Број 3271  петок, 30 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Магазин

Site Meter
Мислења

Мислења

Лажниот идол - Златното теле

Панде Колемишевски

Спрегата на богатството, на власта и моќта со лажни идоли и измамници може да создаде лажен сјај и опиеност, но има свој рок на траење

БИБЛИСКИ АЛУЗИИ

Во Стариот завет во книга втора, со заглавие „Излез“‘ е опишано четириесетгодишното чудесно патување на еврејскиот народ од Египет кон ветената земја – Израел, каде што еден дел од Евреите живее денес во сопствена модерна држава. Приказанијата од оваа книга силно влијаеле и се' уште влијаат како кај Евреите, така и во голем дел на христијанскиот свет. Во неа се среќаваат клучните религиско-животни поими актуелни и денес, како што се: Избран народ, Ветена земја, Сојуз со Бога, Десетте Божји заповеди, Златниот ковчег, Пасхално јагне, Егзодус и така натака. Всушност, „Излезот‘‘ е приказ на големата епопеја за ослободување од ропството, за раѓањето и создавањето на нацијата, за маките низ кои треба да се помине за да се стигне до целта, како и за вербата на водачите и народот за изнаоѓање решенија и тогаш кога се' изгледа изгубено. Мотивите од тие настани низ целата подоцнежна историја повеќето христијански народи ги користеа како ѕвезди-водилки не само во религиските верувања и обичаи, туку и во времиња на големи револуции и разни транзиции. На тие страници е опишана и легендата за Златното тело.

Еве, накратко, како тече тој дел: Го викнал Господ Мојсеја да се качи на Синајската гора за да му ги даде Десетте Божји заповеди. И останал Мојсеј таму 40 дена. А народот кога виде дека долго време не слегува, побара замена во друг Бог и друг водач, иако Мојсеј беше тој што ги организира, ги поведе и ги водеше Евреите на долгиот пат за ослободување од египетското ропство. Братот на Мојсеј, Арон, го собра сето злато од луѓето, го истопи и направи нов идол - Златно теле.

Утредента, народот го славеше новиот бог: јадеше, пиеше, се веселеше и играше поклонувајќи му се на телето како на ново божество. И, му рече Господ на Мојсеја: оди поскоро и слези долу, зашто народот твој, кого го изведе од земјата египетска, појде по пат на беззаконие. Брзо се тргнаа од патот кој им го определи и на нови идоли им се поклонија. Мојсеј, слегувајќи, кога приближи до таборот и го виде телето и игрите, се разгневи, па ги фрли од рацете свои обете плочи на кои беа напишани заповедите, и ги скрши во подножјето на планината. Потоа го зеде телето, што го беа направиле, го изгоре во оган и го претвори во прав, а правта ја истури во водата и им даде од неа да пијат.

Настанот понатаму се одвива со меѓусебен колеж меѓу браќа, ближни и соседи, кога во еден ден меѓу себе се испозаклале три илјади души. Се спасиле само оние кои, по божја оцена, биле поправедни, што значи помалку учествувале во новото идолопоклонство, а ги казни оние кои најмногу згрешија. Потоа, своевидното чистилиште дошло до покајание и Бог, кој беше се навредил од правењето на златното теле како божја замена, им ги прости гревовите и ги упати конечно кон ветената земја, во земјата во која, според Библијата, тече мед и млеко.

Оттогаш до денес,општо земено, во материјална смисла, златното теле е симбол на златото (парите) и нивната моќ. Идол на богатството. Телето е бог на материјалните добра што го заменил богот на духот. Постојат и повеќе верзии на поговорки кои говорат дека оној што на нечесен начин брза да се збогати, всушност, го бара златното теле. Од телето, фигуративно речено, израсна и бикот кој ги симболизира светските берзи. Го симболизира искушението кое секогаш повторно се јавува и ги буди материјалните желби, било за богатство, било за сетилно задоволство, било за моќ.

Во општествена, па дури и во политичка смисла, телето подучува дека почитувањето на законите и на она што дотогаш е направено е темел на постоењето на еден народ. Без тоа му се заканува опасност од пропаст, особено доколку се предаде на разни култови, примитивни идоли и лажни вредности. А народите може да имаат добар и сигурен живот само тогаш кога ќе живеат во заедница заснована на заеднички договор, кои почитуваат една цел, а не целите и мислењата да ги менуваат од денес до утре. Библиската приказна сведочи дека само на таков начин може да се создаде една силна нација од распашана толпа робови поделени на дванаесет племиња, да се дојде до Ветената земја. Лековерноста, колебливоста, брзината на менување на лојалноста, довербата, мислењето и неодговорното однесување на еден народ (или личност) не водат кон нешто добро.

На што друго не' упатува епизодата со Златното теле, тема која била мотив на неброени теолошки расправи, филозофско-социјални истражувања, анализи и објаснувања, како и инспирација за многу литературни и други уметнички дела. Што може друго да се поднаучи, ако веќе не може да се поприми! Спрегата на богатството, на власта и моќта со лажните идоли и измамниците не е највисоката национална и лична вредност. Сето тоа може да создаде лажен сјај и оптимистичко расположение до опиеност, но има свој рок на траење. Минливо е, но додека трае, го разбива народот правејќи го лесен плен на оние што имаат посилни закони, посилен систем на човечки и национални вредности. Кратко и метафорично: Ветената земја, односно држава, каде што тече мед и млеко ќе (ја) имаат оние кои златото со сето негово симболично значење го подредуваат на законот, а не законот на златото.

Библиските записи од Стариот завет кои во најголем дел се сметаат за вистинити, освен Евреите, на своја кожа ги имаат почувствувано многу народи насекаде во светот. Особено тешки последици виделе оние народи кои во одредени историски моменти, заслепени во својата лакомост и незнаење и предводени од лажни идоли не можеле да видат подалеку од носот. Македонскиот пат кон ветената земја, актуелно наречен транзиција, трае веќе дваесет години, без разлика како се менувале лидерите и идолите кои во партиите, а и пошироко се идентификуваат со боговите. Навистина по улиците на нашите градови одвреме-навреме тече (се истура) кравјо млеко, ама до медот никако да стигнеме.

(Авторот е новинар)


#
Стат��јата е прочитана 1534 пати.

Испрати коментар

Од: Blue fighter: "Kon izlezot" (Nikola Gruevski - magister po ekonomski nauki)
Датум: 30.04.2010 01:58:40
Toa bese vetenata prerodba za Makedonskiot narod,preku koja trebase da go vidi zlatnoto tele vo svojata drzava.Spregata na mokjta i (ne) znaenjeto rezultiraa so teski posledici poradi sozdavanjeto lazni idoli,kako sto velite.Vekje se povidlivo go plakjame toa slepilo i lazna nadez za sjajot na el-dorado vetuvanjeto koe seuste se ceka da se ostvari od vetuvacite.Lugjeto najtesko kje se otkazat od poslednata nadez,a tie sto gom nzaat toa go koristat do posledniot niven zalak i zdiv.Bitno e da se trosi,raskalsno kako da sme vetenata zemja na dostapni bogatstva za sekogo,a ne za izbranite od vlasta.Dzabe e sega da se spomenuva magisterskiot trud so cija implementacija vo vladeenjeto kje stignevme vekje do kaj 100-ot cekor.Tuka sme nekade,ama vo obraten pravec.Nanazad kako rakot.Ostana samo da docekame koga kje ni bide podelena pepelta od pravot ostanat od zlatnoto tele,koe go napravija od nasite pari,frleni zaludno za euforicniot vozd-ekspert za kultovi.Sepak,povazno e da se vrati Mojsije.
Од: mitko za laznite idoli
Датум: 30.04.2010 04:03:57
Abe Pande dosta prepisuvas Biblija smisli nesto popametno. No da kazeme nesto i za nasite lazni idoli koi sekojdnevno se poajavuvaat vo site nasi gradovi. Vo sekoja selendra ke se pravi spomenik na Filip ili Aleksandar i na drugi Grci, koi potoa kako lazni idoli ke ni se serviraat kako nasi. Ova e golem problem na nasiot narod koj na ovoj nacin veke si go gubi identitetot. Dali Makedonite celosno ke zabegaat i ke nestanat ili ke ima prevrat i kolez kako kaj Evreite so zlatnoto tele, ke vidime? Vazno gadni vreminja ne cekaat.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 30.04.2010 09:38:43
Да направиме целосна алузија библиска.Господот го казнува Мојсие со се народ 4о години да лута до ветената земја поради верување во лажни идоли.Сигурно не кобите да поморанџестите владеат толку време.Да продолжиме со алузијата. Научени од страданијата Евреите со помош на господ доаѓаат до Спасителот Исус,една вера еден бог е прокламираното од Спасителот.На кого ве подсеќа ова,дали е тоа една партија со еден лидер-бог. Друга партии и други лидери се ерес и мора да се сотрат во корен.
Од: Пројко
Датум: 30.04.2010 12:53:27
Браво Панде, пријателе, многу си аналитичен, кажа с’, ама кој да те разбере. Лажното Златното Теле се НАТО и ЕУ. Му се поклонија и аир не видоа. Имае излез, ама за тие што на лажното златно теле му се поклонија немаше влез. Ниту за Мојсеј, иако Го виде Бога и разговараше со Него... Со измаменост не се гради благословена иднина, туку доаѓа ново заплеткување во ѓаволските мрежи. Македонците со векови се бореа, ама на туѓа страна и за туѓи интереси. И сега е така –не сме примени во НАТО ама сме трета замје по учество во силите на НАТО. Што ќе беше со Србија ако не беше Ичковиот мир?! Ичко беше Македонец, ама одработи за србите и влезе во историјата како Пилат во Смволот на верата... Пред портите сме на ЕУ и НАТО. Ама за да влеземе требало да се самоубиеме, оти за Македонци кај нив немало влез. (Ова е апсолвирано со Букурешт и Париската конференција). Значи, таму кај Мојсеј имаше ИЗЛЕЗ, ама немаше ВЛЕЗ. Во нашиот случај, се бара ВЛЕЗ, ама без ИЗЛЕЗ. Таква е играта со лажното ЗЛАТО ТЕЛЕ.

Најди! во Утрински
Мислења
Поглед во празно
Пад на политичка Европа