиме во друга населба, кој ни гарантира дека нема да го направат истото и тоа со насилно менување на ДУП против волјата на жителите? Туку само надвор од државата.
GO SAKAM SKOPJE, 24.04.2013 08:50:26
lazniot otcet za proektot Skopje 2014,ni e daden mnogu pokasno odoshto trebese;uste pred da gi zapocnat onie glupi gradni,spomenici, sé bez tender! Trebese pred sé,da gi prasaat skopjanite barem od Centar,cii zelbi i potrebi se povazni,od licnite intereso na zelni poedinci.A i skopjanite trebe da vnimavaat kogo izbiraat; da se znae nivnoto familjarno minato, nivnata cesnost, kultura. Nemozes da go postavish, da receme, Prva licnost na opstinata nekoj koj,(pak da receme), si go prisvoil stanot na roditelite bez znaenje na drugite naslednici, ili im ja odzel denacionalizacijata Sto se odnesuva pak do Zernovski,sigurno ke raboti na vetenoto, ipokraj *sopkite*,i od pricina sto e poveke generacija skopjanec od Centar kade prodolzuva da zivee. I nemu mu preci zagadeniot vozduh,zeleniloto- egzekutirano , kic stilot i sé drugo sto go gnasi Skopje.No i skopjanite trebe vo taa da mu pomagaat i sorabotuvaat so nego,so kontatakti ,bez preteruvanja,so sto ke gi sprecat intrigite koi veke zapocnaa
mkd, 24.04.2013 09:42:43
Slusam samo zalopojki no sepak Skopje pocna da zalicuva na Evropski grad. Ima premnogu spomenici no toa ne znaci deka site ne lezat prirodno vo prostorot. Fontanata na Aleksandar prirodno pripadja tamu kako i spomenicite pred Kameniot most, no Samuil moze da se dislocira sproti Skenderbeg na drugata strana od Bulevarot. ASNOM spomenikot isto treba da se dislocira bidejki ne se vo spoj so mermerot pozadi koj sepak ne e podvizen. Sum protiv gradbite kaj Sparkasse i tie moze da se izgradat i na drugo posoodvetno mesto a parkot da ostane. No da se zbori deka celiot proekt Skopje 2014 ne cini e SRAMOTA i e od ludje bez svoe jas ili od inat.
миле, 24.04.2013 09:47:31
Тоа што го имаат исплетено ВМРО-вчињата во Скопје 2014, и 100 Ревизорски куќи не ќе може да го отплеткаат.............Наздравје да ни е.........
Otcet navar -na nos, 24.04.2013 10:00:50
Sakaa so onaj navrat -na nos otcet da go opravdaat kriminalot i peralnicata na neron izacijata na Skopje. E ne ce moze taka , g-djo ministerke. Otcet realen i vistinski treba i mora da ima , pa nekoj neka si ggo opapa prema zaslugite.
Мајка, 24.04.2013 10:07:53
Ова јасно да се запамети:Лицата кои даваа отчет за потрошените пари НЕМААТ законска надлежност да подигаат споменици било каде во РМ. Надлежно е САМо Собрането на РМ! Општината има надлежност само за поставување спомен ОБЕЛЕЖЈА ( спомен плочи, бисти... за лица и настано значајни САМО за општинарта! А Министерството и Министерката се надлежни за ЗАШТИТА на ПРОГЛАСЕНОТО културно наследсво, што за жал не го прават! Со ваква конференција, сакаат да ги протнат на мала врата своите протувзаконски замешателста во овој дрзок незаконит скандал!
Перо Матан, 24.04.2013 10:15:22
Го охрабрувам Жерновски да изврши целосна и темелна ревизија на оваа очигледна и огромна перална на бучетски пари. Ако успее да го извади на виделина и да го докаже криминалот кој е очигледен, тоа ќе биде голем успех и за него и за Македонија, за да се подразбудат малку луѓево тука. Животот на вересија ни е веќе при крај, ни претстои една болна катарза наредните години. Од глава ќе ни скокаат сите споменици и будалаштини направени последниве години.
pojasnuvanje, 24.04.2013 10:26:21
Spomenicite od Skopje 2014 odigraa glavna uloga vo DEMOKRATIZACIJATA na Makedonija zatoa sto narodot od centar jasno vide kakva e aktuelnata vlast.
vojo, 24.04.2013 10:32:15
dobro,tie dadoa otcet,sega pred zaminuvanjeto na todorovic,i mislat zavrsija rabota.velat deka cinelo 207 miliona,revizijata ke pokaze dali navistina tolku trebalo da cini.ili da receme 120 miliona,a drugite pari se ispumpani(ukradeni).no.toa po mene i ne e klucno,klucno e sto mozese so tie pravi da se napavi,ubeden sum deka mozese da se napravi nov klinicki centar so najsovremena aparatura,ili nesto drugo od sto graganite bi imale vistinska polza. a za estetikate i da ne zboram,ama mislam deka tuka zborot treba da go dade strukata za sekoe delo poedinecno,kako i za se vo celina
Nikola, 24.04.2013 10:41:23
Zalno e sekoj od politicki aspekt da komentira,pocituvan G-din Konstantinovski,prv pat od vas slusam deka turistite odreduvaat i prifakaat destinacija da gledaat spomenici i arhitektonski gradbi za da se smeea,se nadevam deka Skopje e edinstvena destinacija za turistite za da se smeat,pa vi predlagam kako ,,golem,, arhitekt na tvojot nov gradonacalnik na opstina centar da go promenite imeto vo SMESKO ili KOMEDIJA ili pak imate vas izbor..................
Македонец, 24.04.2013 10:54:32
Абе модерната ни архитектура во Скопјево ни е лудница. БУНКЕР ДО БУНКЕР. Посебно од времето на социјализмот. Јес да и НОВИВЕ ЗГРАДИ СЕ ГЛУПИ, ама тоа ни се архитектите. БЕЗ НИКАКВА ИДЕЈА! И баш да видам дека Жерновски ќе работел подобро од Тодоровиќ. Политичар си е политичар, мед од уста му тече за време на избори, а после нив, ај погодете што?!
meksikanec, 24.04.2013 11:19:05
Kekenovski mozi da si keka uste dolgo i pak da ne kazi nisto.Zamislite-Negativnata kampanja na SDSM za Skoje 2014 si go napravi svoeto.A negativnata kampanja na g Gruevski i DPMNE protiv Branko i SDSM ne go napravi svoeto.Razlikata na ovie dve kampanji e vo toa sto ednata se vodi so pomos na site vladini mediumi,novinari i analiticari kako Kekenovski,dodeka drugata so rzum i covecki emocii,no bez pari.Deka Skopje 2014.go obezlici Skopje,zboruvaat i proiznesenite mislenja na najgolemiot broj iminentni licnosti za opravdanosta i stetnosta na ovie megalomanski gluposti za narodot i drzavata.Svevremeno,pred da pocnat da se gradat spomenicite se proiznese i pznatiot skulptor Tome Serafimovski.Na prasanje sto misli za tolku golemiot broj na spomenici,otprilika rece-Spomenicite ke se izgradat lesno,no tesko ke bide za onaj sto eden den ke mora da se spravi so niv.Taa teska zadaca mu padna na noviot Gradonacelnik na Centar,koj mnogu mudro se proiznese, deka za se ke odlucuva zaedno so narodot.
lubitel na arhitekturata, 24.04.2013 12:59:45
Mu se voshituvam na g-dinot Konstantinov. Kakov moderen izgled so barok? kakva metropola? Mozebi spored merilata na Trajanovski koj odednas stana ekspert za arhitektura i estetika, kako i pola vlada. A bi ja zaprasala Kancevska-Mileska zosto se oblekuva moderno, po posledna moda (se prasuvam dali Guci i Armani moze da se kupi so ministerska plata) a ne oblekuva krinolina od vremeto na barokot?
Rezziloff, 24.04.2013 13:07:05
Да ли г-динот Константинов е архитектот кој ни го разубави Скопје со натур бетон?Или се работи,можеби,за некој друг?
od makednka koja zivee vo usa, 24.04.2013 13:24:26
mlada se iseliv od bitola i zaminaf za amerika makedonia nemav prosetano i nee znaef mk.mnogy go znaef skopje oxrid i stryga 2010 e prosetaf cela makedonia sekoj grad gradce niz makedonia samo nebef vo kymanovo vo cela makedinia najpoveke me bendisa strymica izgradena po evropski standard prestojyvav vo 5 zvezdi hotel bef vozdysevena vo ohrid kako tyristicki grad hotelite se katastrova bitola 2007 sepopravase pato kaj sv nedela 200metri dolzina 2010 nebese zavrsen prasina nese disese a skopje od ic pomalce me bendisa pa ako cini za vladata i skopjani zosto dane cini zamene
x, 24.04.2013 15:26:36
Go zamoluvam zernovski da napravi revizija so revizorite na Penov no fakturata da SI JA plati od svoj dzeb.
viki, 24.04.2013 15:30:52
E pa sega dali e za inaet ili za vetuvanje nema vrska. Narodot ednostavno saka da znae kade mu odat parite. Ne kritikuvam (iako smetam deka premnogu spomenici se locirani vo centarot na Skopje) tuku ednostavno sakam da se bide na cisto. Dali navistina se potroseni tolku mnogu pari ili pak seto ova e zamajuvanje na narodot. Vaka so nezavisna revizorska kuka ke se razjasnat mnogu raboti.
bezanec, 24.04.2013 16:08:30
Жално за вашата струка г. Кекеновски,толку ли ниско паднавте апрофесор сте,да го подржувате каде половина Скопје не го сака. За потсмев е Македонија со скопје 2014 а интелегенцијата како вас уште повеќе. До сите професори,експерти академци и интелектуалци дај се одважете,бидете доблесни и со сопствен ум и разум речете дека тоа не чини.
trajcemk, 24.04.2013 16:41:43
Ona sto go pretstavuva proektot Skopje 2014 vsusnost trebalo mnogu porano da se sluci...Imam cuvstvo izvinete ako gresam deka golem del od nas zaslepeni od licni frustracii ne sakame da priznaeme deka i kolku da e osporuvan proektot sepak GO PODIGNA PATRIOTSKOTO CUVSTVO KAJ MAKEDONCITE, POSEBNO KAJ MLADATA POPULACIJA nesto sto so pari ne se kupuva!!! .
Куќа, 24.04.2013 20:40:21
Тука се работи за толкав криминал , што не ревизорска куќа , туку ни ревизорска зграда , да не речам солитер , не се доволни!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 15°C

Ведро

Сабота
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 14°C

Недела
Сончево
Макс: 32°C, Мин: 15°C

Понеделник
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 17°C

Вторник
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 18°C

Среда
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 18°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Вкусен агол
Шефот на НСА: правиме што треба
Не стивнува бранот незадоволство во светот поради американското шпионирање на интернет...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |